Кемберг
| Кемберг | |
| Камбанаријата на градската црква | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија-Анхалт |
| Округ | Витенберг |
| Градоначалник | Рајнер Шуберт (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 235 км2 |
| Надм. височина | 76 м |
| Население | 10.814 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 46 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | WB |
| Пошт. бр. | 06901 |
| Повик. бр. | 034921 |
| Портал | www.kemberg.de |
| Местоположбата на град Кемберг во рамките на округот Витенберг | |
| Координати | |
Кемберг (германски: Kemberg) е град во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија. Градот се наоѓа во северниот дел на природниот парк Дибенер Хајде. Кемберг е составен од населените места Бергвиц, Кличена и Атериц.
Содржина |
Историја [уреди]
На 1 јули 2005, општината Бергвиц со нејзините административни единици Кличена, била споена кон Кемберг, како и општината Атериц (со општините Гомло и Лубаст) на 1 јануари 2006.
Главни знаменитости [уреди]
Најимпресивната градска знаменитости е Црквата на Пресвета Богородица („Unser Lieben Frauen“), која може да се види дури од Elbaue (природни полдери). Таа е сала-црква со наос и две патеки кои потекнуваат од 15-от век (или така се верува) со 86-метри високата купола изградена во 19-от век. Постојат работи, како што се остатоци од ѕидни слики од доцниот среден век, олтар направен од песок и многу убава крстилница (двете од 15-от век). Исто така, вредна е и доцната готско градско собрание со неговите ренесансни додатоци и стариот градски ѕид од 14-от век, делови од него се сè уште зачувани.
Добро зачуваниот центар на Кемберг ги води посетителите во минатото и секогаш е вредно за прошетка. Градот е исто така добро сместен за соседната област за излети и до Витенберг.
Сообраќај [уреди]
Кемберг се наоѓа на сојузниот автопат (Bundesstraße) B 2 до Бад Дибен, на покраинскиот автопат (Landesstraße) L129 од Бергвиц до Бад Шмидеберг и на окружниот пат (Kreisstraße) K2024 помеѓу Ројден и Требиц.
Бергвиц се наоѓа на Bundesstraße B 100 од Витенберг до Битерфелд и на Landesstraße L129 од Зелбиц до Кемберг.
Кличена се наоѓа на окружниот пат K2041 од Бергвиц до Зегрена.
Сојузниот автопат 9 (Минхен - Берлин) може да се стигне од раскрсницата Фокероде, оддалечена 22 километри.
Железничката станица Бергвиц се наоѓа на линијата на Германски железници помеѓу Витенберг и Битерфелд.
Од 1903 до 1951, имало железничка врска помеѓу Бергвиц и Кемберг. Поранешната станица е уништена. Таму сега е изграден хипермаркет.
Познати луѓе [уреди]
- Бартоломеј Бернхарди, теолог
- Фридрих Вернер фон дер Шуленбург, германски дипломат и борец на отпорот во Јулската завера
Наводи [уреди]
- ↑ „Население на општините по окрузи“ (на германски). „Статистичко биро на Саксонија-Анхалт“. 31 декември 2011. http://www.statistik.sachsen-anhalt.de/download/stat_berichte/6A102_hj_2011_02.pdf.
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||