Келтска лига (политичка организација)

Од Википедија — слободната енциклопедија

  Ман

Келтската лига претставува политичка и културна организација која го промовира келтскиот идентитет во Ирска, Шкотска, Велс, Бретања, Корнвол и на островот Ман, кои колективно од страна на Келтската лига се нарекуваат келтски народи. Тоа места посебен акцент на домашните келтски јазици.

Цели на организацијата[уреди | уреди извор]

Келтската лига се залага за:

  • Поттикнување на соработката меѓу келтските народи;
  • Развивање на свеста на посебни односи и на солидарност помеѓу келтските народи;
  • Запознавање на јавноста за келстската борба и достигнувања;
  • Формално здружување на келтските народи кога два или повеќе од нив ќе се стекнат со независност;
  • Употреба на националните ресурси на секоја келтска нација во корист на сите останати.[1]

Литература[уреди | уреди извор]

  1. "Aims of The Celtic League". Celtic League website. Retrieved 7 декември 2007

Надворешни врски[уреди | уреди извор]