Келзанг Гјацо
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Келзанг Гјацо | |
| Седмиот Далај лама | |
|---|---|
![]() |
|
| Владеење | 1720 - 1757 |
| Роден(а) | 1708 |
| Починал(а) | 1757 |
| Претходник | Цангјанг Гјацо |
| Наследник | Јамфел Гјацо |
| Семејство | Далај лама |
Келзанг Гјацо или Келсанг Гјацо,а некаде и Кезанг Гјацо (1708-1757) бил седмиот Далај лама.Тој е роден во Литанг во источен Тибет на денешниот ден на Гарзе тибетанското автономно начелство на провинцијата Шичуан и е познат како реинкарнација од поемата на неговиот претходник,шестиот Далај лама,Цангјанг Гјатсо во којашто тој вели:„По одењето до Литанг,нема да задоцнам да се вратам.“
Поради турбулентната политичка сируација новиот Далај лама,веднаш не бил доведен во Ласа туку најпрвин во манастирот Кумбум кјаде што добил орден од Нгаванг Лобзанг Тенпаи Гјатсен.
Уште како момче Келзанг Гјатсо ја демонстрирал својата мудрост.Келзанг имал способност да биде спонтан.Тој бил инспириран од визијата самбхогакаја на големиот свет учител,монах и поет Је Цонгкапа,па отпатувал во централен Тибет каде што дал сермон пред илјадници луѓе.
- „Од сите Гјалва Ринпоче(владетели Далај лама),ние Тибетанците веројатно го почитуваме седмиот,Келзанг Гјатсо,најмногу поради неговата побожност,бидејќи тој го посветил целиот свој живот на Трите цврсти единства,пронаоѓајќи прибежиште не само за себе,туку за сите негови луѓе.“
Во 1717 година мпонголското племе Ѕунгари извршило инвазија на Тибет,при што бил убиен претендентот за Далај лама предложен од Ла-бзанг Кан.Тие потоа започнале да ги пљачкаат светите места во Ласа што довело до брз одговор од кинескиот цар Кангкси,меѓутоа неговата војска била уничтена од Ѕунгарите во близина на Ласа.
Многу Њингма учители и Бон приврзаници биле елиминирани,Тибетанците биле принудени да ги испружат своите јазици надвор што прераснало во навика како гест на заблагодарување.
Втората испратена експедиција на царот Кангкси успеала да ги отстрани Ѕунгарите од Тибет во 1720,а трупите биле поздравени како ослободувачи.Тие го пренеле Далај лама од манастирот Кумбум во Ласа и тој бил назначен за седмиот Далај лама во 1721 година.
Царот Кангкси(1622-1723) го декларирал Тибет за протекторат во 1727 година,тој вовел двајца амбани и цел гарнизон на кинески трупи во Ласа.Ѕидините на Ласа биле урнати и Кам(со Батанг,Литанг,Тациенлу итн) биле соединети со кинеската провинција Сечван.Кинескиот протекторат којшто постоел до крајот на династијата Чинг (1912) бил воведен.
Седмиот Далај лама Келзанг Гјатсо седнал на тронот во Потала во 1720.Ѕој ги прифатил сите обичаи од петтиот Панчен лама Лобзанг Јеши,а од него исто така ги прифатил и Гелонг обичаите во 1726.Тој ги одбил учењата на туторот на Лобзаг Јеши,абботот од манастирот Ѓумеј и абботот од манастирот Шалу,Нгаванг Јонтен со сите будистички философски тези и станал стручен за сутра и тантра.Тој бил исто така и поет којшто за разлика од честиот Далај лама Цангјанг Гјатсо пишувал воден по духовни теми.
Значајниот тибетански аристократ Фо-Иха-нас владеел со Тибет со кинеска подршка од 1728 до 1747 година.Во 1728 Келзанг Гјатсо бил поканет да го посети Пекинг,но Фо-Иха-нас го преместил од Ласа во Литанг со цел да го намали неговото влијание врз владата.По смртта на Фо-Иха -нас,него го наследил неговиот син којшто бил убиен од амбаните во 1750.Ова предизвикало нереди,па амбаните биле убиени,а кинеската армија навлегла во земјата и воспоставила ред.
[уреди] Укинувањето на регентите и воведувањето на Кашаг
За овој настан постојат 2 приказни.Едната е кинеска,а другата тибетанска.Кинеската се состои во тоа што во 1751 година,кинескиот цар Кианлог(1711-1799,на власт од 1737 до 1796) издал наредба со 13 точки со коишто се укинува позицијата на регентот(Деси),пренесувајќи ја владата во рацете на четиримина,Кашаг.или совет на министри,а давајќи им на амбаните само формална моќ.Далај лама се вратил во Ласа со цел да се одржи над владата.
Според тибетанската верзија во 1751 година,на возраст од 43 Келзанг Гјатсо формирал „Кашаг“ или совет на министери за да ја врши работата на тибетанската влада и на укинатите работи на регентот(Деси) со што целата моќ била сконцентрирана во рацете на еден човек Далај лама,којшто бил и духовен и политички водач.
Во 1753 Келзанг Гјатсо го основал училиштето Це во Потала и изградил нова палата на Норлинг Калсанг Фодранг кај Норбулинка.По барање на Шабдунг Ринпоч Јигми Дагпа(1742-1761),духовен и привремен владетел на Бутан,седмиот Далај лама помогнал во поставувањето на златниот и бакарен манастирски кров во Бутан.
| Претходник Цангјанг Гјатсо |
Реинкарнација на Далај лама | Наследник Јамфел Гјатсо |
|
|||||||


