Келвин Клајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Келвин Клајн - Модел турнир во одбојка на плажа MBVT 2014 Мајами

Calvin Klein е модна куќа основана од страна на американскиот моден дизајнер Келвин Клајн. Седиштето на компанијата е во Мидтаун Менхетен, Њујорк и моментално е во сопственост на Phillips-Van Heusen.

Историја

1968 - Раните години

Во 1968 година, Клајн, со 10. 000 американски долари ја основал Calvin Klein Limited, продавница за капути во хотелот Јорк, во Њујорк. Првата колекција на Calvin Klein беше линија на "младешки, дискретни палта и фустани" претставени во продавница во Њујорк, “Bonwit Teller”.

Во 1969 година, Клајн се појави на насловната на магазинот Vogue.

Седумдесети

До 1971 година на неговата колекција беа приложени спортски, класични блејзери и долна облека. Во 1973 година, тој доби прва награда за американски моден критичар за неговото 74-то парче од женската колекција. До 1977 година, неговиот годишниот приход се зголеми на 30 милиони американски долари, и Клајн стекна лиценци за марами, чевли, каиши, крзна, очила за сонце и чаршави. Клајн и Шварц правеа секој по 4.000.000 американски долари. Откако компанијата потпиша лиценци за козметика, фармерки, и машка облека, годишниот приход од малопродажбата на Клајн беше проценет на 100 милиони долари. Клајн тврди продажба на 200.000 парчиња на неговите познати фармерки уште првата недела кога излегоа во 1978 година. До 1981, Fortune го процени годишниот приход на Клајн на 8.500.000 американски долари годишно. Во средината на 70-тите, тој воведе мода каде што на задниот џеб на линијата фармерки го имаше неговото лого.

Во доцните 70-ти, компанијата се обиде да постави нов бизнис за парфеми и козметика, но наскоро се повлече од пазарот со големи финансиски загуби. Во 1980 година, откако дизајнираните фармерки го достигнаа врвот на сите времиња, Келвин Клајн, воведе многу успешна линија на боксерици за жени и колекција на долна облека за мажи кои подоцна достигнаа бруто добивка од 70.000.000 $ за една година. Бизнисот на Келвин Клајн за долна облека, промовиран подоцна во 90-тите со џиновски билборди прикажувајќи слики од поп пејачот Марк "Марки Марк" Валберг, беше толку успешен што гаќите станаа општо познати како "Calvins".


1980-1985: Долна облека


Во раните 80-ти Клајн го промени американскиот пазар на долна облека за мажи – од оној каде што повеќето машка долна облека беше бела и купена во пакет по три од "сопруга, мајка или девојка, зависи за која намена би требало да бидат" во друг каде што "да се грижат американските машки за бренд на нешто кое што малкумина го гледаат".

Фантастичното растење продолжи до раните осумдесетти. Лиценцираната програма, која во почетокот кога беше иницирана во 1974 година донесе 24.000 долари, подоцна донесе величествен приход од 7.300.000 долари. Таа година, во светот на малопродажбата биле проценети повеќе од 600 милиони долари. Облеката на Клајн беше продавана во повеќе од 12.000 продавници низ САД и беше достапна во шест други земји. Неговиот годишен приход помина 12.000.000 долари.

Финансиски проблеми, зголемен притисок од сите страни, несогласувања околу лиценцата за линијата машка облека и нејзината разочарувачка продажба, како и обртот на огромен број вработени како во рамките на Calvin Klein така и кај лиценцираните партнери доведе до гласини дека индустријата Calvin Klein е на продажба. И навистина, кон крајот на 1987 година, беше кажано дека продажбата на индустријата С.К. на компанијата Triangle, производител на кутии, не успеја само поради паѓањето на акциите на берзата. Иако компанијата речиси се соочи со стечај во 1992 година, Келвин Клајн успеа да ја поврати и да ја зголеми профитабилноста на својата индустрија во текот на доцните 90-ти, главно со успехот на својата мошне популарна долна облека и линијата парфеми, како и линијата спортска облека. Клајн во 1993 година беше прогласен за "најдобар дизајнер во Америка" и подоцна во 1999 година, изненадувачко беше најавувањето дека неговата индустријата е повторно на продажба. Планирајќи да го прошири својот бизнис, кон компанијата се придружија две луксузни компании Moët Hennessy Louis Vuitton и Pinault Printemps Redoute, но ништо не резултираше од тоа. Други потенцијални компании како Tommy Hilfiger Сorp. и италијанскиот холдинг di Partecipazioni се покажаа како слични разочарувања поради превисоката цена на индустријата, наводно од 1 милијарда долари. Откако и по седум месеци немаше потенцијален купувач, Клајн изјави дека неговата индустрија не е повеќе на продажба. Компанијата никогаш нема да успее да стане државна, како што првично планирал Клајн. Во јуни 2008 година, Келвин Клајн го спонзорираше “Следниот американски машки топ модел” давајќи му на победникот 100 000 долари и бонус како runway show за да ја започне својата кариера.


2002-2003: Преземање на страна на “Philips Van Heusen”


Во средината на декември 2002 година, Calvin Klein Inc (CKI) конечно беше продаденa на произведителот на кошули, Philips Van Heusen Corp. (PVH), чиј тогашен извршен директор Брус Клатски беше движечката сила на договорот, за околу 400 милиони долари во готово, 30 милиони долари во акции, како и правото над лиценците и приходи од авторски права во текот на следните 15 години, кои беа проценети од $ 200 до $ 300 милиони. Продажбата исто така вклучуваше и континуиран финансиски стимул на Клајн врз основа на идните продажби на неговиот бренд.

PVH ja наддаде VF Corp., произведителот на фармерките Lee и Wrangler, која исто така беше заинтересирана за купување на биснисот на Келвин Клајн за фармерки, долна облека и костуми за капење контролиран од Warnaco Group, произведител на костимите за капење Speedo во САД, од 1997 година. Договорот со PVH не ги вклучуваше овие бизниси, така да тие останаа со Warnaco. Не можејќи да ги плати долговите од преземањето и договорот за лиценците и поради лошиот публицитет кој настана со откажувањето на судската постапка која се водеше со Келвин Клајн за продавање на лиценцирани производи на други трговци на мало, освен на Calvin Klein, како што пишуваше во договорот, Warnaco во средината на 2001 година поднесе барање за член 11 за заштита, и на крајот, во февруари 2003 година се спаси од банкрот.

Трансакцијата меѓу Calvin Klein и PVH беше финансиски поддржана од страна на приватната фима за капитал во Њујорк , Apax Partners Inc. за која се вели дека инвестирала $ 250,000,000 во конвертибилниот склоп на акции на PVH, како и 125.000.000 $ за две годиншна обезбедена белешка, и сето тоа во замена за места во одборот на PVH. На тој начин, индустријата Calvin Klein стана целосно во сопственост на подружницата на PVH. Во почетокот, Клајн, кој бил вклучен како личност во 15-годишниот договор потпишан со PVH, остана креативен раководител на колекциите, но потоа продолжи како советник на новата компанија и веќе од 2003 година сè повеќе се повлече од бизнисот. Актуелнен претседател и главен оперативен директор на поделбата на индустријата Calvin Klein во рамките на PVH е Том Мури, кој ја исполнуваше оваа позиција уште пред купувањето.


2004:


Со промовирањето на есенската колекција 2006, Њујорк, се отвори и нов изложбен салон на индустријата од 8.600 квадратни стапки (800 м2) во кој може да се сместат до 600 лица на приземјето од запад на 39-тата улица број 205, јужно на Тајмс Сквер, каде Calvin Klein има седиште од 1978 година.


Производи и маркетинг

Највидливите бренд имиња во портфолието на Келвин Клајн вклучуваат:

Calvin Klein Collection (црна етикета, најдобро дизајнирана линија)

CK Calvin Klein (сива етикета, неодамна репозиционирана како колекциска линија-мост; лиценцирана за “Warnaco Group Inc.” најмалку до 2044 год.)

Calvin Klein (бела етикета, спортска линија)

Calvin Klein Sport (спортскa верзија на линијата-бела етикета за Macy’s)

Calvin Klein Jeans (линија-тексас облека; лиценцирана за “Warnaco Group” најмалку до 2044 год.)

Calvin Klein Home (високо квалитетна постелнина, крпи, килими за во бања и друг домашен прибор)

The Khaki Collection (младешка, средна до високо квалитетна постелнина, крпи, килими за во бања и други додатоци) прекината во 2008 год.

Calvin Klein Golf (започна доцна во 2007 год.)

Calvin Klein Underwear (долна облека; лиценцирана за “Warnaco Group” најмалку до 2044)

CK one Lifestyle brand (парфеми, долна облека, фармерки, започна во 2011 год.)

Calvin Klein Watches + Jewelry (часовници-1997 година, накит-2004)

Calvin Klein е познатa по различнi линии на парфеми и колонски води. Нивните парфеми и соодветните колонски води, ги одржувала козметичката линија на Calvin Klein, компанијата Unilever, се до недамна, кога во мај 2005 год. козметичкиот гигант Coty, Inc. од Њујорк ги купија лиценците за парфеми од Unilever.


Maркетинг

На почетокот, рекламите ги снимиле Брус Вебер и Ричард Аведон. Аведон ја фотографирал и режирал кампањата Calvin Klein Jeans во која настапува петнаесет годишниот Брук Шилдс. Некои од овие телевизиски реклами биле забранети, вклучувајќи ја и озлогласената реклама каде Брук прашува: "Дали сакате да знаете што има меѓу мене и мојот “Calvins”? Ништо!" Рекламните кампањи на Calvin Klein се често контроверзни, но се докажа дека ова може да биде многу успешно, до точка на правење на ненајдена кариера. Еден од неговите машки модели за долен веш, Марк Велберг, постигна слава како и хип хоп ѕвездата "Марки Марк", поткренувајќи се самиот себе си во холивудската сцена за да стане тековен популарен актер. Друга холивудската ѕвезда кој и ја должи својата респектабилна кариера на рекламите на Calvin Klein е Антонио Сабато Џуниор. Во почетокот на 90-тите,Calvin Klein исто така беше “одговорна” за започнувањето на меѓународна кариера на супермоделот Кејт Мос и давајќи и уште една можност за заживување на својата кариера во 2002 година откако беше обвинета за земање на кокаин. Други такви модели беа Наталија Водианова, Скот Кинг и Тони Гарн, чии кариери исто така ги започна Calvin Klein. Моментални модели на брендот се Тајсон Балоу и Лара Стоун. Други модели кои биле модели за Calvin Klein се: Џери Хол, Пети Хансен, Том Хинтнаус, Дејвид Агбоџи, Травис Фимел, Дотцен Крос, Мини Анден, Гарет Неф, Шон O'пру, Едита Вилкевикуте, Џејми Дорнан, Лиу Вен, Ендру Стетсон, Едвард Фурлонг и Владимир Иванов. Актери како Ева Мендес, Мекад Брукс, Скарлет Јохансон, Keлан Луц, Енди Mекдауел, Зое Салдана и Дијана Кругер, исто така, биле изберени како модели на брендот. Шведскиот фудбалер Фреди Лунгберг глуми во серија на многу успешните реклами за брендот на долна облека.

Тие си играат со новите технологии. Кога во 1999 год. го рекламираа парфемот cKone имаа многу необична, пионерска кампања кога на тинејџери им ја даваа електронска адреса во печатени реклами. Кога тинејџерите пишуваа на таа адреса, беа ставени на дописната листа која им праќаше пораки со нејасни детали за животот на моделите со лажни податоци со цел да ги направи поблиски. Овие пораки пристигнаа во непредвидливи временски интервали и требаше да им дадат на читателите чувство дека тие имале некаква врска со овие ликови. Иако дописните листи беа прекинати во 2002 година, кампањата инспирираше слични маркетинг тактики за филмови и други малопродажни производи.


Брендирање

Како и другите модни брендови, Calvin Klein има свој монограм: амблемот CK.



Интернет

Во 2004 година компанијата го купи името на доменот CK.com. Calvin Klein е една од ретките компании во светот кои поседувате две букви како домен име.

Долната облека на Calvin Klein исто така ги поседува Bras.com и Underwear.com. Двете домен имиња се користат за да се препраќаат хитови на CKU.com


Дизајнери Тековниот креативен директор на колекцијата за жени на Calvin Klein е Франциско Коста од Бразил, кој веќе работел со Клајн уште пред неговото заминување од компанијата. Коста ја презел работата во 2003 година.

Итало Зучели, поранешен дизајнер на “Jil Sander” и “Romeo Gigli”, соработувал со Calvin Klein шест сезони пред да стане главен дизајнер на колекцијата на машка облека на Calvin Klein пролетта во 2004 година.

Кевин Кариган, Англичанец, е креативниот директор на ck Calvin Klein и Calvin Klein (бела етикета) и нивните лиценцирани производи. Кариган е со Calvin Klein од 1998 година.



Продавници


Calvin Klein Collection


Во доцните 90-ти компанијата отвори елегантни продавници на Calvin Klein Collection во Париз, Сеул и Тајпеј и продавниците за високо квалитетната cK Calvin Klein во Хонгконг, Милано и Кувајт Сити. Како и денес, постои само една продавница за Calvin Klein Collection. Таа се наоѓа во Њујорк. Од двете продавници на Calvin Klein Collection кои постоеле во САД, локацијата во Далас, во Хајленд Парк, која постоела 20 години беше затворена во средината на 2005 година. Единствената меѓународна локација, во Париз, беше затворена од страна на “PVH” во март 2006 година. Продавницата во Њујорк, која служи како предводник на продавниците на компанијата и се наоѓа на MADISON AVE. Бр 654, се уште е отворена. Задржани се и продавниците на Calvin Klein Collection во Шангај, Пекинг, Сеул, Дубаи и Катар.


Calvin Klein (бела етикета)


Специјални продавници за малопродажба на Calvin Klein, дизајнирани од страна на архитектурската фирма од Њујорк, Lynch/Eisinger/Design беа отворени на плоштадот Ленокс во Атланта, во центарот Беверли во Лос Анџелес, во трговскиот Чери Крик во Денвер, колекцијата Naticк во Natick, Масачусетс, во трговскиот центар на Партриџ Крикин во Мичиген, во трговскиот центар Авентура во Авентура, Флорида, и во Јужното крајбрежје Плаза во Коста Меса во Калифорнија се сега затворени освен последните две во Калифорнија и Флорида. Дополнителни осум продавници, исто така дизајнирани од страна на Lynch/Eisinger/Design се отворија во 2008-та година. Исто така, постојат неколку продавници на Calvin Klein за аутлети, повеќето од кои се наоѓаат во трговските центри за аутлети во САД, и ја продаваат белата етикета спортска опрема и Calvin Klein белата етикета по намалени цени, но не ја продаваат колекциската линија.



Calvin Klein Jeans

Групата Warnaco ги одржува Calvin Klein Јeans и соодветните продавници за аутлет во САД и на други места, продавајќи тексас и секојдневени колекции. Меѓународни продавници за фармерки на Calvin Klein постојат низ целиот свет. Меѓу многу други земји, ги има и во Велика Британија, Германија, Грција, Русија, Бразил, Мексико, Хрватска, Египет, Чиле, Аргентина, Индија, Австралија и Нов Зеланд.


Calvin Klein Underwear

Бутици за долна облека на Calvin Klein може да се најдat во Буенос Аирес, Кардиф (од април 2011 година), Мексико Сити, Единбург, Глазгов, Мелбурн, Хонгконг, Лондон, Манчестер, Њу Јорк, Шангај, Сингапур, Франкфурт, Торонто и Хатфилд, Метротаун во Бурнаби, п.н.е. (Метро Ванкувер).



Одделот на мало

Главните стоковни куќи во САД, вклучувајќи ја Macy’s, Lord & Taylor и Nordstrom, како и многу мали независни продавници ги продаваат “ck”, белата етикета и колекцијата на фармерки. Некои врвни стоковни куќи, како што се Bergdorf Goodman, Saks на Петтата авенија и Neiman Marcus исто такa ja продаваат колекцијата на Calvin Kein. Значајни трговците на мало во Велика Британија кои нудат Calvin Kein вклучуваат продавници како што се John Lewis, Debenham и KJ Beckett. Во Австралија доминантен трговец на мало е Myer. Calvin Klein производите ги има и на интернет со посебен фокус на продажба на долната облека и парфемите на Calvin Klein.



 Европа и Азија

Во Европа, Calvin Klein e повеќе познат по својата долна облека, модните додатоци а можеби и по колекциите, отколку по средните цени на спортските линии кои се достапни во врвните продавници. Во Азија, исто така, постојат продавници на “ck Calvin Klein” во кои се прoдава машка и женска облека и модни додатоци.



Контроверзии

Во 1995 година, рекламите кои ги промовираа фармерките на Calvin Klein добија критики дека е “детско порно”.