Кедруп Гјацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Кедруп Гјацо
Единаесеттиот Далај лама
[[File:11thDalaiLama1.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 18441856
Претходник Цултрим Гјацо
Наследник Тринли Гјацо
Династија Далај лама

Кедруп Гјацо (роден на 19 декември 1838 година) кај месноста Гатар(Га-тар) во Кам Мињак до Цетан Дондуп и Јунгдрунг Бути. Починал на 31 јануари 1856 во Потала, Ласа во Тибет. Тој бил единаесеттиот Далај лама.

Тој бил препознаен како единаесеттиот Далај лама во 1840. Тој бил донесен од истото село од коешто бил донесен и седмиот Далај лама,Келзанг Гјатсо во 1708 година. Во 1841 седмиот Панчен Лама Палден Темпаи Њима му го доделил орденот, му ја скратил косата и го нарекол Кедруп Гјатсо.

Во 1842 тој бил однесен во Потала ,а во 1846 ги земал обичаите за свештенство од четвртиот Панчен лама. Тој бил поставен на тронот на 25 мај 1842 година, а над владата добил моќ на 1 март 1855 година,но умрел само една година подоцна.

Тој напишал книга со морални станзи насловена Приказна за мајмуните и птиците.Таа претставува алегорија на војната помеѓу Тибетанците и Гурците од крајот на XVIII век.

Низ својот живот Кедруп Гјатсо живеел во време на војната во Ладак,Опиумските војни и востанието Таипинг коишто ја намалиле моќта на Далај лама,но и кинеското влијание во Тибет со што се дала можност на сецесија на Тибет од Кина. Меѓутоа во тоа време западните колонијални сили биле активни во тој дел од светот,а желбата на Далај лама била да се сочува тибетанската култура надвор од таквите колонијалистички сили.


Претходник
Цултрим Гјатсо
Реинкарнација на Далај лама Наследник
Тринли Гјатсо