Кевин Шиди (ирски фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кевин Шиди
Kevin Sheedy
Лични податоци
Роден на 21 октомври 1959 (1959-10-21) (55 г.)
Роден во Билт Велс, Велс
Висина &100000000000001750000001,75 м
Положба Среден ред
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1975–1978 Херефорд Јунајтед 71 (8)
1978-1982 Ливерпул 9 (0)
1982-1992 Евертон 314 (77)
1992-1993 Њукасл Јунајтед 37 (4)
1993-1994 Блекпул 26 (3)
Репрезентација
1978-1981 Ирска 5 (0)
1984-1993 Ирска 46 (9)
Раководител на екипите
2001 Транмере (привремен менаџер)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Кевин Марк Шиди (роден на 21 Октомври, 1959 година) е поранешен фудбалер. Тој помина најголем дел од неговата играчка кариера во дресот на Евертон - со кој освои ФА Куп, купот на победниците на куповите и два првенствени наслови - а исто така играше уште за Херефорд Јунајтед, Ливерпул, Њукасл Јунајтед и Блекпул. Роден во Билт Велс, Велс, тој одиграл 46 натпревари за репрезентацијата на Ирска и го постигна својот прв погодок во репрезентативниот дрес на Светското првенство 1990. Тој е сега тренер на академијата на Евертон.

Играчка кариера[уреди]

Клупска кариера[уреди]

Шиди ја започна својата кариера со тимот на Херефорд Јунајтед, по што следеше краток престој во екипата на Ливерпул, но таму одигра само девет официјални натпревари во четири години, по што беше продаден на Евертон за сума од £100,000 во 1982 година. Играјќи за Евертон тој се појави во 357 (12 како замена) натпревари и постигна 97 гола.

Најзначајните постигнувања на Шиди беа кога како дел од Евертон во 1984 тој го освои ФА Купот (иако тој го пропушти финалето поради повреда). Во 1985 и 1987 година тој стана шампион на Англија со Евертон, а во 1985 година Шиди триумфира и во Европскиот Куп на победниците на куповите, постигнувајќи го третиот погодок во финалето против Рапид Виена во 85-тата минута со што ја завери титулата на својот тим поставувајќи ги конечните 3-1 . Во 1980 Шиди постигна најмногу голови од слободни удари во највисокиот ранг на англиската фудбалска лига. Можеби неговиот најпознат момент во светот на фудбалот дојде кога од слободен удар во мечот против Ипсвич во 1985 година тој реализираше погодок со удар од 25-јарди пласирајќи ја топката во левиот агол на голманот, но беше принуден повторно да го изведе слободниот удар, по што тој ја спроведе топката во десниот агол на чуварот на мрежата. Тој беше избран во тимот PFA тимот на годината и во двете шампионски години на Евертон во 1985 и 1987 година.

Шиди си замина од Гудисон Парк во 1992 со слободен трансфер и му се приклучи на Њукасл Јунајтед, и им помогна да победат во Дивизија Еден и да обезбедат промоција во Премиер лигата во сезоната 1992-1993. Тој ја заврши својата кариера во тимот на Блекпул на кој му се приклучи непосредно пред почетокот на сезоната 1993-1994 во англискиот фудбал.

Репрезентативна кариера[уреди]

Иако роден во Велс, Шиди имаше право да игра за Република Ирска бидејќи неговиот татко бил од Клер. Тој одигра 46 натпревари за Ирска постигнувајќи девет гола, вклучувајќи го и оној на натпреварот на Светското првенство 1990 против Англија. Ирска ремизираше во сите три натпревари од нивната група и така се квалификува за фазата најдобрите 16 од турнирот, а потоа ја совлада Романија со 5-4 на пенали, Шиди го реализираше 1 пенал во сериијата за Ирците. Република Ирска беше поразена во следната фаза, четвртфиналето, со 1-0 од домаќините Италија по што за нив заврши овој турнир од соништата. Во овој натпревар, беше јасно дека Шиди ќе биде најголемата закана за Италија, и тие го поставиле легендарниот Џузепе Бергоми како човек-маркер за Шиди.

Шиди исто така беше дел од Евро 1988 тимот и ги одигра сите 3 натпревари. Тој исто така е забележан како прв играч на Република Ирска кој успеал да постигне гол на Светско првенство.

Титули[уреди]

како играч[уреди]

Англија Евертон[уреди]

Англија Њукасл Јунајтед[уреди]

Надворешни врски[уреди]