Кевин Митник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кевин Митник ( роден на 6 август 1963) (англиски: Kevin Mitnick) е еден од најпознатите хакери во светот кој во моментов раководи со интернет сигурносната компанија Mitnick Security Consulting LLC. Кевин почна со социјално инжинерство од својата 12наесета година (Неговата најдобра способност), кога свати дека со помош на еден исти билет може да се вози насекаде нис Лос Анџелес со автобус. Првите интереси на Кевин беа Радио аматерството и Phone Phreaking. Подоцна со помош на еден свој другар, успеа да влезе во курс по компјутерски часови и љубовта се роди спрема компјутерите. Неговиот прв хак беше во 1979 кога успеа да влезе во компјутерскиот систем на ДЕЦ компанијата и успеа да украде клучни податотеки во врска со оваа компанија.

Во годините што следеа, Кевин успешно изврши напади на многу компјутерски системи, вклучувајќи и неколку банки. Во 1994година, Кевин Митник изврши успешен IP-Spoofing напад врз компјутерите на Тсутому Шимомура, поради претходна расправија. Тсумому го почна неговото гонење на Кевин веднаш после нападот. Кевин беше уапсен од страна на FBI на 15, 1995 год. во 1-30 часот. Проаѓањето се долже на двонеделното скениранје и потрага по мобилниот и лаптопот на Кевин, со помош на кои тој се конектираше на интернет. Местото на настанот е во Северна Каролина, УСА. Веднаш по апсењето, другарите на Кевин почнаа со кампања "Free Kevin". Кевин остана запамтен како најбараниот хакер од страна на FBI и своите дела не ги именуваше како хакирање, туку како социјален инжинеринг.

После затворањето на Кевин Митник неговите другари почнаа со кампања со логото "Free Kevin". Нивната цел се разбира беше Кевин да биде ослободен. Кампањата се залагаше сите информации на интернетот да се слободни, и дека Кевин не е виновен за лошо заштитените компјутерски системи во местата кеде што тој влегол. Неколку резултати од оваа кампања беа влегувањата во некои многу важни веб страни и нивниод defacement како: nasa.gov и многу други важни страни.


Кевин е автор на 2 книги "The Art Of Intrusion" и "The Art Of Deception". Неговите книги претставуваат збир за разни вистинити приказни за вистински хакерски случувања и хакери. Во овие книги тој преку приказните го опишува своето лично искуство. Во првата книга тој посебно се концентрира и ја опишува својата најдобра вештина - социјално инжинерство. Со својот ко-автор Simon тие заедно во книгата ги опишуваат и анализираат приказните и информациите кои се добиени од интервјуа со хакерите. Од компјутерски напади низ казина во Лас Вегас, до објаснување на повзаноста на исламските терористи со хакерите за да добијат информации за нападите на 11 Септември, 2001 во Њујорк, Митник дава лекции кои навистина треба да се знаат.