Квадратна јарда
Од Википедија, слободната енциклопедија
Квадратната јарда (симб. јд²) е неметричка (британско-американска) единица за површина, некогаш во широка употреба во целиот англофонски. Денес се користи во САД, Канада и Велика Британија, а во сите останати земји е заменета со квадратниот метар. Една квадратна јарда е плоштината на квадрат со страна од една јарда (3 ст, 36 ин, 0,9144 м) во должина. Не постои стандарден и општоприфатен симбол за квадратната јарда, но најчести меѓународни симболи се sq yd и yd².
Претворање во други единици[уреди]
Една квадратна јарда е еднаква на:
- 1 296 квадратни инчи
- 9 квадратни стапки
- ≈0,00020661157 акри
- ≈0,000000322830579 квадратни милји
- 836 127,36 квадратни милиметри
- 8 361,2736 квадратни сантиметри
- 0,83612736 квадратни метри
- 0,00000083612736 квадратни километри