Кајл Меклахлан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Кајл Меклахлан
Kyle MacLachlan.jpg
Меклахлан на Еми наградите во 1991.
Роден(а) февруари 22 1959 (1959-02-22) (55 г.)
Јакима, Вашингтон, САД
Сопруг(а/и) Дезире Грубер (2002–денес)
Официјална веб-страна

Кајл Меклахлан е наградуван американски актер.

Кратка биографија[уреди]

Роден е на 22 февруари 1959 година во Вашингтон. Пред да ја започне актерската кариера, го исфрла средното презиме Мерит. Најпознат е по улогата на детективот Дејл Купер во „Твин Пикс“.

Дебитира во серијата „Приказни од гробницата“, а во 1991 година се појави во улогата на Реј Манзарек, тапанарот на култната група „Дорс“, во истоимениот филм на Оливер Стоун. Но вистинската слава ја добива со улогата во серијата „Твин Пикс“, а потоа се појави и во филмската верзија.

Соработката со Дејвид Линч ќе продолжи и во неговата прва филмска улога во „Дина“, а потоа и во филмот Син Сомот. Покрај овие улоги, ќе се појави и во филмската верзија на цртаната серија Флинстонови како негативецот Клифвандерлејв, каде партнерка му беше Хали Бери.

Во 1995, Пол Верховен му ја нуди улогата во еротскиот филм „Забавувачки“, каде за првпат и се соблече на филм. Епизодно се појави и во серијата Сексот и градот, а потоа ја добива и можноста да ја усреќи и одведе пред олтар домаќинката Бри Ван Де Камп во Очајни домаќинки, во улогата на Орсон Хоџ.

Кајл е познат и по врската со топ моделот Линда Евангелиста со која сакаше и да се ожени, но таа го откачи заради голманот Фабријан Бартез. Во април 2002 година се ожени со Дезире Грубер.

Интересно и непознато во неговата биографија, е што Кајл по мајчина линија влече корени од една историска личност, композиторот Јохан Себастијан Бах.

Беше планиран и за главната улога во „Вод“, но откако ја одби, неа ја доби Чарли Шин.

Освен Линда Евангелиста, во неговиот освојувачки список се најдоа и актерките Лора Дерн, Лара Флин Бојл и Шерилин Фен.


Надворешни врски[уреди]