Кафеава мечка од Камчатка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Кафеава мечка од Камчатка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus arctos
Триномен назив
Ursus arctos beringianus
von Middendorff, 1853

Кафевата мечка од Камчатка (Ursus arctos beringianus) позната и под името Кафеава мечка од далечниот исток, е под-вид на кафевата мечка, кој живее на полуостровот Камчатка, Карагински остров, и северно преку округот Корјак. Може да се сретне и на западниот брег на Охотското море, на островите Шантар и на северните Курилски острови.

[уреди] Карактеристики

Овие мечки се физички доста слични на Кодиак мечките од Аљаска, иако се со потемно крзно и малку помали[1]. Иако доминираат индивидуи со темно крзно сепак бојата може да варира од кафеаво-црна до темно жолта. Канџите се темно кафени со жолти краеви и достигнуваат должина од 100 милиметри. Исправени, овие мечки достигнуваат должина од 2,75 метри, опашката им е долга од 16,5 до 21 сантиметар. Кафеавата мечка од Камчатка е еден од најголемите подвидови на кафевата мечка, и достигнува тежина од 3/4 од тон. Најголемите индивидуи живеат на Камчатка и на островите Шантар. Како и мечките од Аљаска и овие мечки растат огромни поради нивната исхрана која е богата со протеини, и која се состои од ловење на лосос[2] во крајбрежните реки, и поради благата клима поради која имаат многу краток период на хибернација[1].


[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 „Join the Russian Hunting Agency for a Brown Bear Hunt“. Russian Hunting Agency. http://www.russianbearhunt.com/. проверено на 2008-03-22. 
  2. Kamchatka Brown Bear at kamchatkapeninsula.com

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици