Катета

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Правоаголен триаголник со хипотенуза h и катети a и b.

Кај еден правоаголен триаголник, катетата (од стргрч. κάθετος), наречена и крак) е една од страните што го сочинуваат правиот агол. Страната спроти правиот агол е хипотенузата. Кога се споменува хипотенузата, катетите едноставно се нарекуваат „другите две страни“.

Ако катетите на правоаголниот триаголник имаат различни должини, тогаш разликуваме пократка и поголга катета. Соодносот помеѓу должините на катетите ги определува тригонометриските функции тангенс и котангенс на аглите на триаголникот. Кај правоаголниот триаголник, должината на катетата е воедно и геометриската средина помеѓу должината на отсечката што ја сочинува висината до хипотенузата и должината на целата хипотенуза. Според Питагорината теорема, збирот од квадратите на должините на катетите е еднаков на квадратот на должината на хипотенузата.

Наводи[уреди]

  • Bernhardsen, T. Geographic Information Systems: An Introduction, III изд. New York: Wiley, стр. 271, 2002.
  • Катета“ од Ерик В. Вајсштајн - MathWorld (англиски)