Катерина Висконти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Катерина Висконти
Војводка на Милано
Регент на Милано
Сопруг Џан Галеацо Висконти,
Потомци
Џан Марија Висконти
Филипо Марија Висконти
Династија Династија Висконти
Татко Бернабо Висконти
Мајка Беатриса Реџина дела Скала
Роден/а 1361
Милано, Миланско војводство
Починал/а 17 октомври 1404
Монца, Миланско војводство

Катерина Висконти (родена на 1361 - починала на 17 октомври 1404[1]) била член на италијанското аристократско семејство Висконти кое управувало со Милано во периодот од 1277 до 1447 година.

Таа била втора сопруга на нејзиниот прв братучед Џан Галеацо Висконти, првиот Војвода на Милано и мајка на неговиот следбеник Џан Марија Висконти и Филипо Марија Висконти. Нејзината внука била Бјанка Марија Висконти која станала војводка во 1447 година

Таа исто така била и регент на Миланското војводство во периодот од 1402 до 1404 година, во времето кога нејзиниот син сеуште бил малолетен. Поради сомневање за наводно предавство нејзиниот син ја затворил во замокот во Монца каде се претпоставува дека била отруена во 1404 година.

Наводи[уреди]

  1. Cawley, Charles (16 декември 2009). „Lords of Milan (Visconti), Medieval Lands“. „Medieval Lands Project“. Hereford, England: Foundation for Medieval Genealogy. http://fmg.ac/Projects/MedLands/MILAN.htm#Caterinadied1404. конс. 30 ноември 2010.