Катедрала Сантијаго де Компостела
| Катедрала Сантијаго де Компостела Catedral de Santiago de Compostela (шпански) |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Сантијаго де Компостела, Галиција, Шпанија |
| Координати | |
| Религија | Римокатоличка црква |
| Округ | Римокатоличка бискупија |
| Осветен | 1128 |
| Водство | Јулијан Барио Барио |
| Мреж. место | www.catedraldesantiago.es
|
Катедралата Сантијаго де Компостела (шпански: Catedral de Santiago de Compostela) е катедрала и базилика која се наоѓа во истоимениот град, Галиција, Шпанија. Храмот е познат по тоа што овде се наоѓаат моштите на Апостол Јаков, еден од апостолите на Исус Христос. Овде се наоѓа последниот т.н. Пат за Сантијаго, пат кој во текот на средниот век бил многу популарен за христијанските аџии, еден од најпосетуваните градови по Ерусалим и Рим.[1]
Содржина |
Историја [уреди]
Според легендата, Свети апостол Јаков на Иберискиот полуостров го “донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галиција, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година.[2] Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791-842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот аџија кој го поминал т.н. Пат до Сантијаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938-1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.
Изградбата на денешната катедрала започнала во 1075 година во времето на Алфонсо VI од Кастилја (1040-1109) и владиката Диего Пелаез. Главно таа е изградена од гранит. Изградбата на неколку пати била стопирана на неколку пати, а според Liber Sancti Iacobi, последниот камен темелник бил ставен во 1122 година. Сепак, Соборниот храм бил осветен во 1128 година, во присуство на Алфонсо IX од Леон. Според Codex Calixtinus, архитекти на проектот биле "Бернард постариот“, неговиот помошник Робертус Галперинус и подоцна можеби “Естебан, господар на катедралните дела". Во последната фаза "Бернард, помалиот" ја довршил изградбата, додека Галперинус бил задолжен за координација. Тој, исто така, ја изградил монументалната фонтана во 1122 година. Во текот на 16 век и 18 век, христијанскиот храм бил на неколку пати прошируван. Овде се наоѓал и универзитет.
Наводи [уреди]
наводи [уреди]
- Text from the articles in the French and Spanish wikipedia
- Turner, J. - Grove Dictionary of Art - MacMillan Publishers Ltd., 1996; ISBN 0-19-517068-7
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Катедрала Сантијаго де Компостела“ |