Катедрала Ла Сеу

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Катедрала Ла Сеу
Catedral de Santa María de Palma de Mallorca (шпански)
Cathedral palma mallorca spain 2007 08 15.jpg
Основни податоци
Место Палма де Мајорка, Мајорка, Шпанија
Координати 42°52′50.16″ СГШ 8°32′39.75″ ЗГД / 42.880602, -8.544377
Религија Римокатоличка црква
Држава Шпанија

Катедралата Ла Сеу или катедралата во Палма де Мајорка, (шпански: Catedral de Santa María de Palma de Mallorca) е катедрала и базилика која се наоѓа во истоимениот град, на островот Мајорка, Шпанија. Храмот бил изграден на местото каде порано се наоѓала џамија. Објектот е долг 121 метри, 55 метри широк и 44 метри висок. Катедралата со својата изградба започнала во времето на Џауме I од Арагон во 1229 година а завршила во 1601 година. Таа е во стил на готска архитектура со влијание на готски елементи од Северна Европа. Таа се наоѓа во непосредна близина на брегот на Средоземно море, заштитена од ѕидините на стариот град. Во почетокот на 20 век започнала обнова на катедралата. Како главен дизајнер бил избран Антони Гуади. Дел од неговите идеи биле прифатени. Сепак, во 1914 година Гуади го напуштил проектот по расправија со изведувачот.

Надворешни врски[уреди]