Категории на градби

Од Википедија — слободната енциклопедија

Според законот за градење во Македонија постојат пет категории на градби.

Првата категорија се градби од инфраструктура на државно ниво, електрични централи, далноводи, телекомуникациски мрежи, депонии за опасен отпад, нафтовод, гасовод, пруги, аеродроми, патишта итн.

Втората категорије се градби со државничка намена, претставништва на ОН и ЕУ, амбасади, и градби од инфраструктура на регионално ниво, водоводи, патишта, депонии, електрични централи, градби за одбрана и заштита итн.

Трета категорија се градби од образование, здравје, социјална заштита, индустрија, трговија, спорт, култура, религија, градби за домување повисоки од три ката и инфраструктура на општинско ниво, водовод, канализавија, гасовод, улици, прочистителни станици, депонии итн.

Четврта категорија се градби за домување до три ката.

Петта категорија се градби како семејни куќи, монтажни градби, спортски терени, споменици итн.

Извор[уреди | уреди извор]

Закон за градење СВ 51/05 Архивирано на 28 септември 2007 г..