Катаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Положбата на Катаја во однос на Шведска и Финска

Катаја (швед. Kataja) е островче јужно од Хапаранда во округот Норботен, Шведска. Зафаќа површина од 0,71 км², со димензии од 2 км во должина и 200–500 м во ширина. Местоположбата му е 65° 43′ 0″ СГШ, 24° 10′ 0″ ИГД.

Островот е поделен помеѓу Шведска и Финска. Границата е повлечена во 1809 низ водната површина помеѓу тогашните два острова - поголемиот шведски остров Катаја и помалиот фински остров Инакари (фин. Inakari). Со текот на времето островите се споиле благодарение на поледничкото издигање на тлото.

Поврзано[уреди]