Кастилја и Леон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кастилја и Леон (шпански: Castilla y León) е шпанска автономна покраина, која е создадена во 1983. година. На север граничи со Астурија, Кантабрија и Баскија, на исток со Ла Риоха и Арагон, на југ со покраината Мадрид и Кастилја-Ла Манча и на запад со Галиција и Португалија. Зафаќа површина од 94.223 км² и има 2,6 милиони жители. Главен град е Валјадолид.