Касандра (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

:За други значења погледни Касандра (појаснување)

Касандра

Касандра (грчки Kassandra) (латински Cassandra) била ќерка на тројанскиот крал Пријам.

Митологија[уреди]

Според легендата, во неа се вљубил Феб Аполон, грчки бог на пророштвата и лечењето. Им ја дал дарбата да ја претскажува иднината, а таа неговата љубов ја возвратила со студенило, заради што ја проколнал, така што на секое нејзино претскажување никој да не се осврнува.

Татко ѝ Пријам сакал да ја понуди на Менелај како жена наместо Елена. Касандра го предвидува падот на Троја, но неа никој не ја слуша (како што рекол Аполон). На крај Касандра постанува плен на Агамемнон кој ја силува и ја одведува дома. На пат Касандра раѓа син (по другата верзија два сина близнаци, Теледам и Пелопс) кој Агамемнон го признава како свои. Во Микена Агамемнон е убиен од сопругата Клитемнестра и нејзиниот љубовник Егист, со образложение дека Касандра му била љубовница.

По другата верзија, Касандра која го предвидела убиството, со синот пребегала во Колхида, град на нејзината тетка.