Каролина Ристова - Астеруд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Каролина Ристова - Астеруд (Радовиш, 30 септември 1970) — професорка на правниот факултет Јустинијан Први, на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Ангажирана е во наставата на предметите: вовед во правото, филозофија на правото, политологија, вовед во политички науки и политички систем на ЕУ (ТЕМПУС мастер студии по европски институции и политики на постдипломските студии на политички науки). Од академската 2010/2011 година (па до неговото укинување) на Институтот по родови студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје го предава предметот „Жените и политиката“.

Образование[уреди | уреди извор]

Д-р Каролина Ристова-Астеруд има дипломирано на Правниот факултет во Скопје во 1994 година (дипл. правник-правосудна насока) со просечен успех 9,50. Во 2000 година, како Рон Браун стипендистка, магистрирала меѓународно и споредбено право на Правниот факулет на Универзитетот „Џорџтаун" во Вашингтон, САД со магистерски труд „Правните аспекти на проширувањето на ЕУ и балканските држави”, оценет со највисоката „А" оценка и со вкупен просек 3,75 (од максимум 4,00) и се стекнала со највисока почесна дезигнација на постдипломските студии. На вторите постдипломски студии од областа на правно-политичките и политичките науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ги положила сите испити со просек 10,00, а на 4.7.2008 година го одбранила својот втор магистерски труд „Феминистички теории за политиката“ и се стекнала со правото на научен степен магистер од областа на политичките и правно-политичките науки (политичка насока). На 22.12.2010 година станува доктор по правни науки со одбрана на докторската дисертација на тема „Националните парламенти и прашањата за суверенитетот и демократијата во полисот на Европската унија“ на Правниот факултет „Јустинијан Први" во Скопје.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во периодот 1995-1998 година била ангажирана како демонстраторка на предметите основи на политичките науки, вовед во правото и филозофија на правото. На 29.9.1998 година е избрана за помлад асистент. Во периодот 2002-2006 година, работниот однос на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и мирува заради избор за пратеник во Собранието на РМ на парламентарните избори во 2002 година. Во 2006 година е избрана за асистентка, а за доцентка во обаста на воведните и теоретски правни науки е избрана на 21.04. 2011 година. Од другите дејности од поширок интерес на д-р Каролина Ристова-Астеруд се издвојуваат следните ангажмани: надворешен чен на статутарно-правната комисија на Советот на општина Кисела Вода (1996-2000 година), член на Советот на Град Скопје (претседателка на комисијата за меѓународна соработка, комисија за прописи), член на комисијата за помилување на Претседателот на РМ (2005-2009 година), пратеничка во Собранието на РМ (прва претседателка на комисијата за европски прашања, заменик претседателка на комисијата за уставни прашања, членка на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, комисијата за надворешна политика; заменик претседателка на Делегацијата за соработка со Европскиот парламент, членка на делегацијата во Интерпарламентарната унија, членка на групата за билатерална соработка со НР Кина).

Стручни и научни трудови[уреди | уреди извор]

  1. „Феминистички теории за политиката“,Евро Балкан Пресс, 2009;
  2. „Концепцијата на Карл Шмит за државата и правото“, Зборник „Јавно и приватно право„: 50 години од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права, Правен факултет-Скопје, Скопје, 1998 година;
  3. „Политичката култура и женското учество во политиката“,Зборник од научната трибина „ Жените и политиката„, Организација на жените во Македонија, 1998 година;
  4. „Непосредната демократија во Македонија“, Зборник на трудови „Развитокот на политичкиот и правниот систем на Република Македонија„, Правен факултет-Скопје, Скопје, 2000 година;
  5. „Критериуми за пристапување во членство во Европската Унија“,Зборник во чест на животот и делото на Стеван Габер, Правен факултет-Скопје, Скопје , 2001 година;
  6. „Феминистичкиот правно-филозофски пристап кон меѓународното право и меѓународноправниот третман на злосторствата против жените во вооружените конфликти“, објавен во Годишник на Правниот факултет во Скопје 1999/2001 , Том 39, Книга III;
  7. „Демократскиот карактер на Европската унија“, Евродијалог, Списание за европски прашања, НИП Студентски збор, Скопје, 2002;
  8. „Општите критериуми за пристапување во членство во Европската унија“, Материјали од тркалезната маса по повод Педесет години од основањето на Правниот факултет, Правен факултет „Јустинијан Први„-Скопје, 2002 година;
  9. „Комисијата за европски прашања на Собранието на Р.М и предизвците на парламентарната димензија на евроинтеграцијата на Р.М во ЕУ“; Билтен бр.3; Апликацијата за зачленување во Европската унија и што понатаму? (прилозиод трибина), Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје, Скопје, 2004;
  10. „Улогата на Собранието во процесот на усогласување на законодавството, во Пристап кон Европската унија: Изработка на економското законодавство- прирачник“, Министерство за економија во Владата на РМ, Скопје, 2004 година (објавено на англиски и македонски јазик);
  11. „Улогата на Постојаната анкетна комисија на Собраниетона РМ за заштита на слободите и правата на граѓанинот во заштитата на човековите права во конфликтни и постконфликтни ситуации во македонското општество“ во Траумата и психолошките појави како последица на конфликтот како извор на загрозување на човековите права (збирка на трудови од научна трибина), Фондација Фридрих Еберт-Канцеларија Скопје, Скопје, 2004 година (објавен на македонски, албански и англиски јазик);
  12. „Правна ревизија на: Консолидирани верзии на Договорот за Европската унија и на Договорот за основање на Европската заедница“, (заедно со д-р Татјана Петрушевска, Форум за евро-атлантска интеграција на Република Македонија, Скопје, 2005;
  13. „Европскиот устав и развојот на демократската и парламентарната димензија на Европската унија (со посебен осврт врз импликацциите за Република Македонија)“, Зборник на трудови на Правниот факултет „Јустинијан Први„, Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ и Правниот факултет при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, Актуелни прашања за државата и правото на Република Македонија и Руската федерација, Том 2, Скопје, 2007(објавен на македонски и руски јазик) ;
  14. „Филозофија на меѓународното право“, Зборник на Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје, посветен на проф.д-р Тодор Џунов, Скопје, 2009;
  15. „Престанок на пратенички мандат (споредбено и во Република Македонија)“- Зборник на Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје посветен на проф.д-р Владимир Митков, 2010;

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

[1] [2] [3] [4] [5] [6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2015-03-07.
  2. http://www.sobranie.mk/default.asp?itemid=e5b4b461db25cd44963f178ad88346bf
  3. https://www.youtube.com/watch?v=-vS2se6WClU
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-07.
  5. http://www.patvideo.com/W4aTZan_NnQ/video/-------.html
  6. http://www.academia.edu/7672182/Law_Politics_and_the_Constitution._New_Perspectives_from_Legal_and_Political_Theory