Карло V (Свето римско царство)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карло V
Titian - Portrait of Charles V Seated - WGA22964.jpg
Карло V од Тицијан, 1548. Стара ликовна галерија, Минхен, Германија
цар на Светото римско царство;
крал на Германија;
крал на Италија
На престол 28 јуни 1519 - 27 август 1556[1]
Крунисување 26 октомври 1520, Ахен (крал на Германија)
22 февруари 1530, Болоња (крал на Италија)
24 февруари 1530, Болоња (цар)
Претходник Максимилијан I
Наследник Фердинанд I
крал на Шпанија
со Хуана до 1555
На престол 23 јануари 1516 – 16 јануари1556
Претходник Хуана
Наследник Филип II
лорд на Холандија и палатински гроф на Бургоња
На престол 25 септември 1506 – 25 октомври 1555[2]
Претходник Филип I од Кастилија
Наследник Филип II од Шпанија
Сопружник Изабела од Португалија
Деца
Филип II, крал на Шпанија
Марија, царица на Светото римско царство
Хуана, принцеза на Португалија
Хуан од Австрија (незаконски)
Маргарита, војводка на Фиренца и на Парма (незаконска)
Династија Хабсбуршка династија
Татко Филип I од Кастилија
Мајка Хуана I Кастилјска
Роден(а) 24 февруари 1500
Гент, Фландрија
Починал(а) 21 септември 1558 (58 години)
Јусте, Шпанија
Почивалиште Ескоријал, Св. Лаврентиј „Ескоријал“, Шпанија
Потпис
Вероисповед римски католицизам
Грбот на Карло, надвојвода на Австрија, војвода на Бургоња, КГ (англиски: KG (Knight of the Garter)) во времето на неговото at the time of his номинирање како витез на најблагородничкиот ред, Редот на подвеската

Карло V (германски: Karl V.; шпански: Carlos I; хрватски: Karlo V; холандски: Karel V; италијански: Carlo V; чешки: Karel V.; француски: Charles Quint; 24 февруари 1500 – 21 септември 1558) владеел со Светото римско царство од 1519 година до 1556 година и како Карло I, со Шпанската империја од 1516 до 1556 година. Во 1556 година тој доброволно се повлекол и се откажал од титулата цар на Светото римско царство во полза на својот помлад брат Фердинанд I и од титулата крал на Шпанија во полза на својот син Филип II.

Карло бил престолонаследник на три европски водечки династии— Хабсбуршката династија на Хабсбуршката монархија; династијата Валоа-Бургоња на бургоњска Холандија и Трастамарската династија на круните на Кастилија и на Арагон—владеел со широки области во Централна, Западна и Јужна Европа и со шпанските колонии во Северна и Јужна Америја и во Азија. Бидејќи Карло бил првиот крал што едновремено владеел со Кастилија, со Леон и со Арагон, тој станал првиот крал на Шпанија.[3] Во 1519 година тој станал цар на Светото римско царство и надвојвода на Австрија. Со тоа, неговото царство се протегало речиси четири милиони километри квадратни низ Европа, низ Далечниот Исток и низ Северна и Јужна Америка.[4]

Карло посветил долго време од своето владеење на Италијанските војни против Франција коишто иако премногу скапи, биле успешни на воен план. По решавачката хабсбуршка победа во битката кај Павија во 1525 година,[5] силите на Карло ги повратиле Милано и Франш-Конте од Франција, што пак го предизвикало францускиот крал Франсоа I да ја формира Француско-отоманската алијанса. Противникот на Карло - Сулејман Величествениот поразувајќи ги христијаните во Мохачката битка во 1526 година го освоил централниот дел на Кралството Унгарија. Сепак, по неуспешниот обид да ја заземат Виена во 1529г. напредокот на Отоманците запре.

Со исклучок на неговите воени залагања, Карло бил најпознат по улогата што ја имал во спротивставувањето на протестантската Реформација.[6] Неколку германски принцови ја напуштиле Католичката црква и ја формирале Шмалкалденската лига со цел со воена сила да го оспорат неговиот авторитет. Неподготвен да дозволи религислите војни да навлезат во неговите други домени, Карло настојувал да се свика Советот од Трент, којшто ја започнал Противреформацијата. За време на неговото владеење, Св. Игнасио од Лојола ја основал Дружбата Исусоваза да може мирно и интелектуално да се бори против протестантизмот, а континентална Шпанија била поштедена од религиски конфликт главно поради мирните мерки на Карло.[7]

Во Новиот свет, Шпанија ги освоила Ацтеките од Мексико и Инките од Перу, па ја проширила својата контрола во поголем дел од Јужна и Централна Америка. Карло ја надгледувал Шпанската колонизација на Северна и Јужна Америка. Тој му обезбедил пет брода на Фернандо Магелан чиешто патување — првото поморско обиколување на Земјата — ги поставило темелите на империјата на Шпанија во Тихиот Океан и ја започнало шпанската колонизација на Филипините.

Иако постојано во војна, Карло го сакал мирот. „Не беше алчен за територија“, напишал Маркантонио Контарини во 1536г., „но беше многу алчен за мир и тишина“.[8]Терците биле главните трупи за време на целото негово владеење. Тој се повлекол во 1556г. и Хабсбуршката монархија преминала во рацете на неговитот помлад брат, Фердинанд, додека пак Шпанската империја ја наследил неговиот син Филип II. Двете империи ќе останат сојузници сѐ до XVIII век.

Карло имал само 54 години кога се повлекол, но по 34 години енергично владеење тој бил физички исцрпен и мирот го побарал во манастирот во којшто и починал на 58-годишна возраст. Тој ја оставил Германија јасно разделена поради религијата, а Шпанија ја оставил речиси пред банкрот и на работ да ја изгуби Холандија во револт заснован на религијата.

Наследство и младост[уреди]

Карло е роден во 1500 година во фламанскиот град Гент и тој бил најстариот син на Филип Убавиот и Хуана Лудата. Културата и учтивиот живот на бургундските Ниски Земји значително влијаеле врз неговата младост. Него го подучувале Гијом де Крој (кој подоцна станал прв негов премиер) и Адријан од Утрехт (подоцна папа Адријан VI). Се вели дека Карло зборувал неколку локални јазици: течно зборувал германски, француски и фламански јазик, а подоцна почнал умерено да го владее и шпанскиот јазик којшто кастилискиот парламент (шпански:Cortes Generales) го поставил како услов за да стане крал на Кастилија. Една духовита изрека што понекогаш му се припишува на Карло е:„На Господ му зборувам на шпански, на жените на италијански, на мажите на француски, а на мојот коњ пак, на германски.“ Но оваа изрека има неколку варијанти и честопати му се припишува и на Фридрих Велики.[9]

Од своите бургундски предци Карло ја наследил двосмислената врска со француските кралеви. Заедничко со Франција му биле мајчиниот француски јазик и многу културни форми. Во својата младост тој често го посетувал Париз, најголемиот град во Западна Европа во тоа време. Велел:„Париз не е град, туку универзум.“ (Lutetia non urbs, sed orbis). Карло бил свршен и со Луиза и со Шарлота од Валоа, ќерки на францускиот крал Франсоа I, но и двете починале во своето детство. Исто така, Карло ја наследил традицијата на политичко и династијско непријателство помеѓу кралските и бургундските војводски редови од династијата Валоа.

Иако Шпанија била сржта на неговите поседи, тој никогаш целосно не се асимилирал и особено на помлади години чувствувал дека го гледаат како странски принц. Шпанскиот јазик не го говорел многу добро бидејќи не му бил прв јазик. Сепак, најголемиот дел од животот го поминал таму, вклучувајќи ги и неговите последни години во шпански манастир. Имено, мотото на Карло, Plus Ultra(„Уште подалеку“) станало државно мото на Шпанија.

Владеење[уреди]

Бургоња и Ниските Земји[уреди]

Во 1506г. Карло ги наследил бургоњските територии на својот татко, особено Ниските Земји и Франш – Конте, повеќето од кои биле феуди на Германското кралство (дел од Светото римско царство) со исклучок на неговото родно место, Фландрија, која сѐ уште била феуд на Франција, последната останка од некогашниот моќен играч во Стогодишната војна. Бидејќи царот Максимилијан ја назначил поради тоа што Карло бил малолетен, неговата тетка Маргарита од Австрија родена како надвојводка на Австрија, била намесник до 1515г. и наскоро таа се впуштила во војна со Франција поради тоа што од Карло било побарано да му укаже чест на францускиот крал за Фландрија, како што направил и неговиот татко. Исходот бил таков што во 1528г. Франција се откажала од своето поранешно право за барање на Фландрија.

Од 1515г. до 1523г., владата на Карло во Холандија морала да се справи и со бунтот на селаните од Фризија(предводени од Пјер Герлофс Донија и Вијард Јелкама). Во почетокот бунтовниците биле успешни, но во 1523г., по низа порази, преостанатите лидери биле фатени и обезглавени.

Со припојувањето на Турне, Артоа, Утрехт, Гронинген и Гелдерн Карло ја проширил територијата на Бургундија. Седумнаесетте провинции биле феуди или на Франција или на Светото Римско Царство пред бургундските предци на Карло да ги обединат. Во 1549г. Карло изрекол Прагматичка санкција, изјавувајќи дека Ниските Земји се обединет ентитет чиишто престолонаследници ќе бидат членови на неговото семејство.[10]

Ниските Земји заземале важно место во Царството. Самиот Карло V ги сметал за негов дом, регионот кадешто тој се родил и кадешто го поминал своето детство. А поради трговијата, индустријата и богатите градови тие биле и значаен приход за државната ризница.

Шпанија[уреди]

царот Карло V

Карло бил прогласен за принц на Астуријас, неоспорив наследник на неговата мајка кралицата Хуана во кастилијскиот парламент во Валјадолид од 1506г. и во Мадрид од 1510г.[11] Од друга страна, во 1502г., арагонскиот парламент којшто заседавал во Сарагоса, положил заклетва на неговата мајка Хуана како веројатна наследничка, но архиепископот од Сарагоса цврсто изјавил дека таквата заклетва не може да го затврди правото сѐ додека не се измени правото на наследување на тронот, но преку формален договор помеѓу парламентот и кралот.[12][13] Така, со смртта на неговиот дедо, кралот Фердинанд II од Арагон на 23 јануари 1516г., Арагонската круна која се состоела од Арагон, Каталонија, Валенсија, Наполи, Сицилија и Сардинија ја наследила мајка му Хуана; додека пак Карло станал генерален гувернер.[14] Меѓутоа, Фламанците сакале Карло да ја понесе кралската титула, а нивната желба ја поддржувале и неговиот дедо, царот Максимилијан I, и папата Лав X. На овој начин, по закопот на Фердинанд II на 14 март 1516г., тој бил прогласен за крал на Кастилија и на Арагон, заедно со неговата мајка. Најпосле, кога намесникот на Кастилија, кардиналот Хименез де Сиснерос го прифатил fait accompli, тој се согласил со желбата на Карло да се прогласи за крал и ја наметнал неговата изјава низ кралството.Со ова, градовите го признавале Карло како крал што владеел заедно со својата мајка.[15]

Карло пристигнал во своето ново кралство во есента, 1517 година. Неговиот намесник Хименез де Сиснерос дошол да го пречека, но по пат се разболел (постојат сомнежи дека бил отруен) и умрел пред успее да го види кралот.[16]

Поради нерегуларноста при преземањето на кралската титула, кога неговата мајка, законската кралица, била жива, преговорите со кастилијскиот парламент во Валјадолид (1518г.) се одвивале тешко,[17] но на крајот Карло бил прифатен под следниве услови: да научи да зборува кастилиски, да не назначува странци, да не зема скапоцени метали од Кастилија, да ги почитува правата на својата мајка, кралицата Хуана. Кортесот му оддал почит во Валјадолид во февруари 1518г., по што Карло заминал за Кралството Арагон. Тој успеал да го надмине отпорот на арагонскиот и на каталонскиот парламент,[18] и конечно бил признаен за крал на Арагон, заедно со неговата мајка.[19]

Карло бил прифатен како владетел, и покрај тоа што Шпанија била загрижена за начинот на кој тој ќе владее со империјата. Дотогашните шпански монарси отскокнувале од законите; монархијата била спротивна од луѓето. Со Карло таа станала поапсолутна, иако тој не владеел сам со кралството сѐ до смртта на неговата мајка во 1555г.

Набрзо, поради високото оданочување (парите се користеле за војни во странство, повеќето од кои не ги интересирале Кастилијанците) и поради склоноста на Карло да поставува Фламанци на вискоки позиции во Шпанија и Америка игнорирајќи ги кандидатите од Кастилија, отпорот против него пораснал.Тој кулминирал со Војната на задругите на Кастилија (шпански: Guerra de las Comunidades de Castilla), што Карло ja задушил. По ова, Кастилија била интегрирана во Хабсбуршката империја и ја обезбедила масата на воените и финансиските ресурси на империјата. Огромниот буцетски дефицит што се насобрал за време на владеењето на Карло резултирал со тоа што Шпанија објавила банкрот за време на владеењето на Филип II.[20]

Италија[уреди]

Портрет на Карло V качен на коњ од Антонис ван Дајк, 1620г. галерија Уфици, Фиренца, Италија

Круната на Арагон што Карло ја наследил го вклучувала Кралството Наполи, Кралството Сицилија и Кралството Сардинија. Арагон претходно управувал и со Миланскoто војводство, но една година пред Карло да го преземе тронот, тоа било припоено кон Франција по битката кај Марињано во 1515 година.Карло успеал повторно да го заземе Миланo во 1522г. кога империските трупи ја поразиле француско-швајцарската армија кај Бикока. Сепак, во 1524г. францускиот крал Франсоа I повторно презел иницијатива, преминувајќи во Ломбардија кадешто Милано, заедно со уште неколку други градови, уште еднаш подлегнале на неговите напади. Само Павија успеала да се одбрани и токму тука, на 24 февруари 1525г. (на дваесет и петтиот роденден на Карло), империските сили на Карло го заробиле Франсоа и ја разбиле неговата војска, уште еднаш повратувајќи си ги Милано и Ломбардија. Шпанија успешно ги чувала сите свои италијански територии, и покрај тоа што за време на Италијанските војни тие биле напаѓани во повеќе наврати.Освен тоа, Отоманската имеприја постојано ја нарушувала хабсбуршката трговија на Медитеранот. Во 1538г. се формирала Света лига којашто се состоела од сите италијански земји и од Шпанија, за да ги оттурне Отоманлиите, но таа била поразена во битката кај Превеза. Карло не успеал да оствари решавачка поморска победа; таа ќе се случи дури по неговата смрт, во битката кај Лепанто во 1571 година.

Америка[уреди]

Портрет на царот, според Тицијан

За време на владеењето на Карло, конквистадорите како Ернан Кортес и Франциско Пизаро значително ги прошириле териториите во Нова Шпанија и го предизвикале падот на империите на Ацтеките и на Инките за нешто повеќе од 10 години. Заедно со поморските експедиции околу светот на Магелан во 1522г., овие успеси го увериле Карло во неговата божја мисија да стане лидер на Христијанскиот свет на којшто сѐ уште му се заканувала опасност од Исламот. Освојувањата помогнале и во зацврстувањето на владеењето на Карло со тоа што ја снабдиле државната благајна со огромни количини златни и сребрени шипки. Како што забележал конквистадорот Бернал Дијаз дел Кастилјо, „Дојдовме да му служиме на Бога и на нашиот цар, да ги просветлиме оние што се во темнина, и да го стекнеме богатството по кое многумина копнеат.“[21]

Карло не можел да ги исплати долговите што ги имал кон Бартоломео В. Велсер па, за возврат, во 1528г. му доделил концесија во провинцијата Венецуела. Концесијата, позната како Клајн-Венедиг (мала Венеција), во 1546г. била поништена. Во 1550г., Карло свикал конференција во Валјадолид за да ја разгледа моралноста на силата употребена врз домородното население на Новиот свет, на којашто присуствувале истакнати личности како Бартоломе де лас Касас.

Првата идеја за изградба на Панамскиот Канал на американскиот превлак што се појавила уште во 1520г. му се припишува токму на Карло V.[22]

Светото римско царство[уреди]

Карло ја наследил Хабсбуршката монархија во 1519г., по смртта на неговиот дедо Максимилијан, татко на неговиот татко. Исто така, тој бил природен кандидат на избирачите (герм: Kurfürst) да го наследи неговиот дедо и да стане цар на Светото римско царство. Тој ги поразил кандидатурите на Фридрих III, избирач на Саксонија, на францускиот крал Франсоа I и на англискиот крал Хенри VIII. На 28 јуни 1519г. со едногласната одлука на избирачите, Карло ја добил круната. Во 1530г. во Болоња, папата Климент VII го крунисал за цар на Светото римско царство и тој е последниот цар кој примил папско крунисување.[23][24]

И покрај тоа што се наоѓал на тронот на Светото римско царство, германските принцови го ограничувале неговиот авторитет. Тие добиле силна потпора од териториите во Царството, а Карло бил решен да не дозволи тоа да се случи и во Холандија. Уште во 1522г. се формирала инквизиција. Во 1550г. била воведена смртна казна за сите случаи со непокајнички ерес. И политичките разидувања биле строго контролирани, особено во неговото родно место, кадешто Карло, потпомогнат од војводата од Алба, лично го задушил бунтот од Гент во средината на февруари, 1540г.[10]

Во 1556г. Карло абдицирал во полза на својот брат Фердинанд; сепак, поради долгата расправа и бирократската процедура, рајхстагот (германски: Reichstag - Царско собрание) не го прифатил абдицирањето (и со тоа не го направил законски валидно) сѐ до 24 февруари 1558г. Дотогаш, Карло и понатаму ја користел титулата император.

Франција[уреди]

териториите на Карло V (црвени, виолетови, портокалови, жолти и светложолти) што ја опкружувале Франција(не е прикажана шпанската колонијална империја).

Во поголемиот дел од владеењето, Карло бил преокупиран со конфликтите со Франција којашто додека сѐ уште ги оддржувала амбициите во Италија, била опкружена со царството на Карло. Во 1520г. Карло ја посетил Англија кадешто тетка му, Катерина Арагонска, го наговорила својот маж, Хенри VIII, да се здружи со царот. Првата војна со најголемиот одмаздник на Карло, францускиот крал Франсоа I започнала во 1521г. Карло формирал сојуз со Англија и со папата Лав X против Французите и против венецијанците и бил прилично успешен, оттурнувајќи ги Французите надвор од Милано и поразувајќи и заробувајќи го Франсоа во битката кај Павија во 1525г. За да ја добие својата слобода, францускиот крал бил принуден да му ја отстапи Бургоња на Карло во Договорот од Мадрид (1526г.).

Сепак, по ослободувањето, Франсоа му наредил на парламентот да го поништи договорот бидејќи бил потпишан под принуда. Потоа Франција се приклучила кон Лигата од Коњак што папата Климент VII ја формирал со англискиот крал Хенри VIII, со венецијанците, со фирентинците, со миланците за да се спротивстави на империската доминација на Италија. Во претстојната војна, Карловото ограбување на Рим (1527г.) и виртуелното затворање на папата Клемент VII во 1527г. го спречило папата да го поништи бракот помеѓу англискиот крал Хенри VIII и тетка му на Карло, Катерина Арагонска, па Хенри конечно ги раскинал врските со Рим, со што довел до англиската Реформација.[25][26] Со други зборови, на војната и немало крај. Во договорот од Камбре (1529г.), наречен ,,Мирот на дамите“ затоа што на него преговорите се воделе помеѓу тетката на Карло и мајката на Франсоа, Франсоа се откажал од неговите права на барање во Италија, но ја задржал контролата врз Бургундија.

Во 1535г. избила и трета војна, откако по смртта на последниот Сфорца војвода од Милано, иако Франсоа имал право на неа, сепак Карло си го сместил својот син, Филип, во војводството. И оваа војна не можела да се заврши. Франсоа не успеал да го освои Милано, но затоа пак, успеал да ги освои повеќето области од сојузникот на Карло, војводата од Савоја, вклучувајќи ја и неговата престолнина, Торино. Војната ја завршило примирјето од Ница во 1538г. засновано на uti possidetis, но тоа траело кратко. Во 1542г. војната продолжила, но овој пат Франсоа склучил сојуз со отоманскиот султан Сулејман I, а Карло повторно склучил сојуз со Хенри VIII. И покрај тоа што француско-отоманската флота ја освоила Ница, Французите не можеле да продрат во Хуарез, додека пак, здружената англо-империска инвазија на Северна Франција предводена од самиот Карло постигнала неколку успеси, но на крајот била прекината, што довело до друг мир и обновување на status quo ante во 1544 година.

Последната војна избила во 1551г. со синот и наследникот на Франсоа, Анри II. Во оваа војна Анри постигнал рани успеси во Лорен, кадешто го заробил Мец, но во Италија, француските напади и понатаму биле неуспешни. Карло абдицирал сред конфликтот, оставајќи го понатамошниот тек на војната во рацете на својот син Филип II и на неговиот брат Фердинанд I, цар на Светото римско царство.

Конфликти со Отоманската империја[уреди]

Карло континуирано војувал со Отоманската империја и нејзиниот султан, Сулејман Величествениот. Големиот пораз на Унгарците во Мохачка битка (1526)IМохачката битка во 1526г. „прати бран на терор низ Европа“.[27][28] Сепак, муслиманскиот напредок во Централна Европа запрел во Виена во 1529г.

Карло V на коњ во Милберг. Тицијан. 1548г. музеј Прадо, Мадрид, Шпанија

Од друга страна, натпреварот помеѓу Карло и Сулејман за превласт над Медитеранот видливо бил во полза на султанот и покрај победите на Шпанија, меѓу кои и освојувањето на Тунис во 1535г. По стварената победа во Превеза во 1538г. и по загубата на Џерба во 1560г. (набрзо по смртта на Карло) којашто сериозно ја десеткуваше шпанската поморска војска, редовната отоманска флота започнала да доминира во источниот дел на Медитеранот. Во исто време, муслиманските Берберски корсари, дејствувајќи под генерална надлежност и надзор на султанот, постојано ги уништувале шпанските и италијанските брегови, осакатувајќи ја шпанската трговија и рушејќи ги темелите на хабсбуршката сила.

Во 1536г. францускиот крал Франсоа I склучил сојуз со Сулејман против Карло. Додека го убедувале Франсоа да го потпише мировниот договор во 1538г., тој во 1542г. повторно се здружил со Отоманците во Француско-отоманска алијанса. Во 1543г. Карло склучил сојуз со Хенри VIII и го присилил Франсоа да го потпише Примирјето од Крепи-ен-Лаоноа. Подоцна, во 1547г., Карло потпишал понижувачки[29] договор со Отоманците со цел да здивне од огромните трошоци од нивната војна, во којашто на него гледале како еднаков на големиот везир на Отоманската империјаИбрахим Паша во тоа време[30] – и бидејќи во светот можело да постои само еден цар, а тоа бил Сулејман, тој бил познат единствено како крал на Шпанија. Сепак, протестантските сили во рајхстагот често гласале против трошење пари за неговите Турски војни бидејќи многу протестанти го сметале муслиманскиот напредот за противтежа на католичките моќи.

Обидувајќи се да создаде Хабсбуршко–персиска алијанса, Карло V се приближил до Сафавидската империја со цел да отворат втор фронт против Отоманите. Контактите биле позитивни, но поради огромните далечини се покажале тешки. Всушност, Сафавидите навистина се впуштиле во конфликт со Отоманската империја во Отоманско-сафавидската војна (1532-1555), принудувајќи ја да ги раздели своите воени ресурси.[31]

Протестантската Реформација[уреди]

Карло V во подоцнежни години

Како цар на Светото римско царство, Карло го повикал Мартин Лутер во собранието во Вормс во 1521г., ветувајќи му безбедено заседавање доколку се појави. Иако во почеток ги отфрлил тезите на Лутер како „аргумент меѓу калуѓери’’, подоцна истата година ги протерал него и неговите следбеници, но бил зафатен со други проблеми и не можел да преземе акција против протестантизмот.

Во периодот од 1524г. до 1526г. избувнало Востанието на селаните во Германија, а во 1531г. се создала лутеранската Шмалкалдишка лига. Карло му доверил поголема одговорност за Германија на својот брат Фердинанд додека тој се сосредоточил на проблемите што се јавиле во другите територии.

Во 1545г., отворањето на Трентскиот собор ја започнало Противреформацијата и во спорот околу католицизмот, Карло победил некои од принцовите на Светото римско царство. Во 1546г. (годината кога Лутер починал од природна смрт), тој ја забранил Шмалкалдишката лига (којашто ја имала заземано територијата на друг принц). Тој ги оттурнал трупите на Лигата од јужниот дел на Германија и во 1547г. во битката кај Милберг го поразил Јохан Фридрих, избирачот од Саксонија и го заробил Филип од Хесе. Во Аугсбуршкиот интерим од 1548г. тој создадал привремено решение давајќи им на протестантите одредена слобода додека Трентскиот совет да си го поврати единството. Сепак, протестантите воглавно го презирале Интеримот, а некои и активно му се спротивставувале. Протестантските принцови заедно со францускиот крал Анри II во 1552г. бунтувале против Карло, што го принудило да се повлече во Холандија.

Здравје[уреди]

Карло страдал од проширена долна вилица, деформитет кој значително се влошил во подоцнежните хабсбуршки генерации, што довело до појавување на терминот хабсбуршка вилица. Ваквиот деформитет бил предизвикан од тоа што фамилијата долго време практикувала бракови помеѓу сродници, што тогашните кралски фамилии обично го практикувале за да ја одржат контролата на династијата врз територијата. Тој се напрегал правилно да ја џвака храната и како резултат на тоа, во најголемиот дел од животот страдал од лошо варење на храната. Затоа, обично јадел сам.[32] Карло страдал од епилепсија[33] и сериозно страдал од гихт (костобол) којшто најверојатно бил предизвикан од неговиот режим на исхрана што се состоел претежно од крваво месо.[34] Како што стареел, гихтот преминал од болен во парализирачки. При неговото повлекување, тој на носилка бил внесен во манастирот Св.Јусте. Се изградила и специјална платформа за да му овозможи лесен пристап до неговите одаи.[32]

Абдикација и старост[уреди]

На 25 октомври 1555г., Карло абдицирал од сите негови титули освен од грофовијата Шароле, предавајќи му ја Шпанската империја ( континентална Шпанија, Холандија, Наполи-Сицилија, Ломбардија и шпанските колонии во Северна и Јужна Америка) на својот син, Филип. Неговиот брат Фердинанд, под чија власт веќе биле хабсбуршките земјишта на династијата, го наследил како цар на Светото римско царство. Карло се повлекол во манастирот Св.Јусте во Екстремадура, но продолжил широко да се допишува и да биде заинтересиран за ситуацијата во империјата. Страдал од силна костобол и некои сколастичари сметаат дека Карло одлучил да абдицира откако напад на гихт во 1552г. го присилил да го одложи обидот за повторно заземање на Мец, кадешто подоцна бил поразен. Тој живеел сам во изолиран манастир кадешто на секој ѕид биле поставени саати за кои некои историчари сметаат дека го симболизираат владеењето на Карло и неговиот недостиг од време.[35]

Карло умрел на 21 септември 1558г. од маларија.[36] По дваесет и шест години, неговите останки биле префрлени во кралскиот пантеон во манастирот Св. Лаврентиј „Ескоријал“.

Брак и деца[уреди]

На 10 март 1526г. во Севилја, Карло се оженил со својата прва братучетка Изабела од Португалија, сестра на португалскиот крал Жоао III. Некои од нивните деца се:

Изабела често управувала со Шпанија додека Карло бил во други земји. Поради тоа што Филип II бил внук на португалскиот крал Мануел I од страната на својата мајка, тој бил на ред за наследувањето на тронот на Португалија и по смртта на својот вујко (Енрике, кралот-кардинал, во 1580г.) го побарал, формирајќи ја со тоа Ибериската унија.

Карло имал и неколку љубовници. Две од нив родиле двајца идни гувернери на хабсбуршка Холандија:

Титули[уреди]

Карло V, издигнат на тронот над поразените непријатели (од лево): Сулејман, папата Климент VII, Франсоа I, војводата од Клеве, војводата од Саксонија и ландгравот од Хасе. Џулио Кловио, средина на XVI век.
Title Date from Date to Regnal name
Blason fr Bourgogne.svg почесен војвода на Бургоња 25 септември 1506 16 јануари 1556 Карло II
Coat of arms of Brabant.svg војвода на Брабант 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Limburg New Arms.svg војвода на Лимбург 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Austria coat of arms simple.svg војвода на Лотиер 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Armoiries Comtes de Luxembourg.svg војвода на Луксембург 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло III
Namur Arms.svg марграв на Намир 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Blason comte fr Nevers.svg [37] палатински гроф на Бургоња 25 септември 1506 5 февруари 1556 Карло II
Artois Arms.svg гроф на Артоа 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Blason Charolais.svg [38] гроф на Шароле 25 септември 1506 21 септември 1558 Карло II
Arms of Flanders.svg гроф на Фландрија 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло III
Hainaut Modern Arms.svg гроф на Ено 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Counts of Holland Arms.svg гроф на Холандија 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Coatofarmszeeland.PNG гроф на Зеланд 25 септември 1506 25 октомври 1555 Карло II
Guelders-Jülich Arms.svg војвода на Гелдерн 12 септември 1543 25 октомври 1555 Карло III
Escudo de Zutphen 1581.png гроф на Зутфен 12 септември 1543 25 октомври 1555 Карло II
Escudo Corona de Castilla.png крал на Кастилија и на Леон 14 март 1516 16 јануари 1556 Карло I (со Хуана, 14 март 1516 – 12 април 1555)
Escudo Corona de Aragon y Sicilia.png крал на Арагон и Сицилија 14 март 1516 16 јануари 1556 Карло I (со Хуана, 14 март 1516 – 12 април 1555)
Armas del reino de Nápoles - Casa de Austria.svg крал на Наполи 14 март 1516 25 јули 1554 Карло IV (со Хуана III, 14 март 1516 – 25 јули 1554)
Holy Roman Empire Arms-single head.svg крал на Романите 28 јуни 1519 24 февруари 1530 Карло V
Holy Roman Empire Arms-double head.svg цар на Светото римско царство 24 февруари 1530 24 февруари 1558 Карло V
Austria coat of arms simple.svg надвојвода на Австрија 12 јануари 1519 12 јануари 1521 Карло I

За време на владеењето на Карло, титулите крал на Унгарија, на Бохемија и на Хрватска биле инкорпорирани во империската фамилија, но нив теоретски и реално ги имал неговиот брат Фердинанд, кој го започнал четиривековното хабсбуршко владеење врз овие источни територии.

Сепак, според тестаментот на Карло V, титулите крал на Унгарија, на Далмација и на Хрватска и другите титули му биле оставени во наследство на неговиот внук, синот на Филип II, детинастиот Карлос, принц на Астурија, кој починал кога бил млад.

Вкупниот збир од сите титули на Карло гласел:

Карло, со Божја милост, цар на Светото римско царство, засекогаш Август, крал на Германија, крал на Италија, крал на сите Шпании, на Кастилија, Арагон, Леон, на Унгарија, на Далмација, на Хрватска, Навара, Гренада, Толедо, Валенсија, Галиција, Мајорка, Севилја, Кордова, Мурсија, Хаен, Алгарвес, Алхесирас, Гибралтар, Канарските Острови, крал на двете Сицилии, на Сардинија, Корзика, крал на Ерусалим, крал на Западна и Источна Индија, на островите и копната во океанското море, надвојвода на Австрија, војвода на Бургундија, Брабант, Лорен, Штаерска, Корушка, Крањска, Лимбург, Луксембург, Гелдерланд, Неопатрија, Виртемберг, ландграв на Алзас, принц на Швабија, Австрија и Каталонија, гроф на Фландрија, Хабсбург, Тирол, Горица, Барселона, Артоа, Бургундија Палатин, Ено, Холандија, Зеланд, Ферет, Кибург, Намир, Русијон, Сердања, Дренте, Зутфен, маркграф на Светото римско царство, Бургау, Ористано и Гочано, лорд на Фризија, на Вендскиот марш, Порденоне, Бискаја, Молин, Сален, Триполи и Мехелен.

Грб[уреди]

Витешки редови[уреди]

Карло V бил член на следниов витешки ред:

Предци[уреди]

Белешки[уреди]

  1. Date of Charles's abdication; 24 февруари 1558г., the college of electors assembled at Frankfort accepted the instrument of Charles V's imperial resignation and declared the election of Ferdinand as emperor [1] [2]
  2. Abdication of Brussels“. Books.google.es. http://books.google.es/books?id=idjdQOYlK-4C&lpg=PA39&dq=&lr&as_brr=3&pg=PA39#v=onepage&q=&f=true. конс. 8 јуни 2012. 
  3. Michael de Ferdinandy. Charles V. Encyclopedia Brittanica.
  4. Hermann Wiesflecker. Maximilian I. Encyclopedia Brittanica
  5. Blockmans, Emperor Charles V, 60, 68; Guicciardini, History of Italy, 363–364; Oman, Art of War, 211.
  6. Dennis Bratcher (ed.). The Edict of Worms (1521).
  7. Henry Kamen, "Toleration and Dissent in Sixteenth-Century Spain: The Alternative Tradition." The Sixteenth Century Journal, Vol. 19, No. 1 (Spring, 1988), pp. 3–23.
  8. Charles V, Luminarium.org. Excerpted from Encyclopædia Britannica, 11th Ed. 1910 Vol XV. p 141“. http://www.luminarium.org/encyclopedia/charles5.htm. 
  9. Burke, "Languages and communities in early modern Europe" p. 28; Holzberger, "The letters of George Santayana" p. 299
  10. 10,0 10,1 Kamen, Henry (2005). „Spain, 1469–1714: a society of conflict“ (3rd издание). Harlow, United Kingdom: Pearson Education. ISBN 0-582-78464-6. http://www.pearsoned.co.uk. 
  11. Cortes de los antiguos reinos de León y de Castilla; Manuel Colmeiro (1883), chapter XXIII
  12. Estudio documental de la moneda castellana de Carlos I fabricada en los Países Bajos (1517); José María de Francisco Olmos, Revista General de Información y Documentación 2003, vol 13, núm.2 (Universidad complutense de Madrid), page 137
  13. Estudio documental de la moneda castellana de Juana la Loca fabricada en los Países Bajos (1505–1506); José María de Francisco Olmos, Revista General de Información y Documentación 2002, vol 12, núm.2 (Universidad complutense de Madrid), page 299
  14. Estudio documental de la moneda castellana de Carlos I fabricada en los Países Bajos (1517); José María de Francisco Olmos, page 138
  15. Estudio documental de la moneda castellana de Carlos I fabricada en los Países Bajos (1517); José María de Francisco Olmos, pp. 139–140
  16. Encyclopædia Britannica, 1911 edition.
  17. Cortes de los antiguos reinos de León y de Castilla; Manuel Colmeiro (1883), chapter XXIV
  18. Historia general de España; Modesto Lafuente (1861), pp. 51–52.
  19. Fueros, observancias y actos de corte del Reino de Aragón; Santiago Penén y Debesa, Pascual Savall y Dronda, Miguel Clemente (1866), page 64
  20. Elliot, J.H. Imperial Spain 1469–1716. Penguin Books (New York: 2002), pg. 208.
  21. Prescott, William Hickling (1873). „History of the Conquest of Mexico, with a Preliminary View of Ancient Mexican Civilization, and the Life of the Conqueror, Hernando Cortes“ (3rd издание). Electronic Text Center, University of Virginia Library. ISBN 1-152-29570-5. http://etext.virginia.edu/toc/modeng/public/PreConq.html. 
  22. Haskin, Frederic (1913). „The Panama Canal“. Doubleday, Page & Company. 
  23. William Maltby, The Reign of Charles V (St. Martin's Press, 2002)
  24. Claims that he gained the imperial crown through bribery have been refuted. H.J. Cohn, "Did Bribes Induce the German Electors to Choose Charles V as Emperor in 1519?" German History (2001) 19#1 pp 1–27
  25. Holmes (1993), p192
  26. Froude (1891), p35, pp90-91, pp96-97 Note: the link goes to page 480, then click the View All option
  27. Quoted from: Bryan W. Ball. A Great Expectation. Brill Publishers, 1975. ISBN 90-04-04315-2. Page 142.
  28. Sandra Arlinghaus. „Life Span of Suleiman The Magnificent, 1494–1566“. Personal.umich.edu. http://www-personal.umich.edu/~sarhaus/larimore02/suleiman.html. конс. 8 јуни 2012. 
  29. In particular, in this Truce of Adrianople (1547) Charles was only referred to as "King of Spain" instead of by his extensive titulature. (see Crowley, p. 89)
  30. Stanley Sandler, уред. „Ground Warfare: An International Encyclopedia, Volume 1“. ISBN 1-57607-733-0. http://books.google.cz/books?id=L_xxOM85bD8C&pg=PT423&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 
  31. "A Habsburg-Persian alliance against the Ottomans finally brought a respite from the Turkish threat in the 1540s. This entanglement kept Suleiman tied down on his eastern border, relieving the pressure on Carlos V" in The Indian Ocean in world history? Milo Kearney – 2004 – p.112
  32. 32,0 32,1 Dr. Martyn Rady, University of London, lecture 2000.[се бара извор]
  33. H. Schneble. „German Epilepsy Museum Kork“. Epilepsiemuseum.de. http://www.epilepsiemuseum.de/english/prominente.html. конс. 8 јуни 2012. 
  34. "Tests confirm old emperor's gout diagnosis." His The Record. 4 August 2006, Nation.
  35. Alonso, Jordi; J. de Zulueta and others (August 2006). „The severe gout of Holy Roman Emperor Charles V“. „N. Engl. J. Med.“ 355 (5): 516–20. doi:10.1056/NEJMon060780. PMID 16885558. 
  36. de Zulueta, J. (June 2007). „The cause of death of Emperor Charles V“. „Parassitologia“ 49 (1–2): 107–109. PMID 18412053. 
  37. Tazón, Juan E. (2003). „The Life and Times of Thomas Stukeley, 1525–1578“. Google Libros. http://books.google.es/books?id=m9YdtLnRO_gC&lpg=PA41&dq=&pg=PA41#v=onepage&q&f=false. конс. 8 јуни 2012. 
  38. Conde de Charolais, título que llevó el emperador hasta su muerte (Miscelánea de artículos publicados en la revista "Hidalguía")“. Books.google.es. http://books.google.es/books?id=38OXKv62nWUC&lpg=PA333&dq=&pg=PA334#v=onepage&q&f=false. конс. 8 јуни 2012. 
  39. http://www.royalcollection.org.uk/microsites/knightsofthegarter/MicroObject.asp?row=21&themeid=455&item=22

Библиографија[уреди]

  • (англиски)Atkins, Sinclair. "Charles V and the Turks," History Today (Dec 1980) 30#12 pp 13–18
  • (англиски)Blockmans, W. P., and Nicolette Mout. The World of Emperor Charles V (2005)
  • (англиски)Brandi, Karl. The emperor Charles V: The growth and destiny of a man and of a world-empire (1939)
  • (англиски)Espinosa, Aurelio. "The Grand Strategy of Charles V (1500–1558): Castile, War, and Dynastic Priority in the Mediterranean," Journal of Early Modern History (2005) 9#3 pp 239–283.
  • (англиски)Espinosa, Aurelio. "The Spanish Reformation: Institutional Reform, Taxation, and the Secularization of Ecclesiastical Properties under Charles V," Sixteenth Century Journal (2006) 37#1 pp 3–24. in JSTOR
  • (англиски)Espinosa, Aurelio. The Empire of the Cities: Emperor Charles V, the Comunero Revolt, and the Transformation of the Spanish System (2008)
  • (англиски)Ferer, Mary Tiffany. Music and Ceremony at the Court of Charles V: The Capilla Flamenca and the Art of Political Promotion. Woodbridge: Boydell & Brewer, 2012. ISBN 9781843836995
  • (англиски)Froude, James Anthony (1891). „The Divorce Of Catherine Of Aragon“. Kessinger Publishing, reprint 2005. ISBN 1417971096. http://books.google.ie/books?id=n-Ecc8SnlC0C. 
  • (англиски)Holmes, David L. (1993). „A Brief History of the Episcopal Church“. Continuum International Publishing Group. ISBN 1563380609. http://books.google.ie/books?id=BsV-qSRKAnAC. 
  • (англиски)Howell, Robert B. (2000), „The Low Countries: A Study in Sharply Contrasting Nationalisms“, Barbour, Stephen; Carmichael, Cathie, „Language and nationalism in Europe“, Oxford: Oxford University Press, стр. 130–50, ISBN 0-19-823671-9 
  • (англиски)Kleinschmidt, Harald. Charles V: The World Emperor excerpt and text search
  • (англиски)Saint-Saëns, Alain, ed. Young Charles V. University Press of the South: New Orleans, 2000
  • (италијански) Salvatore Agati (2009). Carlo V e la Sicilia. Tra guerre, rivolte, fede e ragion di Stato, Giuseppe Maimone Editore, Catania 2009, ISBN 978-88-7751-287-1
  • (француски) D'Amico, Juan Carlos. Charles Quint, Maître du Monde: Entre Mythe et Realite 2004, 290p.
  • (германски) Norbert Conrads: Die Abdankung Kaiser Karls V. Abschiedsvorlesung, Universität Stuttgart, 2003 (text)
  • (германски) Stephan Diller, Joachim Andraschke, Martin Brecht: Kaiser Karl V. und seine Zeit. Ausstellungskatalog. Universitäts-Verlag, Bamberg 2000, ISBN 3-933463-06-8
  • (германски) Alfred Kohler: Karl V. 1500–1558. Eine Biographie. C. H. Beck, München 2001, ISBN 3-406-45359-7
  • (германски) Alfred Kohler: Quellen zur Geschichte Karls V. Wissenschaftliche Buchgesellschaft, Darmstadt 1990, ISBN 3-534-04820-2
  • (германски) Alfred Kohler, Barbara Haider. Christine Ortner (Hrsg): Karl V. 1500–1558. Neue Perspektiven seiner Herrschaft in Europa und Übersee. Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften, Wien 2002, ISBN 3-7001-3054-6
  • (германски) Ernst Schulin: Kaiser Karl V. Geschichte eines übergroßen Wirkungsbereichs. Kohlhammer, Stuttgart 1999, ISBN 3-17-015695-0
  • (германски) Ferdinant Seibt: Karl V. Goldmann, München 1999, ISBN 3-442-75511-5
  • (германски) Manuel Fernández Álvarez: Imperator mundi: Karl V. – Kaiser des Heiligen Römischen Reiches Deutscher Nation.. Stuttgart 1977, ISBN 3-7630-1178-1