Карлос Чавез
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Карлос Чавез | |
| Карлос Чавез фотографиран од Карл Ван Вехтен | |
| Роден | Карлос Антонио де Падуа Чавез и Рамирез 13 јуни 1899 Попотла, Мексико |
|---|---|
| Починал | 2 август 1978 Сиудад Мексико, Мексико |
| Националност | Мексиканец |
| Познат | Индијанска Симфонија, основач на Националниот Симфониски Оркестар на Мексико |
| Занимање | Композитор |
| Сопружник | Отилија Ортиз |
| Татко | |
| Родители | Аугустин Чавез |
| Деца | Анита Чавез |
Карлос Антонио де Падуа Чавез и Рамирез (шпански: Carlos Antonio de Padua Chávez y Ramírez, 13 јуни 1899 - 2 август 1978) бил мексикански композитор, диригент, учител, новинар и основач и директор на Националниот Симфониски Оркестар на Мексико. Бил под влијание на домородните мексикански култури. Од неговите шест симфонии, најпозната е Втората Симфонија, наречена Индијанска Симфонија (Sinfonía India) во која се користат перкусиони инструменти на племето Јаки.
Во неговото време, Карлос Чавез бил највлијателниот композитор во земјата, градејќи рафиниран и класичен музички израз. Освен шесте симфонии, има напишано повеќе од 200 дела, меѓу кои и балети и опери.
