Кард шеринг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кард шеринг (англиски: Card sharing) овозможува пристап до телевизиските канали (најчесто дигитални) на корисници кои немаат физички пристап до паметна картичка за соодветниот канал.

Овој начин на пристап до телевизиските канали може да биде легален и не легален.

Денешниот напредокот на технологијата овозможува повисок степен на заштита на паметните картички во поглед на нивно фалсификување. Тоа довело до зголемена популарност на кард шерингот за декрипција на телевизиските сигнали. Кард шерингот посебно е распространет во Европа каде корисниците од различни држави можат да примаат сигнал од сателитските телевизии од различни држави но не се во можност легално да се претплатат на истите поради разни лиценцни права на сопствениците на каналите во различни држави.

Кард шеринг е метод каде независни приемници овозможуваат симултан пристап до телевизиските мрежи со користење на легитимна претплатничка картичка. Типично, оваа картичка е вметната во персонален компјутер или приемник како што се Triple-Dragon или Dreambox, кој пак е поврзан преку компјутерска мрежа, или директно на Интернет. Приемникот е така конфигуриран да овозможува пристап на останатите приемници во мрежата до клучот за декриптирање на криптираните содржини. Со овој клуч потоа секој приемник пристапува до соодветните содржини. На овој начин се избегнува потребата секој приемник да користи своја претплатничка картичка.

Бидејќи должината на клучот е најчесто 16 бајти, доставувањето на клучот преку мрежа или Интернет е доста лесно дури и до корисници кои имаат обичен интернет пристап. На овој начин можно е да се формираат мрежни групи кои ги делат своите претплатнички картички внатре во групата, со што се во можност да примаат криптирани содржини без потреба да ги имаат сите претплатнички картички за пристап. Исто така формирани се системи, каде еден опслужувач има прикачено повеќе претплатнички картички а потоа само обезбедува пристап на сите оние кои сакаат да ги користат услугите со плаќање на одредена надокнада на сопственикот на серверот.

Дигитална телевизија[уреди]

Кард шерингот се применува зачестено откако во Европа почна масовно да се мигрира од аналогна на дигитална телевизија. Бидејќи телевизискиот сигнал е дигитален, потребно е во секоја куќа да има посебен дигитален приемник (set top box) за секој телевизор. Секако секој дигитален приемник (set top box) потребно е да има своја паметна картичка за да може да ги декриптира заштитените канали.

Повеќето кодирани телевизиски канали даваат попусти на своите претплатници за втора, трета или повеќе картички. Но дополнителните претплатнички картички најчесто доаќаат со одредени рестрикции во однос на првата картичка (која е најскапа). Пример некои канали (најчесто најинтересните) не се вклучени во дополнителните картички. Оваа практика најчесто е применувана од страна на телевизиските мрежи. Тоа пак значи скратување на правата на потрошувачите. Со цел да се надминат овие проблеми, да се плаќа двапати за една иста работа, многу претплатници го користат кард шерингот при што само со правата картичка обезбедуваат пристап до телевизиските канали од сите приемници. Тоа на некој начин значи прекршување на договорот на корисникот со провајдерот на услугите. Но тоа не е нелегално, бидејќи претплатникот платил за првата картичка и ја користи само во својот дом на различни телевизиски приемници.

Кард шерингот е сериозна закана за дистрибутерите на претплатнички картички, како и соодветните телевизиски компании, бидејќи виртуелно било кој енкриптирачки систем може да се шерира (сподели), со што се добива неавторизиран пристап до содржините. За разлика од хакирањето на паметните картички, кард шерирањето е релативно нова појава, благодарение на зголемената употреба на интернет во домашни услови и брзината на пристап. Провајдерите на телевизиски сигнал преземаат контрамерки за да се заштитат од оваа појава. Едена мерка е драстично да се зголеми фреквенцијата на промена на клучот кој се користи за декодирање на каналот. Со честа промена, пример на секои 5 секунди, веќе е отежната работата на кард шеринг серверите.

Иднина[уреди]

Иднината на кард шерингот е нејасна, бидејќи не е познато колку е распространета. Многу провајдери може да сватат дека пуштањето во оптек на нови претплатнички картички кои би се дистрибуирале до претплатниците може да чини скапо, па и покрај загубите остануваат на старите претплатнички картички. Зголемувањето на сигурноста може да доведе до зголемена цена на услугите, па претплатниците да почнат да се откажуваат од гледање на нивните содржини. Пример последните Irdeto картички беше практично невозмоѓно да се кард шерираат, но Irdeto одлучи да пушти во продажба картички кои лесно се шерираат.

Наводи[уреди]


Поврзано[уреди]

Шаблон:Broadcast encryption