Кара Мустафа Паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мерзифонлу
Мустафа
Паша
Kara Mustafa Pasha.jpg

Во служба
19 октомври 1676 – 25 декември 1683
Монарх Мехмед IV
Претходник Копрулу Фазил Ахмед Паша
Наследник Кара Ибрахим Паша
Лични податоци
Роден(а) 1634 or 1635
Мерзифон
Починал(а) 25 декември 1683
Белград
Националност Отоман
Роднини Копрулу Мехмед Паша (очув)
Копрулу Фазил Ахмед Паша (полубрат)
Копрулу Фазил Мустафа Паша (полубрат)
Origins Албанец[1][2]
фамилија Копрулска фамилија
Military service
Припадност  Отоманска империја
Род  Воена морнарица на Отоманска империја
Служба 1660–1683
Чин капудан паша (1666–70)
Битки/војни Полско-османлиска војна (1672–76)
Руско-турска војна (1676-1681)
Полско-османлиска војна (1683–99)
Голема турска војна (1683–99)

Кара Мустафа Паша (1634/1635 - 25 декември 1683 година) бил отомански воен лидер и везир како главен лик во последните обиди на Отоманската империја за експанзија кон Централна и Источна Европа. Тој бил роден од турски родители и се оженил за една од ќерките во Копрулската фамилија служејќи како гласник на Дамаск во времето на Копрулу Фазил Ахмед Паша.

Во текот на својата кариера служел како командант на копнените сили во војната против Полска во 1672 година кога била заземена Подолија. Во 1676 година кога починал неговиот полубрат Копрулу Фазил Ахмед Паша, тој го наследил на функцијата големи везир.

Во негово време започнал конфликтот со Русија кога Османлиите биле принудени да потпишат договор во 1681 година. Во 1683 година започнал воен поход кон север на територијата на Австрија достигнувајќи до Виена во 1683 година со повеќе од 100.000 војници, следејќи ги стапките на Сулејман Величествениот од 1529 година. Кога се гледала победата над градот, во септември пред ѕидините дошла полската армија на Јан Собиески по кое следувал катастрофален пораз на Османлиите и нивно повлекување кон Унгарија. По поразот Мустафа бил задавен на 25 декември 1683 година во Белград по наредба на Мехмед IV.

Неговите последни зборови биле: Бидете сигурни дека сте го врзиле јазолот силно. Неговиот надгробен споменик подоцна бил пренесен од Белград во Едрене.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Политички функции
Претходник
Копрулу Фазил Ахмед Паша
Голем везир на Османлиската империја
19 октомври 1676 – 25 декември 1683
Наследник
Кара Ибрахим Паша