Карачај (езеро)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Езеро Карачај
Езеро Карачај - Сателитска снимка/мапа од езерото Карачај
Сателитска снимка/мапа од езерото Карачај
Место Русија
Координати 55°40′42″ СГШ 60°47′59″ ИГД / 

Езерото Карачај (руски: Карача́й) е мало езеро во јужен Урал во западна Русија. Од 1951 година, [1]во времето на Советскиот Сојуз, ова езеро се користело за складирање на радиоактивен отпад од околните фабрики за репроцесирање на нуклеарниот отпад, Мајак, кој се наоѓал блиску до градот Озјорска (тогаш познат под името Челјабинск-40).

Моментален статус[уреди]

Според истражувањето за нуклеарниот отпад извршено од Ворлдвоч Институтот од Вашингтон, езерото Карачај било најзагаденото место на Земјата.[2] Езерото акумилирало околу 4,44 екс бекерели (EBq) радиоактивност,[3] вклучувајќи 3,6 EBq цезијуми-137 и 0,74 EBq стронциум-90.[1] При пореметувањето на работата во Чернобилската несреќа било испуштено помеѓу 5 и 12 Ebq радиоактивност, но оваа радијација не била концентрирана на една локација.

Нивото на радијација блиску до местото каде што се наоѓа радиоактивниот отпад бил складиран во 1990 година, изнесувал 600 рендгени според часовникот, по тврдењата на американскиот Совет за одбрана на природни ресурси од Вашингтон,[4][5] што е повеќе од доволно за човек да се изложи на смртоносна доза на зрачење за помалку од еден час време.

Историја[уреди]

Почнувајчи од шеесетите години на дваесетиот век, езерото почнало да се суши, неговата површина паднала од 0,5 км² до 0,15 км² до крајот на 1993 година.[6] Во 1968 година, после сушата која ја погодила областа, ветерот разнел радиоактивни честици од исушеното корито на езерото, изложувајќи на радиоактивност пола милион луѓе.

Помеѓу 1978 и 1986 година, езерото било исполнето со 10,000 шупливи бетонски блокови со што би се спречило померување на седиментот.[7]

Видете уште и[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 [http://www.kose.ee/nucbasic/nucpedia/uk/lake.htm Езеро Карачај
  2. Lenssen, -{"Nuclear Waste: The Problem that Won't Go Away", Worldwatch Institute, Washington, D.C., 1991: 15.}-
  3. [http://www.globalsecurity.org/wmd/world/russia/chelyabinsk-65_nuc.htm Челјабинск-65
  4. -{NRDC (Nuclear Program Staff Publication) nuc_01009302a_112b.pdf}-
  5. -{Wise Nc; Soviet Weapons Plant Pollution}-
  6. http://www.seattle.battelle.org/RussReg/ResourceCenter/MayakChemicalCombine-RussiaPlutonium.htm
  7. „Како би помогнале во спречување на таква смртоносна контаминација од воздухот, руските инжињери постепено го покривале езерото Карачај со камења и бетонски блокови, што претставувало контроверзен метод на санација.“ - http://www.ehponline.org/docs/2001/109-4/focus.html

Надворешни врски[уреди]