Карантанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Предложени граници на Карантанија.

Карантанија или Карентанија (словенечки: Karantanija, германски: Karantanien) било старо словенско кнежевство чии почетоци биле во 7 век. Карантанија се протегала на териториите на јужна Австрија и северозападна Словенија. Кнежевството било едно од првите словенски држави и опстојувало околу 300 години. Карантанија се смета како претходник на Војводството Корушка (Каринтија).

Етимологија[уреди]

Името „Карантанија“ е со претсловенско потекло и денес опстојуваат две теории за потеклото на името. Според првата се верува дека основата на зборот е зборот карант- кој пак е од претиндоевропско потекло, односно потекнува од зборот karra што значи карпа. Според другата теорија, името потекнува од келтскиот збор karantos што значи „пријател“ или „сојузник“.

Етникум[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Карантани.

Населението на Карантанија било мултиетничко. Сепак, сржта на населението биле Словените кои се населиле во регионот на Источните Алпи во 6 век. Покрај нив имало и староседелско население кое опстојувало и претходно на таа територија. Се верува дека меѓу Карантаните имало Авари и германски народи. Денес се верува дека Карантаните се претците на Словенците.

Користена литература[уреди]

  • Rajko Bratož, ur., Slovenija in sosednje dežele med antiko in karolinško dobo : začetki slovenske etnogeneze = Slowenien und die Nachbarländer zwischen Antike und karolingischer Epoche : Anfänge der slowenischen Ethnogenese, 2 zv. Ljubljana, 2000.
  • Paul Gleirscher, Karantanien - das slawische Kärnten. Klagenfurt, 2000. ISBN 3-85378-511-5.
  • Bogo Grafenauer, Ustoličevanje koroških vojvod in država karantanskih Slovencev : Die Kärntner Herzogseinsetzung und der Staat der Karantanerslawen. Ljubljana, 1952.
  • Hans-Dietrich Kahl, Der Staat der Karantanen: Fakten, Thesen und Fragen zu einer frühen slawischen Machtbildung im Ostalpenraum, Ljubljana, 2002.
  • Peter Štih, »Karantanci - zgodnjesrednjeveško ljudstvo med Vzhodom in Zahodom«, Zgodovinski časopis 61 (2007), s. 47-58.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]