Каракој
Од Википедија, слободната енциклопедија
Каракој и кула Галата
Каракој е регион кој се наоѓа во населбата Бејоглу, Истанбул, Турција, на европската страна од градот. Каракој е една од најстарите и најпознати историски населби на градот, и денес претставува важен трговски и транспортен центар во Истанбул. Во близина се наоѓа плоштадот Каракој. Во минатото, ова место било познато по тоа што овде се наоѓале огромен број на банки и осигурителни друштва. Освен тоа, во регионот се наоѓаат голем број на католички, православни, ерменски, еврејски храмови и голем број на различни архитектонски споменици на културата.[1]
Најпознати објекти [уреди]
- Кула Галата
- Истанбулски музеј
- Eврејски музеј во Турција
- Синагога Нев Шалом
- Италијанска синагога
- Арапска џамија
Наводи [уреди]
- ↑ Jewish Sites in Galata, Istanbul, Turkey Travel Planner.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Каракој“ |
- Каракој
- Sihirli Tur (турски)