Капоејра

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Капоејра
Capoeira
Rugendasroda.jpg
Капоејра или танцот на војната од Јохан Мориц Ругендас, 1825, издадена во 1835
Насоченост Акробатика
Удирање
Боречки вештини
Земја на потекло Знаме на Бразил Бразил
Прославени во оваа вештина Бимба
Пастиња
Жоао Гранде
Жоао Пекуено
Олимписки спорт не

Капоејра е афро-бразилска уметничка форма која вклучува движења од борбени вештини, игра и танц. Таа била создадена во Бразил од робовите од Африка, посебно од робовите од Ангола некаде после 16 век во регионите Бахија, Пернабуко и Рио де Жанеиро. Учесниците формираат круг или рода, и се менуваат во играта, свирењето на музичките инструменти (беримбау), пеењето, или ритуалниот спаринг во двојки во центарот на кругот. Спарингот се одликува со телесна акробаткса игра, со паѓање, и интензивна употреба на удари, со раце и нозе. Помалку употребувани техники се оние кои вклучуваат удари со лакти, тупаници и бодичек.

Содржина

[уреди] Потекло

Потеклото и целта на капоејрата се често цел на дебата, и постојат повеќе теории. Додека многумина веруваат дека формата претставува комбинација од афрички и бразилски вештини, историчарите се поделени помеѓу оние кои веруваат дека директно потекнува од афрички боречки стилови и оние кои веруваат дека е уникатна бразилска танц форма дестилирана од афрички и бразилски влијаниа. Има едно популарно објаснување кое вели дека тоа е африкански боречки стил создаден во Бразил, дури и популарниот Салвано вели дека капоејрата не може да постои без црнци, но нејзиното родно место е Бразил.

[уреди] Историја

Според легенда, на робовите во Бразил им било забрането да се тепаат меѓу себе за да не се повредат. За да си ги решат конфликтите по физички пат, борбата ја претвориле во форма на танц. Во другите места каде што имало африкански робови изникнали други форми на капоејра. На пример во Куба е распространет танцот мани. Почетните форми на капоејрата можат да се разгледуваат како разновидни улични борби. Капоејристите се собирале во банди во крајбрежните градови на Бразил, како Рио де Жанеиро, Ресифе, Салвадор де Бахија. Така денешната капоејра е наследник на африканските боречки вештини модифицирани во големите бразилски градови.

Во периодот од 1889 до 1937 тренирањето капоејра во Бразил било забрането и се казнувало со затвор од 6 месеци до 2 години. Не поради суштината на капоерата, туку поради тоа што тие биле опасни затоа што можеле да ѝ пречат на бразилската република. Тие биле благодарни на монархистите затоа што тие го укинале роптството и поради таа причина биле гледани како опасни за младата бразилска република. Во 1937 диктаторот Хетулио Варгас ја отстранил забраната со надеж дека ќе ја претвори капоејрата во национален спорт. Таа идеа му дошла после демонстрацијата на мајсторот Бимба, кој ја модифицирал уличната капоејра во формата на Лута регионал баиана. Во тој стил тој интегрирал елементи на Батука и на азиски боречки вештини. После воведувањето на новиот систем капоејрата се дели на два основни правци: регионална капоејра и капоејра ангола.

[уреди] Правила

Во капоејрата нема писмени правила, се следи африканската традиција каде што преданијата се предаваат од уста на уста

[уреди] Утврдени правила

  • Секогаш играат двајца во кругот
    • Се следат правилата за влегување и напуштање
    • Се подава рака пред и после борбата
    • Движењето на играчите е секогаш насочено кон центарот на кругот
  • Се бара да се собори противникот на земјата
    • Само стапалата, дланките и главата може да допрат на земjата
    • Никогаш не се бара да се рани противникот
    • Ниски удари се забранети
    • Туркањето не е дозволено
    • Психички и емоционални напади на престижот се дозволени
  • Постоjана готовност да се заштитиш од напад
    • Независно од положбата на телото, контактот со очи е задолжителен
    • Рацете се држат пред лицето за заштита
  • Нема борба во круг без музика
    • Музиката почнува пред борбата
    • Завршува ли музиката завршува и борбата
    • Удирање по кратунката на биримбаото, означува смена на играчите

[уреди] Прагматични правила

  • Никогаш не се блокираат ударите
    • Се избегнуваат и се започнува контра удар
  • Секогаш се танцува
    • За време на танцот се бара д асе зголеми сlободното пространство и да се ограничи противникот.
    • Никогаш не се престанува со танцување
  • Се користат нагли движења
    • Секогаш подготвеност за промена на нападните движења со други
    • Секогаш подготвени

[уреди] Модерна капоејра

Модерната капоејра многу се разликува од првобитната капоејра поради неколку работи. Прво, таа денеска е сублимат на повеќе боречки вештини и во неа има денеска примеси од скоро сите азиски боречки вештини, а второ, таа претрпела огромно влијание од нејзините практиканти за таа денес да го добие конечниот изглед. Мајсторот Бимбе ја направил капоера регионале која му се допаднала многу на тогашниот бразилски диктатор и тој ја издигнал на тоа ниво. Капоејрата ја видел како ефективен начин како да се извади агресијата од младината бидејќи во тоа време во Бразил цветал криминалот и многумина посегнувале по дрогата и се приклучувале по криминални банди. Филизофијата на капоерата воедно и на секоја борбена вештина е да ве направи помалку агресивен, а не и пасивен.

[уреди] Надворешни врски