Капитолински музеи
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Капитолинските музеи (итал. Musei Capitolini) се група уметнички и археолошки музеи на ритчето Капитолино во Рим сместени на плоштадот Кампидољо. Музеите се сместени во три палати кои го формираат трапезоидниот плоштад. Планот за плоштадот го направил Микеланџело Буонароти во 1536. Историјата на музеите може да се следи наназад до 1471, кога папата Сикстус IV ја подарил колекцијата од важни антички бронзени скулптури на народот на Рим и ги сместил на ридот. Оттогаш, музејската колекција постојано растела и вклучувала антички статуи, натписи и други артефакти; подоцна, колекции на средновековна и ренесансна уметност, колекција на скапоцени камења, монети итн. Музеите се во сопственост и управувани од градот Рим.
Во центарот на плоштадот денес се наоѓа статуа на коњаник, која е копија на оригиналната римска статуа на Марко Аурелиј. Оригиналната статуа се наоѓа во музејот. Многу антички римски статуи биле уништени како паганско наследство во текот на вековите во Рим, оваа преживеала бидејќи се мислело дека го претставува Константин I Велики, заштитникот на христијанството.
Содржина |
[уреди] Згради
Капитолинските музеи се три главни згради на плоштадот Кампидољо поврзани со подземна галерија под плоштадот. Трите главни згради се:
- Палата на сенаторите, изградена во 12. век и модифицирана според дизајнот на Микеланџело,
- Палата на конзерваторите, изградена во средината на 16. век и редизајнирана од Микеланџело,
- Нова Палата, изградена во 17. век со идентична фасада како Палатата на конзерваторите наспроти неа.
Покрај тоа, Палатата Кафарели-Клементино од 16. век, која се наоѓа позади плоштадот, била додадена на музејскиот комплекс во раниот 20. век.
[уреди] Палата на конзерваторите
Овде се сместени колекции на антички скулптури, најмногу Римски, но и антички грчки и египетски. Главните скалила содржат импресивен релјеф во мермер во чест на Марко Аурелиј. На вториот кат е сместена и познатата Етрурска волчица која според легендите ги одгледала Ромул и Рем - основачите на Рим.
На третиот кат се сместени колекции од применета уметност, монети, накит, скапоцени камења и медали.
[уреди] Нова палата
Двата ката на Новата палата се исполнети со статуи, инскрипции, саркофази, бисти, мозаици и други антички римски артефакти.
Во салата на Галот може да се види статуата на Галот на умирање, статуата на Купидон и Психа, Капитолинската Венера, и други познати дела.
[уреди] Новото крило
Во новата сала со стаклен покрив - Салата на Марко Аурелиј, создадена со покривање на една внатрешна градина од палатата е сместена статуата на Марко Аурелиј во бронза, која го прикажува како коњаник. Во оваа сала се и темелите на храмот на Јупитер, кој се издигал над античкиот Рим и доминирал со своите огромни димензии. Во ходниците пред салата се изложени скапоцени грчки и етрурски вазни кои се подарок од Аугусто Кастелани во средината на 19. век.
[уреди] Колекција
Други познати скулптури во музејот:
- Познатата „Медуза“ од Бернини.[1]
- Колосот на Константин
[уреди] Референци