Канон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Kanun
Tипичен турски канун

Tипичен турски канун
Класификација
Сродни инструменти

Канон (фарси: قانون qānūn ; грчки: κανονάκι, множина κανονάκια; Ерменски: քանոն k’anon; Арапски: قانون qānūn, множина قوانين qawānīn; Азерски и Турски: kanun; qanún или kanun) е струнен инструмент, еден вид псалтер[1], со правилен трапезоиден корпус. Најчесто се изработува од јаворово дрво. Трапезоидниот корпус на канонот е затворен со штичка од смрека и козја кожа. Над козјата кожа е поставен потпирач (магаренце) за струните, потпрен на четири места. Над кожата е смрековата штичка, како покривачи на корпусот, се затегнуваат од 24 до 27 црвени струни, групирани по три и штимувани унисон. Звукот се произведува со удирање по струните со метални напрстоци, во кои се вденати целулоидни плекрони, углавени на прстите на левата и десната рака. Секоја октава кај Арапите се именува со зборот “дар“. Дијапазонот на инструментот варира меѓу две и три октави. Канонот е виртуозен инструмент и како таков го среќаваме и како солистички инструмент. Како ансамблов инструмент го среќаваме во чалгиските ансамбли. Канонот е пренесен во Македонија од турските патувачки чалгаџиски групи. Во Македонија се користи арапскиот канон.

Наводи[уреди]