Канкан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на Канкан во Гвинеја.
Местоположбата на Канкан во Гвинеја.

Канкан — град на реката Мило во источна Гвинеја. Тој е третиот најголем град во земјата, со население од 100,192 жители во 1996 година (попис). Канкан бил основан од народот Сонинке во 17 век и станал седиште на империјата Бате, како и важен трговски центар, особено за кола ореви. Градот бил поразен од Саморите во 1879 и окупиран од Франција во 1891 година.

Канкан е познат по својот универзитет, по неговите религиозни луѓе и манго дрвја. Тој е и пристаниште и има свој аеродром.