Кананска азбука

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кананска азбука
Тип Согласна
Јазици Канански јазици
Период ~ 1400 - 1050 п.н.е.
Матични системи
Изведени системи Феникиска
Многубројни претпоставени азбуки
Напомена: Страницава може да содржи фонетски симболи од МФА.

Кананската азбука (наречена и пракананска или пракананска) е согласна азбука која се состои од 22 акрофонични глифи (симболи), употребувана на пронајдените левантски ракописи од Раното бронзено време (~ XV век п.н.е.), и по обичај се смета дека траела најдоцна до 1050 п.н.е., по што се претворила во феникиската азбука. Досега се октриени дузина натписи напишани со кананско писмо, пронајдени во Израел и Либан.

Однос со другите писма[уреди]

Иако ова писмо потекнува од египетските хиероглифи, од него пак потекнува феникиското, кое пак е предок на сите денешниазбуки, од арапската, грчката, хебрејската, латиницата, кирилицата и берберската на запад, па до тајландската, монголската, па можеби и корејската на исток. Денес хебрејската азбука е најблиска до овој предок, каде само обликот на буквите е изменет. Ова не треба да не чуди, бидејќи хебрејскиот е канански јазик и, по првобитниот изговор, имал приближно исти согласки како дијалектот за кој азбуката е осмислена.

Во 1905 и 1999 г., во централен Египет се откриени писма-претходници на кананското, кои веројатно сѐ уште биле делумно логографски (видете Вади Ел Хол). Овие рани писма можеби имале повеќе букви од подоцнежните, а можеби имале разни варијанти на една иста буква (различни букви кои означуваат иста фонема).

Карактеристики[уреди]

Називите на буквите, кои опстоиле преку грчката, арапската и хебрејската азбука, веројатно биле веќе присутни. Имињата се засноваат на акрофоничен принцип, се чини од семитски преводи на називите на египетските хиероглифи. На пример, египетското нт (вода) станало семитско мем (вода), за на крај да стане латинично M, додека пак египетското дрт (рака), станало семитско капп (рака), па на крај, латинично K.

Редоследот на буквите не се знае. Сродната клинеска угаритска азбука имала два редоследа: еден од типот „АБГД“ сличен на хебрејската, грчката, латиницата и кирилицата, но и друг ред од типот „HLḤM“ за кој сведочат јужноарабиската и геската (етиопската).

Следи една реконструкција на гореспоменатите 22 букви, еквивалентни на феникиската азбука, од кои таа е изведена. Потоа следат и хебрејските, грчките, латинските, и арапските букви-потомци.


Кананска Феникиска Вредност и назив Потомци
Proto-semiticA-01.svg PhoenicianA-01.svg ʼ ʾалп „вол“ א Α A ا
Proto-semiticB-01.png PhoenicianB-01.svg b бет „куќа“ ב Β B ب
Proto-semiticG-01.png PhoenicianG-01.png g гамл „џилит“ ג Γ C-G ج
Proto-semiticD-01.png Proto-semiticD-02.png PhoenicianD-01.png d дигг „риба“ ד Δ D ذ-د
Proto-semiticE-01.png PhoenicianE-01.png h хав / хлл „ура“ ה Ε E ه Є
Proto-semiticW-01.png PhoenicianW-01.png w вав „кука“ ו
Ϝ-Υ
F-U-V-W-Y
و
Proto-semiticZ-01.png PhoenicianZ-01.png z зен /зикк „пранга“ ז Ζ Z ز З
Proto-semiticH-01.png PhoenicianH-01.png хет „двор“ ח Η H خ-ح
  PhoenicianTet-01.png тет „тркало“ ט Θ ظ-ط Ѳ
Proto-semiticI-02.png PhoenicianI-01.png y јад „рака“ י Ι I-J ي
Proto-semiticK-01.png PhoenicianK-01.png k кап „шака“ כ Κ K ك
Proto-semiticL-01.png PhoenicianL-01.png l ламд „остен“ ל Λ L ل
Proto-semiticM-01.png PhoenicianM-01.png m мем „вода“ מ Μ M م
Proto-semiticN-01.png PhoenicianN-01.png n нахш „змија“ נ Ν N ن
  PhoenicianX-01.png s самек „риба“ ס Ξس Ѯ
PhoenicianO-01.png ʻ ʿен „око“ ע Ο O غ-ع
Proto-semiticP-01.png PhoenicianP-01.png p пиʾт „свиок“ פ Π P ف
  PhoenicianTsade-01.png сад „растение“ צ ϻ ص-ض
Proto-semiticQ-01.png PhoenicianQ-01.png q куп „мајмун“ ק Ϙ Q ق Ҁ
Proto-semiticR-01.png PhoenicianR-01.png r раʾс „глава“ ר Ρ R ر
Proto-semiticS-01.png PhoenicianS-01.png š/ś шимш „сонце, Уреј ש Σ S ش Ш
Proto-semiticT-01.png PhoenicianT-01.png t тав „потпис“ ת Τ T ث-ت

Наводи[уреди]

  • Ouaknin, Marc-Alain; Bacon, Josephine (1999). „Mysteries of the Alphabet: The Origins of Writing“. Abbeville Press. ISBN 0789205211. 
  • Cross, F.M. (1991) "The Invention and Development of the Alphabet" во Senner, Wayne M. (уред.) The Origins of Writing. Lincoln: University of Nebraska Press. ISBN 0-8032-9167-1. Мека подвеска
  • Diringer, David и Freeman, Hilda (1983) A History of the Alphabet. Headley-on-Thames: Gresham Books. ISBN 0-946095-03-5
  • Healey, John. (1990) The Early Alphabet. London: British Museum.
  • Naveh, Joseph. (1982) The Early History of the Alphabet. Leiden: E.J. Brill; also: (Magnes Press: The Hebrew University, Jerusalem, 1987)
  • McNeill-Black, Dr. A.E. (1994)"Human Migrations and the Written Word."

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]