Канал Хафел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Канал Хафел
Каналот Хафел во склоп на останатите водени патишта западно од Берлин

Каналот Хафел (германски: Havelkanal) е канал во сојузната покраина Бранденбург, во Германија. Обезбедува алтернативна рута до реката Хафел, помеѓу Хенигсдорф и Парец, така избегнувајќи ги водените патишта на Берлин помеѓу Шпандау и Потсдам.[1]

Изградбата на каналот била одобрена од владата на Источна Германија во април 1951. По извонредно краткиот градежен период од само 13 месеци, каналот бил отворен во јуни 1952, со тоа овозможувајќи им на пловилата од Источна Германија да ги избегнат деловите на реката Хафел, кои биле под политичка контрола на Западен Берлин. Покрај неговите политички и воени предности, каналот исто така им овозможил на големите пловила да ја избегнат (тогаш) малата брана кај Шпандау и да ја намалат должината на патување за 9 километри.[1]

Каналот има должина од 34,9 километри и има една брана кај Шенвалде, со вертикален пад од околу 2 метра.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Шефилд, Бери (1995). Inland Waterways of Germany. Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 100. ISBN 0-85288-283-1.