Каменоломовидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Каменоломовидни
Saxifraga aizoides
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Јадрени евдикоти
Ред: Каменоломовидни
Dumortier
Фамилии

во текстот.

Каменоломовидните (науч. Saxifragales) е ред на скриеносемени растенија (Magnoliophyta).

Опис[уреди]

Пред сè, фамилиите кои припаѓаат на овој ред ги зближуваат молекуларните и генетските карактеристики, но постојат и неколку морфолошки сличности.

Во овој ред се среќава голем вариетет на форми на раст, и тоа од едногодишни до перенијални тревести растенија, па сè до грмушки и дрвја. Некои видови се сукуленти. Два вида се паразити на корењата од други растенија. Има неколку водни растенија. Обично листовите се најизменични. Често присуствуваат прилисници, но нив ги нема кај фамилијата Crassulaceae.

Цветовите се најчесто петделни. Тие се јасно издвоени во венче и чашка. Плодните листови се првенствено слободни (на пример кај Crassulaceae), со тенденција за адхезија - ценокарпен јајчник (на пример кај Saxifragaceae). Најчесто јајчниците се полу- или целосно инфериорни. Поленовите зрна обично имаат стријатна површина.

Систематика[уреди]

Редот Saxifragales во рамките на еудикотите е сестринска група на розидите. Се состои од фамилиите:[1]

Положбите на поединечните фамилии во овој ред се одредени од молекуларните генетски податоци. Овие фамилии претходно се вклучуваа во многу други редови бидејќи се разликуваат во својата морфологија, некои дури и премногу. На пример, фамилијата Saxifragaceae порано беше сместувана во редот Rosales. Родот Cynomorium, кој опфаќа паразитски растенија, сè уште го нема најдено вистинското систематско место. Во долниот кладограм како изолирани се јавуваат дрвенестите Peridiscaceae. Дрвенестите таксони Paeoniaceae, Altingiaceae, Hamamelidaceae, Cercidiphyllaceae, Daphniphyllaceae образуваат добро поддржан разгранок (клад). Фамилиите Crassulaceae, Aphanopetalaceae, Tetracarpaeaceae, Peridiscaceae, Haloragaceae исто така формираат добро поддржан клад. Pterostemonaceae и Iteaceae, како и Grossulariaceae и Saxifragaceae се сестрински групи, и заедно образуваат посебен разгранок.

Saxifragales

Peridiscaceae





Paeoniaceae




Altingiaceae




Hamamelidaceae




Cercidiphyllaceae



Daphniphyllaceae






Kern-Saxifragales


Crassulaceae




Aphanopetalaceae




Tetracarpaeaceae




Penthoraceae



Haloragaceae






 Saxifragaceae-Allianz 


Pterostemonaceae



Iteaceae





Grossulariaceae



Saxifragaceae







Наводи[уреди]

  1. Angiosperm Phylogeny Group: An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III Botanical Journal of the Linnean Society, Band 161, 2009, S. 105-121.

Надворешни врски[уреди]