Кама (бодеж)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кама

Кама е ладно оружје кое било користено или се користи од страна на народите од Кавказот, Јужен Кавказ (Закавказје), Блискиот Исток и Балканскиот Полуостров. Името на ова ладно оружје најверојатно потекнува од адигејскиот збор кама што означува нож или бодеж.

Особини[уреди | уреди извор]

Камата е долга од 30 до 50 см, со двoстрано сечила кое е тесно и долга. Напречниот пресек на сечилото е лентикуларано, а постепено се стеснува до врвот. На рачката е тесен, без премин, со масивен врв.

Камата се носи во футрола поставена на појасот или вратот. Таа се користела како додаток во облекувањето, како продорен ефект, односно целта била да се остави впечаток меѓу присутните, меѓутоа нејзината првенствена цел е да се користи во блиска борба како остро оружје.

Видови[уреди | уреди извор]

Азербејџанскa[уреди | уреди извор]

Оваа кама има различни орнаменти. Украсите може да бидат нанесени на сечилото или рачката. Цртежи на ножот обично се мотиви од природата или религијата.

Еременскa[уреди | уреди извор]

Таа е црна кама со издолжена глава, а ова му дава форма на источна арка. Деталите на ножот се изработени од челик, а орнаментите се најчесто во форма на лалиња.

Грузискa[уреди | уреди извор]

Сечилото на ова оружје е кратоко и широко, рачката е сребрена или метална, украсена е со врежани орнаменти во облик на цветни ливчиња. Оваа кама исто така може да биде украсена од разни фигури изработени од злато и сребро.

Дагестанскa[уреди | уреди извор]

Камата има многу издолжена глава и е слична на ерменските ками. Камите изработени од страна на мајсторите од Дагестан отсекогаш се сметале за најдобри на Кавказот.

Кубачинскa[уреди | уреди извор]

Кубачинскa кама има исклучително поволен сооднос на должина на сечилото со неговата ширина и големина на рачката. Оваа кама има некои посебни одлики и детали. Тие се изработени според лезгинскиј образец - Лилиопсидна. Овој дизајн овозможува најголема вкочанетост и го прави лесен.

Хевсурскa[уреди | уреди извор]

Хевсурскaта е сорта на грузиска кама, меѓутоа рачката е изработена од месинг во грузиски или мешан кавказки тип, но се доближува до грузискиот начин. Делови од дршката и сечилото се изработени од месинг или железо, украсени со едноставни орнаменти изработени од бакар.

Османлиска[уреди | уреди извор]

Османлиските ками од 16 век најчесто служеле како додаток во облеката на крупната османлиската аристократија. Во овој периот таа се состоела од еднострано сечило кое на врвот било закосено. Рачката била тесна со топчест врв.

Честопати сечилото, рачката и футролата биле украсувани со орнаменти, изработени од сребро или злато, а на сечилото понекогаш се сретнувале и натписи со арапско писмо. Ваквиот дизајн и украсување на камата трбало да го претстават престижот на сопственикот во осмалиското општество.

Во 18 век, османлиската кама го променила својот изглед. Таа се стоела од долго двострано сечило, со тесна рачка која на врвот и на крајот можела да има орнаменти во вид тркалезни топки меѓутоа тоа било реткост. Во овој период сечило, рачката (дрвена) и футролата (кожна) биле украсувани со ортнаменти изработувани од сребро, а димензиите и биле од 54 до 48 см. Ваквиот дизајн и украсување на камата укажуваат дека за разлика од поранешниот период, камат станала украс и воружувањето на ситната османлиска аристократија.

Османлиите по освојувањето на Балканскиот Полуостров, меѓу покорените народи го наметнале и сопственото воружување. Камата уште во раното османлиско владење станала составен дел од воружувањето на ајдутските дружини и нивните арамбаши и војводи.

Голем дел од балканските народи во текот на борбите за ослободување од Османлиското Царство, камата ја користеле како симбол за агитација во борбата за слобода.

Македонските револуционери камата ја користеле како моќно средство за изразување на самоувереноста и симбол на револуционерната дејност на Македонската револуционерна организација [1] [белешка 1].

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорче Петров истакнува: Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола... Камата, неговиот (Гоцевиот б.н) најсилен инструмент , беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност... Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна... Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор... Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот, види Беседа за Гоце

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорче Петров, Беседа за Гоце, Култура, 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]