Калифорниска пастрмка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Калифорниска пастрмка
Заштитен статус
безбедна
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Salmoniformes
Фамилија: Salmonidae
Род: Oncorhynchus
Вид: O. mykiss
Биномен назив
Oncorhynchus mykiss
Валбаум, 1792
Подвидови

Видете го текстот


Калифорниска пастрмка (Oncorhynchus mykiss) е еден од дваесетина слатководни видови на родот, кои се распространети по Тихоокеанското крајбрежје на северна Америка и има извонредно големо стопанско значење во светот. Во Европа е пренесена во 1882 година и тука мошне успешно се аклиматизирала.

Кај овој вид риба се работи за една силно бастердирана форма од неколку форми пастрмски риби, кои сите потекнуваат од Северна Америка и кои денес едвај можат да се најдат како чисти линии. Тоа е рибата која Jordan во 1894 година ја опишал како Salmo shasta, рибата која Gibbons во 1855 година ја опишал под име Salmo irideus. Овие две форми заедно со таа опишана како Salmo gaerdneri од Richardson во 1836 година, со тек на времето и распространувањето во Европа и светот под едно, друго или трето име, довеле до тоа денес да се оперира со едно име Salmo gardneri Richardson или Калифорниска пастрмка. За овој вид риби во литературата се користат и имињата Parasalmo gairdneri Richardson (во поново време) Oncorhynchus mykkis Richardson. Се мрести на две или три годишна возраст во период ноември-март, а дијаметарот на икрата е околу 4mm. Плодноста нба женките е 500 до 2000 зрна икра, ларвите се излупуваат под 330-400 степеноденови и имаат голема жолточна кеса. Во природни услови се храни со ракчиња, ситни мекотели, ларви од инсекти, возрасни инсекти, црви поситни рбетници, од водата и нивна икра. Мигрира низводно.

Калифорниската пастрмка има извонредно значење за рибарството во светот и е водечка риба во слатковидната салмонитура. интересна е за спортските риболовци. Има поголема пластичност од другите пастрмки кон условите на средината меѓу кои најзначајни се:

  • голема издржливост кон зголемени температури на водата (над 25°С, ретко и 30°С)
  • побрзо темпо на растење од другите пастрмки. Може да порасне до 300 - 400 g во поволни услови
  • голема лакомост и добро прифаќање на храната во слободната вода што е важен предуслов за стопанско одгледување
  • покус период на инкубација на икрата
  • вкусно месо
  • голема резистентност кон повеќето рибни болести.

Тука секако треба да се имаат предвид и негативните својства(осетливоста кон болеста вртичавост, поттиснување на автохтоната пастрмка од некоја вода и др). За да се оцени оправданоста од внесување на овој вид во отворените води.

Слики[уреди]