Калил Џибран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Калил Џибран (целосното арапско име му е Џибран Калил Џибран), понекогаш нарекуван и како Калил (06.01.1883 – 10.04.1931) е либански артист, поет и писател.

Калил Џибран е роден во градот Башари во северниот дел од денешниот Либан (дел од планината Либан, Мутасариф, Отоманската Империја), како млад имигрирал со неговата фамилија во САД, каде што студирал уметност и ја започнал својата литературна кариера, пишувајќи на англиски и арапски јазик. Во арапскиот свет Џибран се смета за литературен и политички бунтовник. Неговиот романтичен стил бил во центарот на ренесансата во модерниот арапски свет, во модерната арапска литература, особено во прозната поезија, отцепувајќи се од класичното училиште. Во Либан тој се уште се слави како литературен херој.

Во англискиот свет тој главно е познат по неговата книга од 1923та година „Пророкот“(The Prophet,), една од првите примери на инспиративната фантастика, вклучувајќи серија на филозофски есеи напишани во поетската англиска проза.Продажбата на книгата течела во најдобар ред па и покрај критиките се здобила со популарност во 1930тите и повторно особено во кантеркултурата на 1960тите години. Џибран е трет поет по ред со најмногу продавани бестселери на сите времиња, после Шекспир и Лаози.

Раните години[уреди]

Калил Џибран е роден во Маронитската католичка фамилија од историскиот град Башари во северниот дел на планината Либан, тогаш полуавтономен дел од Отоманската Империја. Неговата мајка Камила, ќерка на свештеник, имала 30 години кога го родила Калил; неговиот татко Калил бил нејзиниот трет сопруг. Како резултат на сиромаштијата на неговото семејство Џибран немал формално образование во Либан. Сепак, свештениците редовно го посетувале и го учеле за Библијата, како на арапски така и на сириски јазик.

Домот на Џибран во Башари[уреди]

Првично татко му на Џибран работел во аптека, но бидејќи имал долгови од коцкање не можел ништо да плати, па така отишол да работи за локалната Отоманска империја назначен како администратор. Околу 1891ва година, детални поплаки од лути странки довеле до отстранување на администраторот и истрага на персоналот. Татко му на Џибран бил затворен поради проневера и имотот на неговото семејство бил конфискуван од властите. Камила Џибран одлучила да оди кај нејзиниот брат во САД. И покрај тоа што татко му на Џибран бил ослободен во 1894та година, Камила останала одлучна и на 25ти јуни 1895та година заедно со Калил и неговите помали сестри Маријана и Султана и неговиот постар полубрат Петар (на арапски Бутрус) заминала за Њу Јорк.

Џибранови се населиле во јужниот дел на Бостон, во времето на втората по големина сириско-либанска-американска заедница во САД. Поради грешка направена во училиштето тој бил регистриран како „Калил Џибран“. Неговата мајка почнала да работи како самостојна шивачка продавајќи чипка и постелнина од врата на врата. Џибран започнал да оди на училиште на 30ти септември 1895та година. Функционерите на училиштето го ставиле во посебен клас за имигранти за да учи англиски јазик. Џибран исто така бил запишан и во уметничко училиште во близина на неговата куќа. Преку неговите учители тој се запознал со авангардниот бостонски уметник, фотограф и издавач Фред Холанд Деј, кој го поттикнал и поддржал Џибран во неговите творечки настојувања. Издавачот искористил и некои од цртежите на Џибран за корицата на неговата книга во 1898ма година.

Мајката на Џибран, заедно со неговиот постар брат Питер, сакала тој да научи повеќе за неговото минато отколку само за западната култура за која тој се интересирал. Така на возраст од 15 години Џибран се вратил во својата татковина за да учи во „Maronite-run preparatory school“ и институтот за високо образование во Бејрут наречен "al-Hikma" (Мудрост). Тој почнал да води студентско книжевно списание и бил избран за поет на колеџот. Останал таму неколку години пред враќањето во Бостон во 1902 година, одејќи преку островот Елис (вторпат) на 10ти мај. Две недели пред да се врати во Бостон, неговата сестра Султана умира од туберкулоза на 14 години. Една година подоцна, Питер умира од истата болест а неговата мајка умира од рак. Неговата сестра го издржувала Џибран и самата себе работејќи како шивачка.

Дебитирање, слава и личен живот[уреди]

Џибран бил вешт уметник, особено во цртање и акварел, посетувал и уметничко училиште во Париз од 1908ма до 1910та година, следејќи симболичен и романтичен стил во текот на тогашниот перспективен реализам. Во 1904та година во Бостон во студиото на Деј, Гибран ја одржал својата прва изложба на цртежи. За време на неговата изложба Џибран се сретнал со Марија Елизабет Хаскел, ценетата директорка на училиште, која била 10 години постара од него. Тие формирале важно пријателство кое траело до крајот на животот на Џибран. Природата на нивната романтична врска останува неразјаснета; додека пак некои биографи тврдат дека биле љубовници, но никогаш не се венчале затоа што семејството Хаскел било против тоа, други докази укажуваат на тоа дека нивната врска никогаш не била физички изразена. Подоцна Хаскел се омажила за друг маж, но таа продолжила финансиски да го поддржува Џибран и го искористила своето влијание за да ја унапреди неговата кариера. Таа станала негов уредник и го запознала со новинарот Шарлот Телер и француската учителка Емили Мишел (Мишелин), која прифатила да позира за него како модел и станале блиски пријатели. Во 1908ма година Џибран оди две години во Париз за да студира уметност. Таму го сретнал својот колега и долгогодишен пријател Јусеф Ховајек. Бидејќи повеќето од делата на Џибран биле на арапски јазик, поголемиот дел од делата објавени по 1918та година биле на англиски јазик. Неговата прва книга за издавачката куќа Алфред А. Кнопф била „Лудак“ (The Madman), издадена во 1918та година, мала книга со афоризми и параболи напишани во библиски каденца некаде помеѓу поезија и проза. Џибран исто така учествува во „Лигата на Њу Јорк Пенсилванија“ познат како „имигрантски поет“ заедно со важни либанско-американски автори како Амен Рихани, Елиа Абу Мади и Михаил Наими, пријател и ценет господар на арапската литература, чии потомци Џибран ги прогласил за сопствени деца и чиј внук Самир, е кумашин на Џибран.

Смртта на Калил Џибран[уреди]

Џибран умира во Њујорк на 10ти април 1931ва година на 48 годишна возраст. Причините за неговата смрт се цироза на црниот дроб и туберкулоза. Младиот имигрант од Либан, кој преку островот Елис пристигнал во САД никогаш не станал американски државјанин; тој го сакал неговото родно место премногу. Пред неговата смрт, Џибран изразил желба да биде погребан во Либан. Неговата желба се исполнила во 1932 година кога Мери Хаскел и нејзината сестра Маријана го купиле манастирот Мар Саркис во Либан кој оттогаш станал музеј на Џибран. До гробот на Џибран се изгравирани зборовите „еден збор сакам да видам напишан на мојот гроб: Јас сум жив како тебе и стојам до тебе. Затвори ги очите и погледни наоколу, ќе ме видеш пред тебе“.

Џибран и ги дал на Мери Хаскел содржините од неговото студио. Таму таа ги открива своите писма напишани до него од пред 23 години. Таа првично сака да ги изгори поради нивната интимност, но ја препознава нивната историска вредност и решава да ги зачува. Пред нејзината смрт, во 1940 година Мери, нејзините писма до него заедно со писмата кои тој и ги испраќал нејзе кои таа исто така ги чувала ги пратила до Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил библиотеката. Извадоци од над шестотини писма биле објавени во 1972 година во „Љубениот пророк“ (англ. "Beloved Prophet").

Мери Хаскел Минис (таа се венчала со Јакоб Флоренс Минис во 1923та година) ја донирала нејзината лична колекција од речиси сто оригинални уметнички дела од Џибран во Телфаир, Музејот за уметност во Савана, Џорџиа во 1950та година. Хаскел уште од 1941ва година размислувала за поставување на својата колекција во Телфаир музејот. Во едно писмо напишано до Џибран, таа напишала: „Размислувам за други музеи... единствената мала галерија во Телфаир во Савана, која што ја одбра Гари Мелчерс. Кога како дете ја посетував оваа галерија, мојата мала душа полетуваше “. Подарокот на Хаскел до Телфаир е најголемата јавна колекција во земјата од визуелната уметност на Гибран, која се состои од пет масла и бројни дела на хартија направени во лирскиот стил на уметникот, кои го одразуваат влијанието на симболизмот. Идните американски приходи за авторските права на неговата книга беа наменети за неговото родно место Башари за да се користат за добри причини.

Дела[уреди]

Стил и периодични теми[уреди]

Џибран бил голем обожавател на поетот и писател Френсис Мараш, чии дела тој ги изучувал на Ал Хикма училиштето во Бејрут. Според ориенталистот Шмуел Морех, делата на Џибран се напишани во стилот на Мараш како и многу од неговите идеи и на моменти дури и структурата на некои од неговите дела. Сухеил Бушруи и Џо Џенкинс го имаат споменато концептот на Мараш на универзална љубов, особено по тоа што оставил „длабок впечаток“ врз Џибран. Во поезијата Џибран често користи формален јазик и духовна смисла; во една од неговите поеми тој открива: „Оставете да има простор во вашето заедништво и нека ветровите на небесата танцуваат меѓу вас. Сакајте се еден со друг но не правете врска од љубовта „оставете ја да биде море кое се движи помеѓу бреговите на вашите души“.

Многу од делата на Џибран се занимаваат со христијанството, особено на тема духовна љубов. Но неговиот мистицизам е конвергенција на неколку различни влијанија: христијанството, исламот, суфизмот, јудизмот и теозофијата. Тој напишал: „Ти си мојот брат и јас те сакам. Те сакам кога се поклонуваш во твојата џамија, и кога коленичиш во твојата црква и кога се молиш во твојот еврејски храм. Јас и ти сме синови на една вера – Духот.“

Прием и влијание[уреди]

Најпознатото дело на Џибран е „Пророкот“, книга составена од дваесет и шест поетски есеи. Нејзината популарност значително се зголемува во текот на 1960-тите години со Американската кантеркултура, а потоа со расцутот на Њу Ејџ (англ. New Agе) движењето. Останала популарна кај пошироката популација до денешен ден. Од првото печатење во 1923та година, „Пророкот“ не престанал да излегува од печат. Преведена е на повеќе од четириесет јазици. Таа била една од најпродаваните книги на дваесетиот век во САД.

Воведниот дел на „Пророкот“ става особен акцент на "бесмртните четиристишија“ (IV век, Q30-Q31) во голема мера дискредитирани дела од францускиот „јасновидец“. Интересно, името на Џибран е Џибран Калил Џибран што може да се поврзе со „бројот на ѕверот“ 666 од Книгата на откровението (која од библиските научници се смета како двосмислена работа ) и Џибран лесно може да ја опише дека се однесува на него. Овие настани најверојатно го инспирирале Џибран да ја напише книгата „Пророкот“.

Еден од неговите најпознати редови е од „песок и пена“ (1926та година) која гласи: „Половина од она што јас го велам е бесмислено, но го велам со цел другата половина да допре до тебе“. Оваа реченица била искористена од Џон Ленон и била ставена во изменета форма во песната „Јулија“ од Битлси во албумот на Битлси од 1968ма година „Битлси“ (исто така познат и како „Белиот албум(англ. The white album)“). Џони Кеш ја снимал Џибрановата аудио книга „Oкото на пророкот“ (англ. "The Eye of the Prophet") и може да се слушне како Кеш зборува за Џибрановата работа во песната "Прегледот на книгата".

Визуелна уметност[уреди]

Неговите повеќе од седумстотини слики вклучуваат портрети од неговите пријатели Вилијам Батлер Јејтс, Карл Јунг и Огист Роден. Еден од цртежите на Џибран беше предмет на епизодата од телевизиската серија „Историски детективи“ од јуни 2012та година. Религиозни погледи Џибран е роден во Маронитска христијанска фамилија и е израснат во Маронитските училишта. Тој бил под влијание не само од сопствената религија туку и од Исламот, а особено од страна на мистиката на суфистите. Неговото познавање од крвавата историја на Либан со неговата деструктивна фракциска борба, ја засилиле неговата верба во основното единство на религиите, која неговите родители ја давале за пример со доаѓање на луѓе од различни религии во нивниот дом.

Џибран имал голем број на силни врски to the Bahá'í Faith. Една од познаничките на Џибран, Јулија Томпсон објавиla неколку анегдоти во врска со Џибран. Таа се присетува дека Џибран се сретнал со 'Abdu'l-Bahá, лидерот на религијата во времето на неговата посета во САД околу 1991 – 1912та година. Џибран не можел да спие ноќта пред состанокот за да го нацрта неговиот портрет. Томпсон објавил дека Џибран кажал дека додека пишувал за Исус,Синот Човечки, тој мислел на Abdu'l-Bahá години подоцна, по неговата смрт, по гледање филм од Abdu'l-Bahá , Џибран почнал да зборува и го напуштил местото со плачење. Познат научник за Џибран е Сухеил Бушруи од родниот крај на Џибран Либам, и исто така и Bahá'í, кој објавил повеќе од еден том за него и служи во Седиштето за мир и вредности Калил Џибран на универзитетот во Мариленд и добитник е на наградата „Јулија Хостер“ од Храмот на разбирање.

Мисли за политиката[уреди]

Џибран во никој случај не бил политичар. Тој велел: „Јас не сум политичар, ниту пак сакам да постанам“ и „ "Поштедете ме од политичките настани и борби за моќ, бидејќи целата земја е мојот дом и сите луѓе се мои сограѓани.“

Сепак, Џибран повикал на усвојување на арапскиот јазик како национален јазик на Сирија, од географска гледна точка а не како политички ентитет. Кога Џибран се сретнал со 'Abdu'l-Bahá во 1911-1912 година, кој патувал во САД за да промовира мир, Џибран се восхитувал на учењата за мир, но тврди дека: „младите нации како неговата“ треба да се ослободат од Османлиската контрола. Џибран исто така за време на тие години ја напишал познатата поема „ Жали ја нацијата“ објавена по неговата смрт во „Градината на пророкот“.

Кога Османлиите биле протерани од Сирија за време на Првата светска војна, Џибрановата радост била манифестирана во скица наречена „Слободна Сирија“ , која се појавила на насловната страница на al-Sa'ih's специјалната „победа“. Исто така, во една незавршена драма која била зачувана помеѓу неговите книги, Џибран ја искажал големата надеж за национална независнот и прогрес. Оваа драма според Калил Хави, " ги дефинира верувањата на Џибран за сирискиот национализам со голема јасност, разликувајќи ги либанскиот и арапскиот национализам и покажувајќи дека национализмот живее во неговиот ум, дури и во неговата доцнежна фаза Б, рамо до рамо со интернационализмот“

Дела[уреди]

На арапски:

• Nubthah fi Fan Al-Musiqa (Music, 1905)

• Ara'is al-Muruj (Nymphs of the Valley, also translated as Spirit Brides and Brides of the Prairie, 1906)

• Al-Arwah al-Mutamarrida (Rebellious Spirits, 1908)

• Al-Ajniha al-Mutakassira (Broken Wings, 1912)

• Dam'a wa Ibtisama (A Tear and A Smile, 1914)

• Al-Mawakib (The Processions, 1919)

• Al-'Awāsif (The Tempests, 1920)

• Al-Bada'i' waal-Tara'if (The New and the Marvellous, 1923)

На англиски пред неговата смрт:

• Лудak (1918)

• Дваесет цртежи (1919)

• Предвесник (1920)

• Пророкот (1923)

• Песок и пена (1926)

• Кралство на имагинациите (1927)

• Исус, Синот човечки (1928)

• Боговите на земјата (1931)

Збирки:

• Прозни поеми (1934)

• Тајните на срцето (1947)

• Богатството на Калил Џибран (1951)

• Автопортрет 1959)

• Мисли и медитации (1960)

• Второто богатство на Калил (1962)

• Духовни поговорки (1962)

• Гласот на учителот (1963)

• Огледала на душата (1965)

• Помеѓу ноќта и утрото (1972)

• Третото богатство на Калил Џибран (1975)

• Бурата (1994)

• Саканата (1994)

• Визија (1994)

• Окото на пророкот (1995)

• Богатите дела на Калил Џибран (1995)

Други:

• Саканиот пророк, Љубовните писма на Калил Џибран и Мери Хаскел и нејзиниот приватен весник

• Либански министер за пошта и телекомуникации објави печат во негова чест во 1971ва година.

• Музејот на Џибран во Башари, Либан

• Градината на Џибран Калил Џибран, Бејрут, Либан

• Збирката на Џибран Калил Џибран во музејот Сомаја, Мексико.

Меморијални споменици и награди:

• Улицата на Калил Џибран, Виле Сент-Лаурент, Квебек, Канада, инаугурирана на 7ми септември 2008ма година по повод 125годишнината од неговото раѓањe

• Џибран Калил Џибран пистата за скијање, Либан

• Спомен греадината Калил Џибран во Вашингтон направена во 1990та година

• Елмаз Абиандер, Децата на Ал-Мажар: Арапско-американската книжевност спојува еден век

• Спомен плочата на Џибран во Копли Сквер, Бостон, Масачусетс

• Меќународната академија Калил Џибран, средно училиште во Бруклин, Њу Јорк, отворено во септември 2007ма година

• Бистата на Калил Џибран, Јереван, Ерменија 2007ма година

• Училиштето Калил Џибран Рабат, мароканско и британско училиште во Рабат, Мароко

• Павиљон К. Џибран, училиште Пастер во Монтреал, Квебек, Канада

• Парк Калил Џибран во Букурешт, Романија

• Џибран Калил Џибран склуптура на мермерно подножје во Арапската спомен куќа во Куритиба, Парана, Бразил

• Џибран Калил Џибран споменик, пред Место на нациите, Буенос Аирес

• Џибран Калил Џибран Културен простор во Каркас, Венецуела