Калиакра

Координати: 43°22′N 28°28′E / 43.367° СГШ; 28.467° ИГД / 43.367; 28.467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Калиакра
Карта
Општи податоци
ГрадДобруџа
ЗемјаБугарија

43°22′N 28°28′E / 43.367° СГШ; 28.467° ИГД / 43.367; 28.467

Калиакра е тврдина која се наоѓа на истоимениот 'рт во Добруџа, Бугарија, на бреговите на Црно Море. Најраните извори околу тврдината датираат од 4 век п.н.е., кога регионот бил населен со тракиски племиња. Во тоа време, таа се нарекувала Тиризис. Според Страбон, на оваа место се наоѓала престолнината Лизимах, еден од наследниците на Александар Македонски. Во тврдината имало скриено големи богатства кои биле донесени по освојувањето на Персија. Во времето на елинизмот и на римската епоха, тврдината била проширена.

На ова место се одвила битката помеѓу Османлиското Царство и Руската Империја во 1791 година.

Денеска, оваа месност претставува една од најголемите туристички атракции во Бугарија.