Калаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Калашите се мала (околу 3 000–6 000 луѓе) е изолирана етничка група која живее во денешената северо-западна погранична провинција на Пакистан во регионот Хинду Kуш. Калашите ја населуваат Долината Калаш поделена на три помали долини Рукму, Мумурет и Бири (Калашите ги именуваат и како Румбор, Бумборет и Бирир) по течението на реките Алингар, Печ, Ланда Син и Кунар, групирани во повеќе села Дрош, Свер, Калкатак, Беор, Ашурат, Јинират.

Потеклото на Калшите е енигма изгубена помеѓу легендите и историјата. Она што ја прави оваа етничка група уникатна, единствена и несвојствена за целиот овој поширок регион е пред се физичкиот изглед на Калашите (посветлиот тен на кожата, светлите, плави очи и светлата плава коса), старите пагански верувања, ритуали и богови, јазикот наречен Khalasha (форма на индо-европски јазик, различен од оние кои се говорат во околината), богатата култура и традиција, еповите, љубовните песни и идиомите кои демонстрираат во голема мера автентична мудрост и човечко искуство.

Но најинтересно од се е нивното тврдење дека се директни потомци од војската на Александар Македонски (тие го викаат Александар Маќедон, Маќедониа) кој во својот освојувачки поход кон Индија, 327 п.н.е., поминал и на оваа теритротија (според Плутарх и Аријан, Македонската војска стиганла до „Ниса“, денешен Кафиристан — територијата на Калшите) и на стратешките места основал населби и војнички стражарници (пунктови). Според старата легендата која се раскажувала меѓу Калашите со генерации наназад, Александар Македонски оставил дел од своите трупи во појасот на денешната долина Калаш со аманет да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од походот кон исток (битките во Индија) притоа да не ја менуваат својата култура, традиција и верувања. Калашите според многу денешни етнолози и историчари токму тоа и го сториле. Повеќе од 22 века, се до денес го зачувале својот стар архаичен начин на живот.