Кала
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Calla palustris - Украсна кала | ||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Научна класификација | ||||||||||||||
|
||||||||||||||
| Биномна номенклатура | ||||||||||||||
| Calla palustris Л. |
Кала (Украсна кала, Мочуришна кала) е род на цветни растенија во фамилијата Araceae кој содржи само еден вид - Calla palustris. Тоа природно расте во ладните умерени региони во северната хемисфера, во централните, источните и северните делови од Европа (Франција и Норвешка, и на исток од нив), северна Азија и северните делови од Северна Америка (Аљаска, Канада, североисточните делови од САД).
Калата е ризоматично тревесто повеќегодишно растение кое расте по блата и бари. Листовите се кружни до срцевидни, 6-12 cm долги и се наоѓаат на лисна дршка широка 4-12 cm. Зеленкасто-жолтото соцветие се издигнува на спадикс долг околу 4-6 cm, затворен со бела спата. Плодот е грозд составен од црвени бобинки, од кои секоја содржи по неколку семиња.
Растението е многу отровно кога е во свежа состојба како резултат на присуството на оксална киселина, но ризомот, како тој на каладиумот, колоказијата и арумот, е јадлив по негово соодветно сушење, лупење и варење.
Овој род порано вклучувал и неколку други видови, кои сега се префрлени во одделниот род Zantedeschia. Овие растенија се од тропска Африка и сѐ уште се именуваат како "кала лилјани", но тие не треба да се помешаат со C. palustris.
[уреди] Наводи
- Бланхан, Нелтје (2002). Диви цвеќиња: Помош во запознавањето на нашите диви цвеќиња и нивните инсектски опрашувачи. Project Gutenberg Literary Archive Foundation.