Каину

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Каину (фин. Kainuu , шве. Kajanaland) е округ во источниот дел на Република Финска. Зафаќа површина од 24.451 квадратни километри и тука живеат 81.232 жители. Главен град е Кајани кој има 31.000 жители.

Географија[уреди]

Според рељефот, округот припаѓа на историската област Остроботнија, заземајќи го нејзиниот источен дел. Тука преовладуваат ридско - планински предели со височина од 110-380 метри. Климата во Каину е супполарна со ниски температури. И покрај тоа што е сместен внатре во копното, овој округ има многу леднички езера. Најголема река е Оулујоки.

Население[уреди]

Според податоци од 2012 година, во Каину живеат на 81.000 жители. Од 2000 година па наваму населението во округот опаднало за 10%. Густината на населението изнесува 4 жители/км2 што е за 4 пати пониско од просекот на државно ниво. Етничкиот состав го сочинуваат во најголем број Финци, меѓутоа има и мал број доселеници Руси од блиските прекугранични места во Русија.

Административна поделба[уреди]

Округот Каину се состои од 9 општини и тоа: