Казимир Малевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Казимир Северинович Малевич (Киев, 11 февруари 1878Санкт Петербург, 15 мај 1935), руски сликар, графичар, педагог, теоретичар на уметноста, философ. Основоположник на супрематизмот, уметност на геометриската апстракција.

Роден е во семејство со полско потекло, како најстар од деветте деца. Од 1889 до 1894 година семејството често се преселувало. Казимир малевич завршил агрономска школа во селото Пархомовка во близина на Белополје.Од 1895 до 1896 година учел сликање во Киевската уметничка школа во класата на Н. И. Мурашко. Од 1896 година, по преселувањето во Курск, работел како цртач во одделението за техничко управување со железницата.

Есента 1905 година се сели во Москва каде ја посетувал Московската школа за сликање, вајање и уметност, како и Строгановската школа. Живеел и работел во домот на сликарот В. В. Курдјумов во Лефортово. Исто така ги посетувал и приватните часови за ликовна уметност во студиото на Ф. И. Рерберг.

По запознавањето со основните техники на ликовната уметност, Малевич започнува да учествува на голем број групни изложби. По овој период започнува долгата работа на самостојни изложби.

Животот на Малевич е сосема едноставен. Тој не барал многу од него и не очекувал многу. По долги години творечка работа, Казимир Малевич се впушта во философска концепција на сликарството, при што кај него се буди идејата за геометриско апстрактно сликарство, кое потоа се претвора во цел правец наречен супрематизам.

Во мај 1935 година во Ленинград умира познатиот уметник Казимир Малевич. Тој долго и мачно заминуваше од животот.

Пепелта на Казимир Малевич согласно неговата желба била погребана на крајот од полето покрај слецето Немчиновка. За време на војната дрвениот споменик бил уништен. Во 60-тите години името на уметникот било напишано на надгробниот споменик на неговата сопруга, погребана на соседните гробишта.

Во 1988 година на местото на кое се претпоставува дека бил погребан Малевич е поставено спомен обележје.

Надворешни врски[уреди]