Казе тачину

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Ветрот се засилува“
Режирано од Хајао Мијазаки
Продуцент Тошио Сузуки
Сценарист Хајао Мијазаки
Студио Студио Џибли
Држава Јапонија
Јазик Јапонски

Казе Тачину (風立ちぬ Kaze tachinu?, Ветрот се засилува) е претстоечки јапонски анимиран филм напишан и режиран од Хајао Мијазаки[1]. Филмот е базиран на истоимената манга, која е базирана на новела од Тацуо Хори.

Содржина

Продукција [уреди]

Казе Тачину е режиран оф Хајао Мијазаки, кој е познат по филмовите Мојот сосед Тоторо, Авантурите на малечката Чихиро, Принцезата Мононоке и Подвижниот замок на Хоул.[2] Ова е првиот филм кој Мијазаки ќе го режира после пет години; негово последно дело е Поњо од 2008 година.[3] Казе Тачину е базиран на манга од Хајао Мијазаки која е издавана во месечното списание Model Graphix во 2009 година.[2] Приказната во мангата е неколку базирана на новелата на Тацуо Хори „Казе Тачину“ напишана во 1936-1937.[4]

Јуми Мацутоја ја напиша и изведе насловната песна Хикоки-гумо (ひこうき雲 авионска трага?).

Казе Тачину и Кагуја-химе но Моногататари беа официјално најавени од Студио Џибли и Тохо на 13ти декември, 2012.[3]

Издавање [уреди]

Казе тачину треба да биде издаден истовремено со Кагуја-химе но Моногатари, друг филм на Студио Џибли режиран од Исао Такахата, летото на 2013 во Јапонија. [3] Ова е првиот пат делата на двајцата режисери да бидат издадени истовремено после издавањето на филмовите Мојот сосед Тоторо и Гробот на Светулките во 1988 година. [3]

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]