Кадрифаковски масакр

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кадрифаковскиот масакр е колеж извршен од страна на ВМРО врз колонизираното српско население во светиниколското село Кадрифаково на 16 јануари 1923 година.[1]

Настанот се случил кога четата предводена од војводата Иван Јанев-Брло го нападнала Светиниколското село Кадрифаково на 16 јануари 1923 година и убила 23 селани и членови на нивните семејства[2]. Настанот означувал незадоволство од страна на Македонците за тешката состојба која се наоѓале под српска окупација и насилното колонизирање на други неавтохтони народи на македонските земји. По нападот српските колонисти го напуштаат селото. Потоа следи контра масакр на српските власти, при која се стрелани 29 души селани од селото Гарван.

После контрамасакрот од 59-те српски колонизаторски семејства се враќаат само 19.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. АИНИ, Фонд Централно пресбиро, к. XXXVII/13, бр. 1
  2. Тодор Александров, Сè за Македонија. Документи 1919–1924. Предговор и редакција проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2005.
  3. Бояджиев, Стоян. „Македония под сръбско иго, 1913-1941“

Поврзано[уреди | уреди извор]