Источна часовна зона
Источната временска зона (англиски: Eastern Time Zone или ET) на западната хемисфера го покрива источниот брег на Северна Америка и западниот брег на Јужна Америка. Времето е пет часа назад од UTC во стандардното време (UTC-5) и четири часа во летното време (UTC-4). Времето за оваа зона се добива од средното сончево време од меридијанот 75° западно од Гриничката опсерваторија.
Во САД и Канада, оваа временска зона обично се нарекува Источно време (Eastern Time, ET). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е Источно стандардно време (Eastern Standard Time, EST), а преку лето е Источно летно време (Eastern Daylight Time, EDT).
Оваа зона е два часа пред планинската временска зона и еден час зад централната временска зона.
Содржина |
[уреди] Северна Америка
[уреди] Канада
Во Канада, следниве провинции и територии се делумно под источната временска зона:
- Онтарио (без областите западно од Тандер Беј, но со Атикокан)
- Квебек (без западниот брег Кот-Нор и Маделенските острови)
- Источно-централен Нунавут (вклучувајќи и дел од полуостровот Мелвил и поголемиот дел од островите Елсмир и Бафин)
[уреди] САД
Во САД, следниве држави се целосно под источната временска зона:
[уреди] Други земји
Други земји што се под источната временска зона се:
- Панама
- Јамајка
- Хаити
- Куба
- Бахамите
- Мексико: источната држава Квинтана Ро извесно време во 1990-тите била под EST
[уреди] Јужна Америка
Во Јужна Америка оваа временска зона е застапена во: