Историја на модерна Монголија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Историја на Монголија
Mongol dominions1.jpg
Пред Џингис Кан
Монголска Империја
Ханати
- Чагатај Ханат
- Златна Орда
- Илханат
- Јуан Династија
Тимурид Империја
Мугал Империја
Кримски Ханат
Сибирски Ханат
Ѕунгари
Кинг Династија (Монголија за време на Кинг)
Република Кина
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија)
Модерна Монголија
Менгџијанг (Внатрешна Монголија)
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија)
Бурјатска Монголија
Калмичка Монголија
Хазара Монголци
Ајмачки Монголци
Хронологија
edit box



Со распадот на комунистичкиот режим во Монголија, првите повеќепартиски избори се одржале на 29 јули 1990 година, Монголската Народна Револуционерна Партија победила на изборите со освојување на 85% од пратеничките места. Државниот Голем Хурал за прв пат се состанал на 3 септември и избрал претседател. Исто така се избрале и 50 членови во Бага Хурал или долен дом. Заменикот претседател на партијата бил претседател на Бага Хурал. Во Државниот Голем Хурал започнал со дискусија за усвојување на нов устав и новиот устав стапил насила на 12 февруари. Покрај ова, се усвоиле и бројни закони за гарантирање на човекови права.

Во 1992 година МНРП повторно победил на парламентарните избори, Новиот устав исто така овозможил гласање на претседател преку избори. Така, првиот демократски избран претседател бил Пунсалмагин Очирбат.

Раните и средни деведесетти години биле пропратени и со силни економски шокови. Надворешната трговија пропаднала, техничката и економската помош од Русија престанала а додека домашната економија се борела со приватизација. Исто така, инфлацијата се зголемила.

Во 1996 година, МНРП ги изгубила изборите и опозициската партија ја добила власта во Монголија. Во 1997 година за претседател бил избран Нацагин Багабанди а подоцна во 2001 бил повторно избран.

Денес, Монголија е држава што воглавно се заснова на трговија со соседните земји и има воспоставено поголем број дипломатски односи со земји од светот. Македонија и Монголија имаат дипломатски односи и тие односи се одвиваат преку македонската амбасада во Пекинг.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици