Историја на еротската фотографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карактеристично за фотографиите од 19 век е тоа што тие го прикажувале идеалното тело на тоа време со потстрижени срамни влакна
Топлиот однос кој Белок Bellocq го имал со неговите позерки се одразува во нивниот навидум недостаток на самосвест.

Еротска фотографија — стил на уметничка фотографија од еротска дури и сексуално провокативна природа. Иако субјектите на еротските фотографии се најчесто целосно или делумно разголени, сепак тоа не е обавезно. Еротската фотографија датира од 1835та и сè до 1960-тите често е нарекувана старомодна фотографија. Еротската фотографија треба да се разграничи со порнографската фотографија, која е од сексуално-експлицитна природа.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Приказите на голотија пред 1835та главно беа уметнички слики или црежи. Таа година, Луис Дагуер (Louis Daguerre) го измисли првиот практичен процес на фотографирање. За разлика од претходните фотографии, дагуер-типот (daguerreotype) имаше одличен квалитет и не избледуваше со текот на времето. Новата технологија не остана незабележана од копнежот на уметниците за откривање на нови начини за прикажување на непокриената женска форма. Во делото „Гола фотографија“, 18401920, Питер Маршал истакнува: „Во моменталната морална клима во време на откривање на фотографијата, единствената официјално одобрена фотографија на тело беше за потребите на уметничките студии. Многу од зачуваните примероци од дагуер-типот очигледно не припаѓаат на оваа тематика но имаат сензуалност што навестува дека тие биле создадени како еротски или порнографски фотографии.“ Сепак, дагуер-типот на фотографии не беше без недостатоци. Главната потешкотија беше што тие може да се репродуцираат единствено со фотографирање на оригиналната слика. Притоа, првичните дагуер-типови имаа опсег на изложување од три до петнаесет минути, правејќи ги прилично непрактични за портрети. Бидејќи една фотографија достигнуваше цена и до еднонеделна плата, аудиториумот за голотија најмногу го сочинуваа уметници и припадници на повисоките класи во општеството. Голата стереоскопија (позната уште како 3D) започна во 1838та и стана екстремно популарна.

Француското влијание[уреди | уреди извор]

Првобитната појава на разгледниците (и ентузијазмот со кој новиот медиум беше прифатен) покрена некои правни проблематики кои можат да се протолкуваат како претходници за интернет расправи подоцна. Разгледниците дозволуваа и поттикнуваа многу лица да испраќаат слики преку националните граници, и легалната достапност на сликите во една земја не гарантираше дека разгледницата ќе биде сметана за ’пристојна‘ во дестинационата земја, или дали ќе бидат спроведени во земјите- посреднички. Некои земји одбиваа да пренесуваат разгледници кои содрзат сексуални мотиви (во предната страна) или слики на целосна или делумна голотија (на пример, слики на класични статуи или уметнички слики). Наместо тоа, сликите со голотија беа рекламирани во месечниот магазин наречен "La Beaute" наменети за уметници кои бараат пози. Секое издание содржеше 75 голи слики кои можеа да се порачаат по е-пошта, во форма на разгледници, рачно обоени или тонирани. Улични продавачи, тобако продавници и разноличност од други продавачи ги купуваа фотографиите за да ги распродаваат на Американските туристи.

Почетокот на 20 век[уреди | уреди извор]

Во првите не колку години од 1900-тите, дизајнот на камерите доживеа неколку важни подобрувања, вклучувајќи го и новиот изум од 35 mm или `искрената` камера во 1913 година на Оскар Барнак (Oskar Barnack) од Ернест Лајц (Ernst Leitz) компанијата. Ur-Leica беше компактна камера која се засноваше на идејата да го намали форматот на негативите и да ги зголеми подоцна, откако ќе бидат развиени . Оваа мала, рачна направа го олесни создавањето на голи фотографии во изолираните паркови и полујавни места, и претставуваше голема предност за аматерската еротика. Уметниците беа вљубени во новата можност да сликаат импровизирани фотографии без да ја носат наоколу нивната гломазна апаратура. Уметникот од почетокот на 20 век, Е.Ј.Белок (E. J. Bellocq) , кој кој ги направи своите најпознати слики со помош на постар стил на негативи со стаклена облога, е најпознат по неговите реални слики на проститутки во нивната добро познат работна околина во Сторивил (Storyville) областа на црвена светлина во Њу Орлеанс (New Orleans). Наспроти вообичаените слики на жени во непријатни пози помеѓу тешки завеси, превези, цвеќиња, овошје, класични рубрики и ориентални греалки, моделите на Белок изгледаа релаксирано и удобно. Давид Стејнберг смета дека најверојатно проститутките се чувствувале слободно пред Белок бидејќи тој бил бездомник. Џулијан Мандел (Julian Mandel) стана познат во 1920-тите и 1930-тите години со неговата извондредна фотографија на женската силуета. Учествувајќи во `современото надворешно германско движење`, Мендел направи многубројни слики во природно опкружување, објавувајќи ги преку париските атељеа на А.Нојер и ПЦ Париз. Во негова чест беше именувана стипендијата на Џон Хопкинс Универзитетот (Johns Hopkins University). Друг значаен фотограф на голи фотографии од првите две декади на 20 век е Арандел Холмс Николс (Arundel Holmes Nicholls). Неговата работа, содржена во архивите на Институтот Кинси (Kinsey Institute), е уметнички создадена, честопати давајќи влевајќи сјај на неговите слики. Следејќи ги стапките на Мендел, Николс ги фаворизираше сликите на отворено.

Многу од фотографиите од ова време се уништени; на пример Белок често ги гребел лицата од сликите на неговите модели за да го сокрие нивниот идентитет. Некои пак други негови модели биле фотографирани носејќи маски. Питер Маршал пишува: „Дури и во релативно боемска атмосфера во Кармел, Калифорнија во 1920-тите и 30-тите, Едвард Вестон (Edward Weston) морал да фотографира многу од неговите модели без да им се покажуваат лицата, и околу 75 години подоцна, многу општества се поконзервативни за такви работи одошто Кармел беше тогаш.“ Значајни фотографи од средината на овој век се Валтер Бирд, Џон Еверард (John Everard), Хорас Рој (Horace Roye, Харисон Маркс (Harrison Marks) и Золтан Глас (Zoltán Glass). Фотографијата „Утрешното Распнување“ на Рој, на која е прикажан модел со гас-маска распнат на крст предизвика многу контроверзии откако беше објавена во Англискиот Прес во 1938та година. Денес сликата се смета за една од најзначајните пред воени слики од 20 век. И покрај поклопувањата во временските периоди, терминот еротска фотографија почна се помалку да се користи за ваков тип на фотографија по 1960-тите години. Подоцна, се почесто почна да се употребува терминот гламурозна фотографија.

Поврзано[уреди | уреди извор]