Историја на ацтечкиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ацтечки рушевини во Ново Мексико, САД. Најприфатена теорија е дела Ацтеците потекнуваат од југозападните предели на САД.

Историјата на наватлскиот јазик, познат како ацтечки, ги опфаќа историските периоди и историскиот развој на овој американски јазик.

Потекло на ацтечкиот јазик[уреди | уреди извор]

Во врска со географското потекло на јазикот, јазичарите за време на 20 век се согласиле дека јутоацтечките јазици потекнуваат од југозападните предели на САД.[1] Археолошките и етноисториските податоци ја потврдуваат оваа теорија, особено фактот дека раните говорници на наватлските јазици мигрирале од северните предели на Мексиканската Пустина во централно Мексико во неколку миграциски бранови. Сепак во скоро време, ова традиционално увидување било оспорено од Џејн Хил, која предложила дека јутоацтечките јазици потекнуваат од централно Мексико и се рашириле северно во раните периоди на развитокот на јазиците.[2] Оваа теза подлегнала на сериозни критики.[3][4]

Миграцијата на говорниците на праацетчкиот јазик во мезоамериканскиот регион се смета дека се одвила меѓу 500 година па сè до раниот класичен период на мезоамериканската хронологија.[5][6] Пред пристигнувањето во мексиканските висорамнини, ацтечките говорници стапиле одреден период во контакт со корачолските, корански и уичолските јазици, кои се зборувале во северозападно Мексико.[7]

Пристигнување во Мезоамерика[уреди | уреди извор]

Поглед кон Теотиуакан. Градот бил политички и културен центар на Мезоамерика сè до подемот на Теночтитлан.
Теночтитлан е денес градот Мексико. Остатоци од античкиот град можат да се видат во срцето на современиот главен град на Мексиканската Федерација.

Главниот политички и културен центар на Мезоамерика во реаниот класичен период бил градот Теотиуакан. Идентитетот на јазикот или јазиците кои се зборувале во овој град бол предмет на големи дебати, а меѓу тезите е дека наватлскиот се зборувал во овој град.[8] Додека во XIX и XX век се сметало дека градот Теотиуакан бил основан од Ацтеците, сепак подоцна според археолошките и јазичните истражувања тежнееле да го оспорат ова гледиште. Така, се сметало дека навлегувањето на Ацтеците во градот се совпаѓа со падот одошто подемот на градот.[9] Во скоро време, доказите од мајанската епиграфија од можно наватлско потекло била толкувана како покажување дека други мезоамерикански јазици можеби позајмувале зборови од праацтечкиот јазик, многу порано одошто се верувало до скоро време, и со тоа е можна ацтечка присутност во Теотиуакан.[10][11][12][13][14]

Во Мезоамерика, мајанските, ото-мангвејските и мише-зокејските јазици постоеле заедно илјадници години. Така, поради долгогодишната присутност на јазиците во регионот настанал Мезоамериканското јазично подрачје (слично како Балканското јазично подрачје). По доселувањето на Ацтеците во регионот и нивниот јазик присвоил некои јазични особини на Мезоамериканското јазично подрачје.[15] Такви особини се релационалните именки, појавата на калкови (позајмени преводи) и формите за присвојност кои се типични за мезоамериканските јазици.

Еден јазик од праацтечкиот се одделил и така настанал почутечкиот јазик, најверојатно во 400 година и пристигнал во Мезоамерика неколку векови пред пристигнувањето на главните наватлски јазици. Некои наватлски групи мигрирале јужно и пристигнале најверојатно до денешната територија на Никарагва. Денешниот пипилски јазик е единствениот жив јазик од овие јужнонаватлски дијалекти/ јазици.[16]

Со почетокот на 7 век, Ацтеците се стекнале со голема моќ во централно Мексико. За Толтеците од Тула, кои биле активни во централно Мексико во 10 век, се верува дека биле наватлски говорници. До 11 век, Ацтеците биле доминантни во Мексиканската Долина, па и пошироко, и населувале населени места како што се Азкапоцалко, Кулуакан и Чолула. Наватлските миграции од север кон југ продолжиле сè до посткласичниот период на мезоамериканската хронологија. Еден од последните миграциски бранови било населувањето на Ацтеци на островот во езетото Тешкоко и околината. Оваа група била именувана како Мешика и со текот на времето го форирале познатиот Теночтитлан и неговата империја, позната како Ацтечка Империја. Нивното политичко и јазично влијание се проширило до Средна Америка и наватлскиот станал „лингва франка“ меѓу трговците и елитата во Мезоамерика.[17] Како што Теночтитлан растел и станал најголем урбан центар во Средна Америка, во градот се доселувале наватлски говорници од различни региони. Така во Теночтитлан се родила урбаната форма на наватлскиот јазик, кој имал особини на голем број наватлски дијалекти. Оваа урбанизирана форма на наватлскиот јазик се нарекува класичен наватлски јазик, и тој бил документиран за време на колонијалниот период.[18]

Шпанска инвазија[уреди | уреди извор]

Ацтечката Империја за време на шпанската колонизација во 1519 година.
Дел од Флорентиновиот кодекс. На сликата е прикажан ацтечкиот календар.

Со доаѓањето на Шпанците и шпанското освојување на Мексико во 1519 година, наватлскиот јазик не бил повеќе доминантен регионален јазик. Сепал, поради шпанското сојузништво со наватлските говорници од Тлшкала и со Ацтеците, наватлскиот јазик продолжил да се проширува низ Мезоамерика во декадите по падот на Ацтечката Империја. Во меѓувреме, шпанските освојувачи, заедно со наватлски војници, продолжиле со своите експедиции кон југ и север сè со цел да се освојат нови територии во име на шпанската круна. Језиутските мисии во северно Мексико и јигозападните САД, често вклучувале наватлски војници кои биле користени за заштита.[19] На пример, околу 14 години по основањето на градот Салтилјо, кој бил основан во 1577 година, тлашкалтечка заедница била основана во околното село Сан Естебан де Нуева Тлшкала за да се обработува земјата и за да помогне на колонизаторите.[20] Што се однесува за освојувањето на современата Средна Америка, Педро де Алвардо ја освоил Гватемала со помош на десетици илјади тлашкалтечки сојузници, кои потоа се населиле надвор од современиот град Антигва Гватемала. Слични ситуации се случиле во Ел Салвадор и Хондурас, каде се населиле Ацтеци и новите имиња на градовите биле од наватлско потекло. Така на пример, во Хондурас има населби со имиња како што се Мешикапа, а во Ел Салвадор Мехиканос.

Како дел од нивните мисии, членовите на различни религиски групации ја вовеле латиницата меѓу Ацтеците. Во првите 20 години по шпанската колонизација, текстови биле подготвени на наватлски јазик испишан на латиница.[21] Истовремени училишта биле основани, како што се Колеџот Санта Крус де Тлателолко во 1536 година, во кој се изучувале староседелските и европските јазици од страна на староседелци и свештеници. Мисионерите исто така подготвиле граматики[cn 1] на староседелски јазици кои биле употребувани од свештениците. Првата наватлска граматика била напишана од Андрес де Олмос и била објавена во 1547 година, три години пред првата француска граматика. До 1645 година биле издадени повеќе дела, а како автори се јавиле, меѓу другите, Алонсо де Молина (1571), Антонио дел Ринкон (1595), Диего Галдо Гусман (1642), и Орасио Карочи (1645). Граматиката на Карочи денес се смета за најважна наватлска граматика од колонијалниот период.[22]

Во 1570 година, шпанскиот крал Филип II наредил наватлскиот јазик да стане службен јазик на шпанската колонија Нова Шпанија за да се олесни комуникацијата меѓу Шпанците и староседелците.[23] Како резултат на тоа, шпанските мисионери започнале до предаваат наватлски јазик на староседелците кои живееле дури и во Хондурас или Ел Салвадор. За време на 16 и 17 век, класичниот наватлски јазик бил користен како литературен јазик и голем број текстови денес постојат од тој период. Зачуваните текстови на класичен наватлски јазик се истории, хроники, поезија, драмски дела, религиски дела, етнографски описи и административни документи. Шпанците им дале голема автономија на градските администрации каде имало значително староседелско население, а пак во градовите со мнозинско ацтечко население наватлскиот бил де факто пишан и устен службен јазик. Голема наватлска литература била создадена во овој период, меѓу кои се и Флорентиновиот кодекс, дванаесет томски компендиум на ацтечката култура, колекции наватлски песни, речници и слично.

Граматики и речници на староседелските јазици биле создадавани низ целиот колонијален период, но нивниот квалитет бил најдобар во почетокот на колонијалната ера.[24] Властите увиделе дека изучувањето на сите староседелски јазици било невозможно, па тие се сконцентрирале кон изучување на наватлскиот јазик. За тоа време, јазичната состојба во Мезоамерика останала релативно стабилна, но во 1696 година кралот Чарлс II забранил да се користи кој било друг јазик освен шпанскиот во Шпанската Империја. Во 1770 година, се издала нова наредба со која се повикала елиминација на сите староседелски јазици. Со тоа, класичниот наватлски јазик престанал да биде литературен јазик.[23]

Современ период[уреди | уреди извор]

Наватлскиот јазик е национален јазик во Мексико. На сликата е натпис на наватлски јазик од градот Мексико.

За време на модерниот период од историјата на Мексико, ситуацијата за староседелските јазици во државата станала нестабилна. Така, бројот на говорници на скоро сите староседелски јазици се намалил. Иако, бројот на апсолутни говорници на наватлскиот се зголемил во минатиот век, староседелското население во Мексико било маргинализитано. Во 1895 година, наватлскиот јазик го зборувале 5% од населението, а до 2000 година бројот паднал на 1,49%. Имајќи го предвид процесот на маргинализација заедно со трендот на миграција во урбаните центри и САД, некои јазичари предупредуваат за јазично изумирање на наватлскиот.[25] Денес, наватлскиот е воглавно зборуван во руралните предели на државата. Според Мексиканскиот национален статистички институт, 51% од наватлското население се вработени во земјоделскиот сектор и 6 до 10 не земаат плата или земаат минимално.[26]

Од раниот 20 век па сè до средината на 1980-те, образовните процеси во Мексико се фокусирале на „хиспанизацијата“ на староседелското население, па така во училиштата се учел само шпанскиот и употребата на староседелските јазици била неохрабрена.[27] Како резултат на тоа, нема група Ацтеци кои имаат општа писменост на наватлски;[28] како и нивната писменост за шпанскиот е исто така под националниот просек.[29] Дури и при таква ситуација, јазикот денес се зборува од над милион луѓе, од кои околу 10% се еднојазични. Преживувањето на наватлскиот како целина не е загрозено, но неколку наватлски дијалекти се загрозени, а некои и изумреле.[30]

Во 1990-те се случиле промени во официјалната мексиканска политика спрема староседелските народи и нивните права. Развојот на настаните во доменот на меѓународните права[cn 2], заедно со домашниот притисок[cn 3] довеле до законодавни реформи и создавање на децентрализирани владини агенции како што се Националната комисија за развој за староседелците и Националниот институт за староседелските јазици. Овие агенции имале задача да ги промовираат и заштитат староседелските заедници и јазици.[31] Така со закон староседелските јазици станале национални јазици и им се овозможило на луѓето да ги користат во јавниот и приватниот живот. Исто така, во законот е наведено дека во државата има задолжително двојазично и интеркултурно образование.[32] Во февруари 2008 година, градоначалникот на градот Мексико, Марсело Ебрард, започнал иницијатива со која сите владини вработени лица да научат наватлски. Ебрард изјавил дека тој ќе продолжи со институционализација на наватлскиот и дека важно е за Мексико да ја запомни својата историја и традиции.[33]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Canger 1980:12; Kaufman 2001:1.
  2. Hill 2001
  3. Merrill, Hard et al. 2009
  4. Kaufman & Justeson 2009
  5. Justeson et al. 1985, passim.; Kaufman 2001:3–6,12
  6. Kaufman & Justeson
  7. Kaufman 2001:6,12
  8. Cowgill 1992:240–242; Pasztory 1993
  9. Campbell 1997:161; Justeson et al. 1985; Kaufman 2001:3–6,12
  10. Dakin and Wichmann 2000
  11. Macri 2005
  12. Macri and Looper 2003.
  13. Cowgill 2003:335
  14. Pasztory 1993
  15. Dakin 1994; Kaufman 2001
  16. Fowler 1985:38; Kaufman 2001[се бара страница]
  17. Carmack 1981:142–143
  18. Canger 2011
  19. Jackson 2000:page#
  20. INAFED (Instituto Nacional para el Federalismo y el Desarrollo Municipal) (2005). „Saltillo, Coahuila“. Enciclopedia de los Municipios de México (online version at E-Local. изд.). INAFED, Secretaría de Gobernación. Архивирано од изворникот на 2007-05-20. Посетено на 2008-03-28. (шпански). The Tlaxcaltec community remained legally separate until the 19th century.
  21. Lockhart 1991:12; Lockhart 1992:330–331
  22. Canger 1980:14
  23. 23,0 23,1 Suárez 1983:165
  24. Suárez 1983:5
  25. Rolstad 2002, passim.
  26. INEGI 2005:63–73
  27. Suárez 1983:167
  28. Suárez 1983:168
  29. INEGI 2005:49
  30. Lastra de Suárez 1986; Rolstad 2002 passim
  31. Pellicer et al. 2006:132–137
  32. INALI [Instituto Nacional de Lenguas Indígenas] (n.d.). „Presentación de la Ley General de Derechos Lingüísticos“. Difusión de INALI. INALI, Secretaría de Educación Pública. Архивирано од изворникот на 2008-03-17. Посетено на 2008-03-31.(шпански)
  33. Mica Rosenberg – Reuters (2008-02-22). Напишано во Mexico City. „Mexico City mayor wants to revive Aztec language“ (online edition). The San Diego Union-Tribune. San Diego, CA: Copley Press. Посетено на 2008-03-25.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Колонијалните шпански граматики за староседелските јазици често се нарекувале artes, arte.
  2. Како што е усвојувањето на декларацијата во 1996 година, поточно на Универзалната декларација за јазични права (Pellicer et al. 2006:132).
  3. Како што се социјалните и политички агитации на ЕЗЛН и движењата на староседелците.

Поврзано[уреди | уреди извор]