Историја на Чиле

Од Википедија — слободната енциклопедија

Територијата на денешната држава Чиле е населена уште пред 10.000 години. Ова се должи главно поради своите плодородни долини кои се наоѓаат по бреговите на земјата. Во текот на 16 век, португалецот Фернандо Магелан го открил т.н. Мегеланов проток. Во 1531 година Шпанија завладеала со Империјата на Инките во денешно Перу. Еден од конквистадорите за овој регион бил Диего де Алмагро, но тој не оставил скоро никакви остатоци од тоа време. Шпанското присуство започнало да се чувствива во времето на Педро де Валдивија (15401541). Тој успеал да основа поголем број на градови и села на јужниот дел од крајбрежјето. На 12 февруари 1541 година ја основал денешната престолнина Сантјаго де Чиле. И покрај тоа што Шпанците не откриле злато во регионот, сепак поради својата стратегиска положба земјата станала дел од Вицекралство Перу. Така територијата на Чиле до 1810-тите била под контрола на Шпанија за да во 1818 година добие независнот. Карактеристично за Чиле е тоа што станала една од поразвиените земји во регионот со развиена морска флота и силна армија. Оваа надмоќ и дозволило на земјата да стапи во конфликт со Перу и Боливија во 1879-1883 година, да окупира Лима и да и ги одзеде крајбрежните области на Боливија. Во 1925 година бил изгласен нов устав според кој претседателот станал највлијателен во републиката. Во 1970 година на чело на земјата застанал Салвадор Аљенде, за да по само три години со воен удар на власт дошол генералот Аугусто Пиноче. По неговата смрт во 1990 година бил спроведен референдум по кој бил ставен крај на милитаристичкото управување на земјата.