Историја на Советскиот Сојуз (1953–1964)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дел од темата
„Историја на СССР“

(1917 — 1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927 — 1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953 — 1964)
(1964 — 1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982 — 1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


Портал:СССР


Историјата на Советскиот Сојуз во периодот од 1953 до 1964 година претставува периодот од смртта на Јосиф Сталин во 1953 година до соборувањето на Никита Хрушчов од власт. Овој период е познат како ера на Хрушчов. Во текот на оваа ера продолжила идеолошката американско-советска војна позната како Студена војна за доминација во социо-економските системи.

Десталинизација и ерата на Хрушчов[уреди | уреди извор]

По смртта на Сталин во март 1953 година, тој бил наследен од страна на Никита Хрушчов, како прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и Георгиј Маленков како Премиер на Советскиот Сојуз. Сепак, централна фигура во периодот по смртта на Сталин бил поранешниот шеф на државната безбедност, Лаврентиј Берија. Берија, и покрај неговото досие, како дел од теророт на Сталин, започнал период на релативната либерализација, вклучувајќи го и ослободувањето на некои политички затвореници.

Берија, и покрај неговото досие, како дел од теророт на Сталин, започнал период на релативната либерализација, вклучувајќи го и ослободувањето на некои политички затвореници. Раководството на партијата исто така започнало и критички да настапува пред јавноста велејќи дека диктатурата на Сталин биле оддалечување од оние на Ленин. Берија накратко бил дел од владејачката тројка со Маленков и Вјачеслав Молотов. Меѓутоа, во истата година тој бил уапсен и погубен од страна на неговите политички соперници. Главната причина за погубувањето било наводната шпионажа на Берија во корист на западните земји, извршување саботажа и заговор за враќање на капитализмот. Тајната полиција во текотна овој период била разоружана и реорганизирана во КГБ, со цел нејзините членови целосно ќе бидат под контрола на партијата и никогаш повторно нема да имаат можност да вршат масовен терор. По смртта на Берија, Хрушчов набргу станал клучна фигура во земјата.

Во текот на овој период биле амнестирани голем број на затвореници а бил ставен крај и на принудната работа (населението во Гулаг се намалил од 13 милиони во 1953 на 5.000.000 во 1956-1957). На затворената седница на Дваесеттиот конгрес на КПСС кој се одржал на 25 февруари 1956 година, Хрушчов ги шокирал неговите слушатели кога го осудил диктаторскиот режим на Сталин и неговиот култ на личноста[1]. Тој исто така ги нападнал и оние кои извршиле безброј злосторства кои биле блиски соработници на Сталин. Хрушчов се залагал за конкуренција со западот отколку за деректното непријателство кое владеело претходно. Тој навел дека капитализмот ќе се распадне внатрешно и дека соцјализмот во тие земји ќе триумфира на мирен начин. Но тој исто така изјавил и дека доколку капиталистичките земји имаат желба за војна, Советскиот Сојуз би одговорил на ист начин.

Некои критики на советското општество биле толерирани, а уметниците повеќе не чекале одобрение од властите за иницирање на некаква нивна идеја. Од друга страна пак била вратена агресивната политика кон религијата, каде биле затворени голем број на верски објекти.

Од друга страна, тој враќа агресивни анти-верски кампањи, затворање на многу куќи на обожување.

Такво разлабавување на контролата предизвикало огромно влијание врз другите социјалистички земји од Средна Европа, кои многу биле лути на советското влијание во нивните работи. Во летото 1956 година избувнале немири во Полска од страна на населението, кое довело до интервенција на комунистичките власти во земјата и до крваво задушување на протестите. Во 1959 година, Хрушчов станал првиот советски водач кој бил во посета на САД.

Во ноември 1956 година избувнала Унгарската револуција. Унгарското востание било брутално задушено од страна на советските војници. Најмалку 2.500 луѓе биле убиени, а 13.000 биле повредени од страна на Унгарците. Следната година Хрушчов ја поразил т.н. Анти-партиска група која направила обид да го отстрани од власта. Маленков по настанот бил испратен да раководи со Казахстан, а Молотов бил направен амбасадор во Монголија.

Реформи[уреди | уреди извор]

Веднаш по конгресот, Хрушчов започнал да воведува големи реформи. Сталиновата ориентација кон тешката индустрија ја пренасочил кон производство на добра за широка потрошувачка и станбените објекти. Новите реформи довеле до подобрување на животниот стандард на населението, и ова е периодот во кој советската економија бележи најголема стапка на пораст. Реформи имало и во правниот систем, и покрај тоа што целиот систем бил под контрола на Комунистичката партија, сепак интелектуалците се стекнале со поголема слобода за разлика од претходниот период.

И покрај големите напори на Хрушчов околу економскиот раст, сепак економскиот систем останал зависен од централните планови кои биле направени многу порано. Како развиена индустриска земја, властите на Советскиот Сојуз биле соочени со проблеми поврзани околу поголемиот процент на инвестирање и поголемиот број на работна сила. Ова било многу потешко да се исполни, главно поради пренасочувањето на економската политика од тешка индустрија кон индустрија за широка потрошувачка. Во годините на управувањето на Хрушчов, сепак биле постигнати големи резултати на полето на индустријата. Така, била изградена првата атомска електрана на светот, која во употреба била пуштена во 1954 година во близина на градот Обнинск.

Советската вселенска програма, со која раководел Сергеј Павлович Королов била исклучиво успешна. На 4 октомври 1957 година бил пуштен во вселената првиот вештачки сателит наречен Спутник[2]. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин станал првиот човек кој заминал во вселената со советскиот вселенски брод Восток 1[3]. Заедно со тоа, биле направени првите слики од вселената. Алексиј Леонов станал првиот човек кој претстојувал заштитен со скафандер во космичкиот простор надвор од космичкото летало за време на летот на вселенскиот брод Васход 2. Валентина Терешкова пак била првата жена која летала во вселената со вселенскиот брод Восток 6.

Крај[уреди | уреди извор]

Партиските соперници на Хрушчов го разрешиле на состанокот од Централниот комитет на 14 октомври 1964 година. Разрешувањето наводно било поради неговите чудни манири која партијата ги сметала како голем пораз на меѓународната сцена. Како главна причина била оптужбата дека тој бил одговорен за Кубанската ракетна криза и продлабочувањето на Кинеско-советските проблеми[1]. Негов наследник станал биократот Леонид Брежнев[4].

Остатокот од својот живот Хрушчов го поминал во куќен притвор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Nikita Sergeyevich Khrushchev“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2007-07-22.
  2. Steve Garber (2007-01-19). „Sputnik and The Dawn of the Space Age“. NASA. Посетено на 2007-07-22. History changed on 4 октомври 1957, when the Soviet Union successfully launched Sputnik I. The world's first artificial satellite ...
  3. Neil Perry (2001-04-12). „Yuri Gagarin“. Guardian Unlimited. Посетено на 2007-07-22. April 12 2001 is the fortieth anniversary of Yuri Gagarin's flight into space, the first time a human left the planet
  4. „Leonid Ilyich Brezhnev“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2007-07-22.