Историја на Советскиот Сојуз (1917–1927)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Soviet Union.svg

Дел од серијалот
„Историја на СССР“

(1917–1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927–1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953–1964)
(1964–1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982–1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


Flag of the Soviet Union.svg

Портал:СССР


Историјата на Советска Русија и Советскиот Сојуз претставува период на големи промени не само во руското општество туку и во целиот свет. Иако термините "Советска Русија" и "Советски Сојуз" се синоними во секојдневниот речник, кога зборуваме за темелите на Советскиот Сојуз, Советска Русија се однесува на годините по абдикација на царот на Руската империја односно на Николај II (во 1917), но пред создавањето на Советскиот Сојуз во 1922 година. Во својата рана концепција, Советскиот Сојуз се стремил да постигне хармонија меѓу сите народи кои живееле во земјата. Оригиналната идеологија на државата се засновала врз основа на делата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс. Во својата суштина, Марксовата теорија тврди дека економските и политичките системи требало да поминат преку неизбежна еволуција, со што сегашниот капиталистички систем ќе биде заменет со социјалистички систем.

Незадоволни од страна на релативно мал број на промени направени од страна на царот по Руската револуција од 1905 година, Русија се претворила во место на анархизмот, социјализмот и други радикални политички системи. Доминантната социјалистичката партија, Руска социјалдемократска работничка партија, се засновала на марксистичката идеологија. Започнувајќи од 1903 година, кога во партијата следело серија на поделби, партијата се разделила на две главни групи, болшевици (што значи "мнозинство") кои биле предводени од страна на Владимир Илич Ленин, и меншевици (што значи малцинство) предводена од Јулиј Мартов. До 1912 година, двете групи продолжиле да делуваат во рамките на една партија, но големите разлики меѓу Ленин и Мартов довеле до поделба на партијата за последен пат. Потребата од политичка доминација започнала помеѓу меншевиците и болшевиците. Не само што овие две фракции се бореле едни со други, но исто така имале заеднички непријатели, особено, оние кои се обидувале царот повторно да го донесат на власт. По Февруарската револуција, меншевиците добиле контрола на Русија и воспоставиле привремената влада. Ова траело само неколку месеци до преземањето на власта од страна на болшевиците по Октомвриската револуција (исто така наречена Болшевичка револуција). За да се разликува од другите социјалистички партии, болшевичката партија била преименувана во Руска комунистичка партија.

Во периодот од 1917 до 1923 година, земјата влегла во Првата светска војна, проследена со Руската граѓанска војна односно војната меѓу Бела армија и Црвена армија. По смртта на Ленин во 1924 година, на власт како генерален секретар бил избран Јосиф Сталин.

Руска револуција[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Руска револуција.

Во текот на Првата светска војна, Руската империја доживела глад и економски колапс. Деморализирана, руската армија се здобила повлекување на голем број на војници од линиите на фронтот. Незадоволство со монархијата и својата политика на продолжување на војната се зголемила меѓу рускиот народ. Царот Николај II абдицирал на престолот по Февруарската револуција во 1917 година (или март, во зависност од календарот Види: Советски календар), предизвикувајќи големи безредија во Петроград и другите поголеми руски градови. Руската Привремената влада била основана веднаш по падот на царот од страна на Привремената комисија на Државната Дума во почетокот на март 1917 година и добила условна поддршка на меншевиците. На чело на владата застанал принцот Григориј Лавов. Привремената влада подржувала учество во војната на која одлука болшевиците се спротивставиле. Привремената влада, исто така, ги одложила земјоделските реформи барани од страна на болшевиците. Поради ова, владата на Лавов паднала, а новата влада била создадена од страна на Александар Керенски. Нови немири настанале по поразот од Германија на Русија во војната. По ова, околу 20.000 морнари влегле во престолнината Петроград, барајќи Советите да ја заземат власта.

Февруарска револуција[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Февруарска револуција.

Царот Николај II во летото 1915 година ја презел врховната команда над руските сили во војната, а државните работи ги препуштил на својата сопруга Александра, која била под големо влијание на Распутин. Самиот парламент бил формиран од страна на либералите. Поради несогласувањата, парламентот бил распуштен во 1916 година. По формирањето на новиот парламент, царот не направил реформи кои биле барани од страна на либералите, по кое царот јавно бил осуден за велепредавство.

Февруарската револуција се јавила како последица на неуспесите на руското управување во текот на Првата светска војна, како и незадоволството од начинот на управување на царот Николај II (недостаток на силно лидерство). Сите политички партии (без Социјалдемократската, вклучувајќи ги болшевиците и меншевиките) го подржале учеството во Првата светска војна на страната на Велика Британија и Франција.

До Првата Светска Воjна, Царска Русиjа била заостаната земjа, во коja постоеле длабоки општествено–економски противречности. Иако имала прилично развиена индустриjа, таа многу заостанувала зад другите капиталистички земjи во Европа.[1] Тешките економски, социjални и политички прилики во Русиjа, биле причина и за големите порази на руската воjска на фронтот. Руската воjска не била подготвена и опремена за подолготраjно воjување.[2] Тоа не му сметало на царскиот режим, поради што продолжил да настоjува за продолжување воjната и покраj големите загуби. Ваквата политика на режимот, покраj поразите на фронтот предизвикале големо незадоволство во редовите на воjската. Се поjавило и општо незадоволство кај широките народни маси, кое се манифестирало преку многуброjни штраjкови и демонстрации против царскиот режим и воjната.[3]

Демонстрациите достигнале кулминациjа во февруари, по стар, односно во март, по нов календар, 1917 година. На 23 февруари, односно 8 март, 1917 година избувнал генерален штраjк на работниците во Петроград, денешен Санкт Петербург. Тоа го искористила Болшевичката Партиjа, на чие чело се наоѓал Владимир Илич Ленин, покренуваjќи ги народните маси да го урнат царизмот. Во наредните денови, ова движење прераснало во вистинско вооружено востание во Петроград. Воjската испратена да го задушува востанието преминала на страната на востанатиот народ, работниците и селаните.[4] На 27 февруари, односно 12 март, 1917 година, Петроград бил завземен од вооружените одреди на востанатиот народ. Царот Николаj II абдицирал. Така, со Февруарската буржоаско – демократска Револуциjа бил соборен царизмот во Русиjа. Власта jа приграбила буржоазиjата и формирала Привремена влада во која што власта им припаднала на демократите предводени од страна на Александар Керенски.[5] Февруарската Револуциjа имала буржоаско–демократски карактер. По неjзиното завршување во Русиjа било воведено двовластие. Покраj Привремената влада, постоеле и деjствувале и Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.

Привремена влада[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Привремена руска влада.

Руската привремена влада била привремена влада на руската република веднаш по абдикација на царот Николај II (15 март, 1917)[6][7]. Владата ја заменила институцијата на Советот на министрите на Руската империја. Главна цел на оваа влада било организацијата на изборите. Владата се состоела од два состави. Во првиот состав, таа била раковоедна од страна на принцот Григориј Лавов, а подоцна од страна на социјалистичката коалиција на Александар Керенски.

Октомвриска револуција[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Октомвриска револуција.

Октомвриската револуција е втората фаза на Руската револуција од 1917. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренле руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки заедно со меншевиците, левите социјалисти и анаристите. Оваа револуција била првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.

Резултатот од револуцијата било воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

Руска граѓанска војна[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Руска граѓанска војна.

Руската граѓанска војна се водела во периодот од 1917 до 1923 година. По успехот во Октомвриската револуција, новата руска болшевичка влада решила да воспостави мир со Германија, како што му ветила на рускиот народ пред револуцијата. Брест-Литовскиот договор бил подпишан на 6 март 1918 година. Мирот бил единствен избор за болшевиците, бидејќи руската армија била во хаос кога Германците напредувале во февруари 1918 година.

Поголемиот дел од војната завршил во 1920 година, но значајни конфликти продолжиле до 1922 година.

Полско-советска војна[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Полско-советска војна.

Полско-советската војна била војна која траела од 28 февруари 1919 година до 18 март 1921 година. Војната се водела помеѓу силите на Руска СФСР и Украинска ССР од една страна и Република Полска и Народна Украина од друга страна. Во војната, Полска која по сто години успеала повторно да си ја врати својата државност по мировниот договор од Версај, сакала да си ги осигури своите граници кои ги изгубила по своето последно разделување. Од друга страна пак, Советите сакале овие територии да останал под нивна контрола, кои биле дел од Руската империја до Првата светска војна.

Околу победникот во војната, денеска полските и руските историчари сѐ уште дебатираат. Полските историчари сметаат дека Полска успеала да во новоформираната република ги зачува своите територии, додека пак Советите тврдат дека спречиле полска инвазија во Украина и Белорусија.

Нова економска политика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нова економска политика.

Новата економска политика претставувал економска политика која била воведена во Русија и Советскиот сојуз во 1921 година од страна на Владимир Ленин[8]. Целта на оваа политика била либерализација на економијата во земјата. Во текот на оваа нова политика било дозволено создавање на приватни фирми, додека државата продолила да ги контролира банките, надворешната трговија и големите индустрии.[9]. Оваа решение било прифатено на Десетиот конгрес на Комунистичката партија на Русија. во практикам декретот барал од земјоделците да дадат на владата одреден износ на суровини и земјоделски производи како данок во натура.[10]. Оваа политика била заменета во 1928 година од страна на Петгодишниот план на Сталин.

Наводи[уреди]

  1. ibid 9
  2. ibid 7-8
  3. Tames, Richard (1972). „Last of the Tsars“. London: Pan Books Ltd. 
  4. ibid 6
  5. ibid 91
  6. Manifest of abdication (руски)
  7. „Announcement of the First Provisional Government, 13 March 1917“. FirstWorldWar.com. 29 декември 2002. http://www.firstworldwar.com/source/firstprovgovt.htm. конс. 12 декември 2007. 
  8. Siegelbaum, Soviet State and Society, 85.
  9. Ellis, Elisabeth Gaynor; Anthony Esler (2007). „Revolution and Civil War in Russia“. „World History; The Modern Era“. Boston: Pearson Prentice Hall. стр. 483. ISBN 0-13-129973-5. 
  10. Service, Robert (1997). „A History of Twentieth-Century Russia“. Cambridge, MA: Harvard University Press. стр. 124–5. ISBN 0-07-440348-7.